Xibalba
Corona Australis
- Член од
- 24 јануари 2012
- Мислења
- 6.096
- Поени од реакции
- 11.504
Собранието го одобри задолжувањето на државата за 250 милиони евра кај Deutsche bank
Пратениците од власта попладнево го изгласаа законот за задолжување на државата кај Deutsche bank за 250 милиони евра. Во оваа операција на задолжување како гарант се јавува Светската банка, а парите ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит догодина.
Светска банка гарантира износ од 155 милиони евра. Рок на отплата на заемот е 7 години, со грејс период од 5 години. Отплатата ќе се врши на две рати, при што првата рата во износ од 95 милиони евра треба да се плати на денот на достасување после 5 години од денот на повлекување на парите, додека втората рата во износ од 155 милиони евра треба да биде отплатена на денот на целосно доспевање на заемот, односно7 години од денот на повлекување на парите. Каматата е фиксна и ќе се утврди два дена пред денот на повлекување на средствата од заемот, а ќе се пресмета како збир од аритметичката средина од 5-годишниот и 7-годишниот своп (за евро валута) плус маргина во износ од 2,75%. Каматниот трошок ќе се отплаќа полугодишно.
------------------
За мене веќе не е прашање дали ќе го доживееме Грчкото сценарио, туку кога ќе го доживееме.