Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.294
- Поени од реакции
- 8.312
- Возраст
- 44
Абе барем за мечов Јуве нема потреба да ја правда победата пред некого (ко со Катанија што беше случај). Да не беше Јуве каков што го знаеме од сезонава и минатата сезона кој едноставно одбива да изгуби и игра до крај, судијата ќе беше главен виновник за поразот. И покрај тоа што победи Јуве, пак се најлошо му посакувам на судијата зошто ми ги искина нервите во прво а на Каљари им посакувам испаѓање во Серија Б затоа што им удрија еден асален ќотек на играчите на Јуве во текот на целиот меч а уште изглумија пенал. Сепак имаше правда на мечов и победи тој што заслужи.Денешново судење беше ср*ње .. Прво непостоечки пенал за Каљари, според мене досудениот пенал за Јуве исто така беше непостоечки, но мораше барем 1 во тие 2 ситуации да свирне пенал каде што во првата акција беше турнат Кваљарела во 1 пол, и Асамоа во второ полувреме (тука чист ко солза пенал, играчот беше оневозможен од метро да даде гол, т.е беше апла турнат) .. Е сега црвениот картон и те како беше чист, овие копачи испаднаа Каљари, и според мене третиот гол беше од офсајд т.е подавањето кон Џовинко мислам дека овој беше во офсајд а не Вучко .. Е сега вториов гол не знам како да го коментирам, се виде дека топката го удри во рацете на Видал али типацот си го криеше стомакот и немаше намера ( тој од Каљари со сета сила шутна накај него, оправдано се заштити со рацете притоа му беа залепени за телото) ....


