Фан Клуб: Челзи

H

HoT IcE

Гостин
Немам коментар за колективната игра денес, секоја чест, крајно професионално одиграно.:cuc:
Луиз ми остави најдобар впечаток, СТОЛБ, секоја чест за него, не се сомневав дека ќе игра добро и во средина, ама дека ќе биде волку добар не сум очекувал, го шие и Микел, плус каква голчина, со каков осет даде...:cuc:
Имаме јако екипиште, уште еден тренер ко Клоп, и за две-три сезони, ќе имаме екипа која ќе биде поголема и од Барса на Гвардиола, верујте, ова се класа фудбалери, Пиазон влага и одма асистенција, секоја чест.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Пу, криво ми е за Пиазон што не го даде првенецот во дебито али тоа е тоа. Важно се набилда гол разлика, тоа е доста битно. :)
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Туууу требаше Пиазон гол да даде стварно....ај следна утакмица :) супер игра денес Луиз и Лампард ѕверови, од одбраната Азпиликуета беше топ, Торес нека продолжи вака па можеби и ќе го пофалам некад, Хазард и Оскар само да нанишанат справите маааалку подобро и тоа е тоа :)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Браво, Браво. Секој гол своја мајсторија :icon_mrgr:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.762
Поени од реакции
52.738
Се ќе биде залудно ако на наредното финале/битна утакмица излезат како против Коринтијанс.
 
F

fantomX

Гостин
3 од 3 досега......троефи испуштени. Не сметајќи ја ЛШ.

Не го можи ова секој.

Од тоа шо досега имам апсолвирано за Бенитез, би можел да „вози“ на подолго само со некој Ди Матео покрај него, мотивирачки тип, Бенитез + дудукон од втор состав шо го преселија во прв ко дојде АВБ (мислам десно од Бенитез седеше) = многу тмурно. Ама никако и никако таква комбинација да се погоди веќе подолго време. Ја место Бенитез, би редовно би барал мислења од Тери и Лампард, па и нивна помош за некои работи.
Само каков што е фудбалот денеска, тренерската позиција е прилично небитна и без никаква моќ ако немаш 30 квалитетни играчи на располагање во составот. Челзи го нема то ни приближно, ма кој сака нека е тренер не прај ништо со овај состав како ваков.

Сезонава до крај е секако само за експериментирање, така да можи вака:
Примарно: Средување на играчки кадар
Аут: Ориол Ромеу (јасно е, така?) ; Флоран Малуда (ако веќе и не е заминат, гледам уште се води ко играч на Челзи) ; Енрике Иларијо (место да ослободи)
Би можело аут: Даниел Стариџ (многу шо е брз само, ама исто толку е и несмасен, средна лева и никаква десна нога; би можел да седи уште 2-3 сезони максимум и да биди опција плус за изненадување и дигресија кога е потребно) ; Рајан Бертран (многу недефиниран, лево крило, лев бек, пес-бркач, десно сметало.......шо бива? или нека се ориентира на некоја улога од трите и максимум да дава, или аут) ; Марко Марин (можеби едноставно не се снајде во Лондон? не знам) ; Фернандо Торес (ова некој ко Фалкао ако е опција, пошто двајца такви НИКАКО) ; Гери Кејхил (се понесмасен и понеспретен е, под лупа да биди ако ништо друго).

Од позајмени назад: Џош МекЕкран (шо бива со него? лесно би се вклопил во ваков лесно полетен состав) ; Ромелу Лукаку (знајме шо прај во ВБА) ; Михаел Есиен (последна можност)
Со Де Брујн, Хачинсон, Куртоа, Какута, Ван Анхолт, Брума не знам шо е, ама не очекувам ниеден во Челзи наредна сезона од овие, кој ќе ој јабана перманентно кој пак на позајмица. Бенајун конечно аут.

Нови играчи:
голман - 35+ години со искуство по врвни клубови за резерва
десен/централен бек - од „тип Кејхил“ ко дојде (борбен, но не многу актуелен играч, без помпа)
универзален покривач на дупки во одбрана
централен бек/централен средина - (зависи за шо е Луиз), да е опинок и гојдо примарно, физички јак
напаѓач - тип легендарен Пипо Инзаги
*соодветна замена се подразбира за некој од тие шо ги пишав како „би можело аут“

** од есенцијално значење е задржување на Лампард и Кол и наредна сезона, премногу сениори изгубивме буквално преку ноќ за да останиме и без нив, Лампард од година во година да се следи (ко Гигс), Кол можи да „се врзи“ на две години сега засега

Како би требало да изгледа Челзи наредна сезона:
Чех, некој искусен по врвни клубови голман со 35+ години, Трнбул;
Фереира, Аспиликета, нов десен/централен бек (зависи од играта на моменталните играчи на десен/централен бек), Иванович, Тери, Кејхил, Луиз, Кол, Бертран/нов лев бек ако не бива ништо од Бетран, еден способен за крпење и лево и десно (ко Забалета/Арбелоа/сл)
Микел, нов физички спремен опинок (во овие критериуми спаѓа Луиз, ама па тогаш нов централен бек треба), Рамирес, Лампард, Мата, Хазард, Оскар, МекЕкран, Есиен, Оскар, Мосес
Торес, Лукаку, Стуриџ, нов ама не некој „надежен“ туку баш спротивно, искуство и рутина се бара

Се на се, 28 сениори вака иди. Редовно 5 сметала од младинците да има, да се прилагодуваат на критериум на прв состав. И то е то.

Секундарно: Тренер
Со вака сензитивно склопен состав, можи и Шундоски да е тренер, не се бунам.
 
F

fantomX

Гостин
fantomX Стариџ избриши го веќе, отиде...
Изгуглав сега, BBC вика ојшол за Ливерпул. Добар потег на Ливерпул, одличен тек-тук играч.
Сега на Челзи е да си најди свој таков. Или пак Лукаку одма назад, па в лето да се бара чаре.
 

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Другари абе што е со фан клубот и страната на Челзи на фб...има некој член и тука и таму? :)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Се израдувавме на резултатов,а пред 2 години секој втор натпревар постигнувавме од 6 до 8 голови (2009та-2010та имавме 7-8 такви натпревари)
Како и да е,одличен натпревар,сите играчи изиграа супер.Посебно интересно беше во второ после 60та кога влегоа Бразилците..
Убаво ке беше и Пиазон да дадеше голл на своето деби во ПЛ и да направевме рекорд со 8 различни играчи кои постигнале гол за една екипа на еден натпревар но и вака супер си е,ми го разубавија денот максимално..
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Брилијантна игра денес.. Нека биде ова ветер у грб и нека не се враќаат на старите гомна кои ги јадеа во претходните важни мечеви, инаку џабе ќе биде овој триумф ако се продолжи со топло ладно ...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Абе, имаше денес песни против Рафа...ја гледав утакмицата, ама на мјут ми беше?

Честитки...се напали Рафа зошто ЛФЦ го јадеше минатиот викенд, па им врат.:ROFLMAO:
 
H

HoT IcE

Гостин
Абе, имаше денес песни против Рафа...ја гледав утакмицата, ама на мјут ми беше?

Честитки...се напали Рафа зошто ЛФЦ го јадеше минатиот викенд, па им врат.:ROFLMAO:
Да, во 16та минута, стандард секој меч. И после 16та минута по малце.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom