Шо ви е бе, како не ви се допадна финалето? Мене ми остави преголем впечаток и мислам дека заслужува да му удрам една анализа. Ајде, по ред:
- Епизодата започнува емотивно. Хана: „Рече дека ме сакаш“. Декстер: „Тоа е точно и затоа те пратив на доживотна робија“. За оние кои си мислеа дека Декстер се изглупира што ја прати Билјарката во затвор и дека таа може да го издаде колку да се спаси... ништо од тоа. Тајната Хана ќе ја чува до гроб. Зошто? Бидејќи во спротивно серијата би добила на динамика. Декстер: „Ми недостигаш многу, како баш сега најде да отидеш во затвор“? Хана: „Заеби пенкалото, секако докази исчезнуваат од полицијата секоја епизода и никој не одговара. Дај да одиме во Аргентина“. Декстер: „Не, има уште една сезона, што мислиш дека е ова, Homeland“? Крвав бакнеж за крај.
- ХАРИСОН! Овонеделното потсетување дека Декстер е татко. И дека Џејми е мајка. Не знам што се случи со нејзината магистерска и како и` оди со вегетаријанството, ама едвај чекам да дознаам наредната сезона.
- Лагуерта упаѓа и го апси Декстер за убиството на Хектор Естрада. OMG, го фатија! OMG, Хектор Естрада е мртов?
- Скандал во Мајами Метро. Анхел е изнервиран, а Квин воздржан.Испрашување во стилот на good cop – bad cop. Во овој случај best cop – moron cop. Анхел е во улога на адвокат на Декстер. Испаѓа дека доказите се уствари подметнати од страна на Декстер, колку Лагуерта да испадне невротична жена, се` уште вљубена во Доукс после шест (шест!) години. Now that was close. Исто така, се` појасно станува дека Лагуерта ќе ја преживее сезонава.
-Нешто поради кое се крена паника за епизодава беше појаувањето на Доукс во промото. Знаејќи дека сценаристите се секогаш крајно инвентивни, но и дека се` е можно во серијава, се појавија милион теории на интернет, како на пример дека Доакс од трејлерот можеби е робот, брат-близнак, лик од паралелен универзум ала Фринџ, зомби, дух со незавршена работа, демон, а можеби е и вистинскиот Доукс кој необјасниво, веќе неколку години е жив и времето го поминува правејќи метамфетамин во Albuquerque, New Mexico. Кога веќе позајмуваат од Breaking Bad, зошто да не идат до крај нели. Но, не! Сепак се работи за свежо сниман флешбек, кој нема никаква цел, освен да не` потсети дека сите имале различни фризури на времето.
- Хектор Естрада е се` уште жив и ако некој може да го најде, тоа е Декстер. Исто така, ако некој неприметено може да киднапира човек, среде бел ден, во парк преполн со луѓе, тоа е Декстер.
- Лагуерта, изненадно најспособната детективка во серијата, и` кажува на Дебра дека жена му на Мајк и` пратила интересно ДВД цеде. Одлично, сега уште повеќе и` се зголемија шансите да ја преживее епизодата.
- Појзон Ајви и` плеска в фаца на Дебра дека е лицемер. Дебра ја гледа чудно бидејќи знае дека рационални размислувања и логика кај ликовите е нешто за кое нема место во серијата. Long story short, магични билки, срцев удар, цвеќе пред врата. Клифхенгер!
- Декстер и татко му анализираат дали е добро Лагуерта да умре, или не. Од разговорот е јасно дека Лагуерта дефинитивно нема да умре во епизодата.
- Естрада бара помош од Лагуерта и оваа, нормално, не повикува засилување. Филозофски муабети. Декстер: „Мислев дека сум посебен вид на убиец, ама испадна дека не сум. Јас сум само заебан тип“. Океј, очигледно последниве шест години сум гледал друга серија.
- Time for partay! Сите се тука, дури и Харисон со мајка му. Оние кои се сеќираат за љубовниот статус на Квин (дали воопшто има некој кој не се секира за љубовниот статус на Квин?), нема потреба да се грижат повеќе бидејќи Џејми е тука. Како и секогаш, за секоја пригода, во секој заплет. Nadia who?
- Дозата урнебесен хумор во епизодата ја добиваме кога слушаме како Масука сака да облече пелени и да се преправа дека е бебе.
- Дебра се јавува во полиција и од таму и` кажуваат каде е Лагуерта. Не знам дали тоа е можно во реалноста и што ако повиците се снимаат, ама нема време за размислување бидејќи...
- Изненадно најспособната детективка во серијата упаѓа во стапицата на Декстер. Набрзо тука пристигнува и Дебра Јовович. Тешка дилема. Дали Дебра ќе го убие сопствениот брат, на кого веќе му прогледа низ прсти стопати досега, и во кој дури и на кратко беше инцестоидно вљубена, со што серијата би завршила моментално и осмата сезона ќе биде откажана... ИЛИ пак сепак Лагуерта, изненадно најспособната детективка на сите времиња, која сега знае се` и која според фановите е најомразен лик во историјата на серијата, ќе го јаде стапот? Тензијата расте, и се` појасно станува дека Дебра, како добра, праведна и морална личност, ќе ја донесе вистиската одлука и Лагуерта ќе се спаси. Клифхенгер! Не, сепак Лагуерта, or should I say La Muerta, умира и сите се изненадени. Дебра наоѓа Vanish во контејнерот.
- Feliz Ano Nuevo!
П.С. Дефинитивно ќе ја гледам наредната сезона.