Да се биде Атеист и не значи дека треба по автоматизам да се биде којзнае колку либерален, модерен и напреден човек !
Атеист е човек што не верува во тие работи религии, постоење на бог/ови... а тоа дали некој е либерален, модерен и напреден тоа си е веќе лична работа, нема врска тука религијата, јас на пр. не сум воопшто религиозен(Атеист сум), но сепак по многу прашања имам конзервативен пристап и како човек воопшто не сум некој голем помодар, туку сум прилично скромен и навидум повеќе делувам конзервативно отколку либерално, а сепак сум Атеист ........ така да постојат разно-разни варијанти, не е се така црно и бело, постојат и други бои !
Јас само напишав погоре дека времето на религиите е завршено, нека си седи религијата таму каде што и е местото, живееме во секуларни и демократски држави, државните институции и закони си се одделени од религиската сфера и така е и најправилно !
П.С. Кој сака нека си биде верник, но без наметнувања на религиите во 21 век !
--- надополнето: 23 декември 2012 во 12:50 ---
Според верниците поубаво е да сме си останеле во средниот век, што ќе ни е напредок и развој, наместо струја свеќи и газиени ламби ноќе, наместо чешми ќе си земеш стомните и право на извор, децата што ако ни умрат од најбанални работи(од грип на пр.) и да светот е рамна плоча која ја носат китови, слонови и сл.
Да не биле ’’еретиците‘‘ и ден денеска ќе сме живеела вака и така ќе сме размислувале !