Ново задолжување на државата за 250 милиони евра кај Deutsche bank

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.463
Собранието го одобри задолжувањето на државата за 250 милиони евра кај Deutsche bank


Пратениците од власта попладнево го изгласаа законот за задолжување на државата кај Deutsche bank за 250 милиони евра. Во оваа операција на задолжување како гарант се јавува Светската банка, а парите ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит догодина.
Светска банка гарантира износ од 155 милиони евра. Рок на отплата на заемот е 7 години, со грејс период од 5 години. Отплатата ќе се врши на две рати, при што првата рата во износ од 95 милиони евра треба да се плати на денот на достасување после 5 години од денот на повлекување на парите, додека втората рата во износ од 155 милиони евра треба да биде отплатена на денот на целосно доспевање на заемот, односно7 години од денот на повлекување на парите. Каматата е фиксна и ќе се утврди два дена пред денот на повлекување на средствата од заемот, а ќе се пресмета како збир од аритметичката средина од 5-годишниот и 7-годишниот своп (за евро валута) плус маргина во износ од 2,75%. Каматниот трошок ќе се отплаќа полугодишно.

------------------

За мене веќе не е прашање дали ќе го доживееме Грчкото сценарио, туку кога ќе го доживееме.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Оваа власт мора да падне за да ВМРО се врне на власт !
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Собранието го одобри задолжувањето на државата за 250 милиони евра кај Deutsche bank
За мене веќе не е прашање дали ќе го доживееме Грчкото сценарио, туку кога ќе го доживееме.
Според калкулацијата и предвидувањата на т.н. "Eкономски Совет'' од овие пуч што знаат да праат, предвидувањата беа за 6 месеци ќе сме биле ко циганиве доле???

Ок еве го Јуни........Одбројуваме !!! А ако нема грчко сценарио, што правиме ???
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.463
Ок еве го Јуни........Одбројуваме !!! А ако нема грчко сценарио, што правиме ???
Според мене критични години ќе бидат 2015 и 2016 година кога треба да се вратат над половина милијарда евра кредити, без каматите.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Според мене критични години ќе бидат 2015 и 2016 година кога треба да се вратат над половина милијарда евра кредити, без каматите.
Ќе дојдат и 2015 и 2016 да бидеме живи и здрави до тогаш со Господ напред ќе видиме тогаш бе другар. Да ти кажам право и мене ми е досаден Грујо со тоа листовите, со истото повторување ама тоа е факт. Македонија е 3 најмалку задолжена земја во Европа. Да не беше проектов за Скопје да го придвижи градежниов сектор. Ќе беше леле мајко. Ако не биде твоето предвидување паѓаат сите тези у вода. Ако се случи....народ ќе ги колне до последно колено за тоа што го направиле. Реално да збориме...Македонија ќе беше подруга држава денес ако имаше правилна распределба на капиталот во Македонија.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Ааа така, организирале партииве и тимови да делуваат на интернет, по форуми, youtube, фрчат коментари на видеата...

И што по тебе решение ? да дадеме отпор ?
ма иста тиква, иста сорта се.

Искрено многу ми е гајле за економијата, или долговите, нит Грујо ќе ја опраи, нит Бране.
Јас да гледам да киднам надвор, да си ја наредам :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не е работава до Марко, Станко, Курта и Мурта За да сегашниот систем функционира, неопходно е државите да се задолжуваат. И тоа парите треба да ги трошат што по бесцелно, Ова е познато од Кејнс http://mk.wikipedia.org/wiki/Џон_Мејнард_Кејнс Но и порано од историјата е познато дека тоа е неопходно Насреќен период во историјата на Стариот Египет е периодот кога се градени пирамидите. Тоа се наполно бесцелни градби но во тој перид Египет имал нај голем развој. Ова што сега Македонија се задолжува е воглавно да се враќаат старите долгови и многу малку ќе остане за нови бесцелни градби
--- надополнето: 28 декември 2012 во 22:32 ---
Не е работава до Марко, Станко, Курта и Мурта За да сегашниот систем функционира, неопходно е државите да се задолжуваат. И тоа парите треба да ги трошат што по бесцелно, Ова е познато од Кејнс http://mk.wikipedia.org/wiki/Џон_Мејнард_Кејнс Но и порано од историјата е познато дека тоа е неопходно Насреќен период во историјата на Стариот Египет е периодот кога се градени пирамидите. Тоа се наполно бесцелни градби но во тој перид Египет имал нај голем развој. Ова што сега Македонија се задолжува е воглавно да се враќаат старите долгови и многу малку ќе остане за нови бесцелни градби
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.079
Поени од реакции
11.463
Ааа така, организирале партииве и тимови да делуваат на интернет, по форуми, youtube, фрчат коментари на видеата...
Wut?

И што по тебе решение ? да дадеме отпор ?
Решение е да се намали потребата за задолжувања, т.е. кратење на пола на јавната администрација, кратење на дотациите за пензискиот фонд, кратење на наместени тендери за мебел, возила за министерствата и слично.

Искрено многу ми е гајле за економијата, или долговите
Кога ќе треба да се вратат, тогаш ќе ти биде гајле.

Јас да гледам да киднам надвор, да си ја наредам
Ако не ја бидне економијата ве следните две-три години и јас ќе гледам да киднам. Ама пак долгот ќе остане некој да го враќа.
--- надополнето: 28 декември 2012 во 22:38 ---
Македонија е 3 најмалку задолжена земја во Европа.
Епа тогаш да ја направиме трета најзадолжена. :tapp: Оправдувањето ти е нон сенс.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Јас ги подржувам задолжувањата и сум против штедење сега дури треба и поголеми задолжувања и трошења. Не треба да има штедење сега...Нека турат стимулуси. Само може малку порационално да се трошат парите. Но голем дефицит е нешто многу потребно сега дури 3.5% може да е премалку. Ама ај да не попувам зошто лично и не ме засега премногу.
 
L

Luki Junior

Гостин
Голема Чест е од Дојче Банк да земеш кредит, па и од четврт миљарда, гарантира божиќен доручок со Меркел на ПотсдамерПлац. :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Aко бе, нека земаат пари, иоанка не сме во врвот на најзадолжените можеме горе долу да си ја дајме таа привилегија :cool:
Само да се пласираат наменски, а горе долу ќе се, т.е би требало да се.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.231
Поени од реакции
21.506
Голема Чест е од Дојче Банк да земеш кредит, па и од четврт миљарда, гарантира божиќен доручок со Меркел на ПотсдамерПлац. :)
Грешка си, Дојче Банк е во гомна до кај што може моментално. Многу судски спорови, се бара оштета, државата направи рација во бироата за сомнителни зделки и затајувајне данок. Дојче Банк стана црн пример за банките кој го доведоа светот во финансиска криза. Реално не сакам да знам кој услови им натупаа на нашата влада, сепак е инвестмент-банка и сака пари да прави. Да земеа кредит од КфВ друго ќе беше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom