Најекономично греење и ладење

Член од
6 ноември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
39
И во Блгарија овој модел е скап. Скоро 2,400 Лева, (1200 Евра). http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-awyz14lb-nocria-814.html# ... и претставен е како хиперинвертер (веројатно си има критеријуми кои се инвертери може да се карактеризираат како такви) а кај овој модел она што допринело така да се декларира, е навистина високиот COP фактор од 4,44.... на пазарот се многу ретки вака моќни машини, особено малку има термо пумпи со толкава моќ, како кај овој модел која оди и до 9Kw, А BTU до 30,000 .... обично хиперинвертерите на пазарот (бар оние што може да се сретнат на нет) се со многу помала снага 9-12,000 BTU со испорака до кај 3-4Kw.... Ова е извонреден уред (и скап) кој заслужува да се нарече ХИПЕРинвертер и кој со право е оценет по неколку критеријуми со А+

Во Бугарија има програма за енергетска ефикасност со која државата ти плаќа 20% од вредноста на инвертерот па за купувачот е пак 950 евра. Таа програма опфаќа низа мерки за заштеда на енергија како прозорци, изолација итн. За Грција не знам, чудни им се тоа буквите па не ги разбирам, ам бидејќи се дел од ЕУ сигурно има нешто слично.

Za tie pari a moze i poevtino ke si zemes Toshiba Daiseikai 6,5. Najnov i najdobar model od Toshiba so jonizator plus, a i COP i EER od nad 5!!! Pa ako ovoj e energetska klasa A+ togas Toshiba-ta sigurno e A++ :)

Прочитај ги постовите на Скепар на претходните страници и ке приметиш дека Toshiba Daiseikai чини 95,000 денари. Нејзиниот квалитет е неспорен, ама работата е да најдеме инвертер кој има приближни карактеристики а е малку поевтин.
Во секој случај Fujitsu Nocria сметам дека е подобро решение од било кој Toshiba Daiseikai модел. Бидејќи е направен за Нордискиот пазар каде температурите се екстремно ниски. Што значи предвидено е да ги задоволува нивните услови. Додека Toshiba Daiseikai што се нуди кај нас е за европски пазар каде се претпоставува дека зимата ќе биде поблага!!! што не мора да значи... сведоци сме на поларни зими и тука во европа!!
Мојот глас сепак оди за Fujitsu Nocria и покрај тоа што сум презадоволен од Toshiba Daiseikai 6 на -15 во Битола грееше без проблем притоа трошеше околу 18-20kw за 24 часа постојана работа и поддржуваше 23 степени во 37-40м2 просторија. Циклусот на одмрзнување беше скоро на секои 1-2 часа по 10 минути одмрзнување ....
На подот каде што се цедеше водата при одмрзнувањето имаше 8 см мраз!!! а на климатизерот нема еден грам!!!
Инаку алгоритмот на одмрзнување на Toshiba е еден од најдобрите додека најлош е кај Daikin....
--- надополнето: 17 декември 2012 во 11:25 ---
Не можев да најдам на нет никакви подетални технички информации за Xeoos TwinFire® печкава. Напишав еден маил до призведувачот за информации окулу поштарина и/или дилер во Македонија, па ќе видиме. Интересно решение, ама не ми изгледа едноставно да го изработиш сам.

Од друга страна, пред некое време еден другар ми спомна за принципот на ракетни печки.
http://en.wikipedia.org/wiki/Rocket_stove
Тоа му доаѓа некое решение каде на висока температура се согорува дрво, комората за горење и оџакот (обавезно вертикален) се топлотно изолирани со што при согорување на многу високи температури се добива висока ефикасност на согорувањето.

Печкиве првенствено се користат за готвење, но може на ист принцип да се дизајнираат и за греење. Нормално, потребно е грејно тело (heat sink) кое ќе акумулира топлина. За грејно тело во домашна изведба често употребуваат и едноставни материјали како керпич.
http://en.wikipedia.org/wiki/Rocket_mass_heater

Ова некако е повеќе наменето за проекти за на викендици и слично, ама може ќе даде идеја за некоја посифистицирана варијанта. Еве видео:
Еве колку коштаат XEOOS камините во Германија од каде што и потекнуваат :)))

X8 Xeoos Solo - 3300 eur

Technische Details:
Nennleistung: 8 kW
Raumheizvermögen: 40m2 bis 100m2 bei 2,50m Höhe
Heizleistung: 4-12 kW
Maße in mm H/B/T: 1127 / 470 / 400
Anschluß Zuluft: 100mm
Anschluß Abgas: 150 mm
Gewicht: 160 kg

X5 Xeoos Solo - 2886 eur

Technische Details:
Nennleistung: 5 kW
Raumheizvermögen: 20m2 bis 70m2 bei 2,50m Höhe
Heizleistung: 2-7 kW
Maße in mm H/B/T: 1127 / 400 / 400
Anschluß Zuluft: 100mm
Anschluß Abgas: 150 mm
Gewicht: 160 kg
http://www.garten-handel.net/Aktionsgeraete/Kaminofen-Xeoos-Twinfire-X5-Solo-2-Flammen-feuer-faszination--45181.html
Коштаат колку еден квалитетен котел за централно парно греење !!!! СМЕШНО за нас
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.022
Поени од реакции
34.442
Уфф... скапо бе!
3К + еура, многу бе. Едно 2к повеќе од моето предвидување.

Edna od najvaznite karakteristiki na izolacijata pokraj koeficientot na toplinska provodlivost tukukoeficient na otpor na difuzija na vodena para ili laicki kazano parapropusnost. Taka da stiroporot ili ekspandiran polistiren (EPS) ima parapropusnost okolu 50 (bezdimenzionalna velicina)
Како не ви ја прочитав дискусијата за паропрустливост порано. Само што ставив внатрешна изолација со стиропор на спратот во доградбата...

Уште не е мачкано ништо, колку ми се исплати да го вадам стиропорот и да го мењам со нешто како гипс панели и камена волна?
Знам дека е релативно прашањево, ама не знам што да правам. Зборуваме за реална опасност од кондензација (и мувли на ќошовите) без разлика на редовна вентилација на просториите?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Уфф... скапо бе!
3К + еура, многу бе. Едно 2к повеќе од моето предвидување.

Како не ви ја прочитав дискусијата за паропрустливост порано. Само што ставив внатрешна изолација со стиропор на спратот во доградбата...

Уште не е мачкано ништо, колку ми се исплати да го вадам стиропорот и да го мењам со нешто како гипс панели и камена волна?
Знам дека е релативно прашањево, ама не знам што да правам. Зборуваме за реална опасност од кондензација (и мувли на ќошовите) без разлика на редовна вентилација на просториите?
Иста глупост направив и јас лани...Досега нема кажано ништо, но во тие простории каде што е ставена изолацијата малтене и да не живееам од причина што се детски соби и спална која ја користам исклучиво за спиење и редовно проветрувам, па така можеби и не е релевантно моето мислење.

Можеш да ги извадиш само гипсените плочи ако не е мачкано, и на местото од стиропорот под конструкцијата да ставиш камена волна.
Покасно продај стиропорот или пак искористи го за друго.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.545
Коштаат колку еден квалитетен котел за централно парно греење !!!! СМЕШНО за нас
Не заборавај во калкулацијата да ја вметнеш и разликата на стандард. Тука 3000 евра и таму не е исто.
--- надополнето: 17 декември 2012 во 12:27 ---
Уфф... скапо бе!
3К + еура, многу бе. Едно 2к повеќе од моето предвидување.

Како не ви ја прочитав дискусијата за паропрустливост порано. Само што ставив внатрешна изолација со стиропор на спратот во доградбата...

Уште не е мачкано ништо, колку ми се исплати да го вадам стиропорот и да го мењам со нешто како гипс панели и камена волна?
Знам дека е релативно прашањево, ама не знам што да правам. Зборуваме за реална опасност од кондензација (и мувли на ќошовите) без разлика на редовна вентилација на просториите?
Оти реална опасност од кондезација и мувла. Да не вариш ракија во собата или сауна имаш.
Ке си проветруваш како и што би проветрувал и кога би имал гипс каротн и термопан прозорци и тоа би било тоа.
Сега освем ако имаш нешто против на проветрувањето:)
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
149
Поени од реакции
65
Едноставно нели... здраво :)
Сакам да купам камин т.е. современо ќумбе, за во мојата соба.
Пробав со панелка од електропанел, односно од нивната најмоќна панелка од 1200w, и не ми грееше баш нај нај... кога надвор температурите паднаа до -5, -6, и требаа 4-5 часа за да крене температура од 20 С, но не можеше д аја одржава, и речиси цело време беше уклучена. Им се јавив на луѓето од таму, дојдоа фино лепо видоа, и увидоа дека проблемот е во собата, бидејќи речиси како да нема изолација. Таа панелка демек требало 20 квадрати да грее, на температури од 22-23 без проблем. Али тоа е за современи нови куќи кои имаат добра изолација. панелката дозволија без никаков проблем да ја вратам, но во меѓувреме си реков, ај со кварцна греалка. Али тоа тиње не видено, ништо не грее. Собата ми е 12.5 метри квадратни, и температурата во собата кога ќе станев насабајле во најладниот период што помина, ми беше 5 степени. Сега кога се постопли, е малце поарно 7-8. но пак е ладно.
Решив да земам камин, бидејќи нема друг ефикасен начин за греење, а и дрвата па и не ми се баш проблем :)
Во рамстор гледам не кои блист камини, со една година гаранција и се решив за овој.
Од римеко има со слична цена PRITY камини, па некој од поискусните нека каже кои се подобри со квалитет.
Брат ми кој има еден од подобрите прити камини, го разгледа овој од рамстор, пошто и он знае колку толку, и вели дека е супер, врата убаво дихтува, има можност за регулација на издувот и доле на каминот и горе кај ќумците, има солидно лежиште за дрва, со шамотни тули, и има прилично дебел лим,брат ми вели дека лимот дури е подебел и од лимот на неговиот прити камин кој он го зема пред некоја година за 18к. Е сега знам дека тоа е наменето за 60+ квадрати, но тоа зависи од тоа колку дрва ќе му ставаш. Јас ќе му ставам по ете така малце дрва, колку да крене 23-24 степени во собата, и да тлее.
Не сакам од тие малите да земам бидејќи имаат многу мали огништа, и се незгодни, треба дрвата да ги сечам на ептен мали парчиња, а тоа не го сакам.
Причината поради која што пишувам тука е, бидејќи сакам да ми кажете мислење за Блист камините ( ќумбињата), многу се слични на изглед со оние на прити, само што овие не се бугарски туку се српски.
п.с. во игра влегува и ова мини каминче, цената му било околу 8к, и загрева 25-30 квадрати.
И што би ме советувале вие?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Имаше за ова предходно разговори на темава. Имаш убави и стручни постови од МКД Владе (постови 1345,1353,1356,1361)... http://forum.kajgana.com/threads/Најекономично-греење-затоплување.39011/page-91
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Дали некој знае каква е процедурата за поврат на ддв при купување работи од Србија. На сајтот на нивната царина нема јасни информации.
Инаку нокриа дава 5.5kw топлина на -15 со COP 2.5 . Што би рекле Србите "паметном доста"
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
653
Поени од реакции
576

Nisto spektakularno, pr, suzumi plus Toshiba na -15, za potroseni 1003W, dva 2378W toplina sto znaci COP e okolu 2.378 ili 2.4, sto i mnogu ne se razlikuva od 2.5
 
Можда не се разликува COP-от ама 5.5kw на -15 нема никаде да најдеш а ите како е потребно на ниски температури!!! Кај мене на Daiseikai 6-16 e околу 3 kw за порошени 1kw на -15
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Capacity tables LG24SQ

На табелата е покажано до -10, но сметам дека на -10 нема само да се изгаси, нели. Би требало да продолжи да работи со понатамошно намалување на капацитетот ...

*TC-Total Capacity (Вкупен капацитет)
PI-Power Input (Потрошувачка на ел. енергија)

Значи, при надворешна температура од -10 и внатрешна 20 степени, потрошувачката е 1.95kW/h и при тоа дава топлина од 6.66 kW, што значи дека COP е од прилика 3.41.
 
Не го споредувај ЛГ -то со Fujitsu ili Toshiba немој да заборавиш дека то а е машуна која се води како 24.000 btu номинална додека Fujitsu-to e 14.000 btu a Toshibata e 16.000 btu

Дај да видиме график на ЛГ-то кое е по номинал 14.000 или 16.000 бту! па ке дискутираме понатаму!

Ај види ја Fujitsu Nocria од 24.000 бту номинална (11kw максимална '37.500' btu)какви перформанси има споредено со ЛГ! http://electronica.gr/00000059.el.aspx
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
У право си... ама нема таква Нокриа кај нас... а Тошиба има, ама цената е над 120.000 ден. ...
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
39
У право си... ама нема таква Нокриа кај нас... а Тошиба има, ама цената е над 120.000 ден. ...
Еве ја Тошиба RAS-22SKV2 - 6,0 (1,2 ÷ 6,7) / 7,0 (1,0 ÷ 7,5) цена - 96.390,00 ден со монтажа иако е 22.000 бту мислам дека е далеку подобра од било кое ЛГ
LG-то е 80.000 +монтажа = околу 86.000 ден што значи за 10.000 денари добиваш далеку подобра клима. ТИ ГАРАНТИРАМ !!!

Ти ги фрлаш очите а пазиш на клепките кога даваш 86.000 ден!!
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
277
Не мислам да се расправам бидејќи ништо не добивам со тоа... ама пред фактите и боговите би требало да молчат...

Ова Сузуми 22 што го ставаш во споредба е 6 киловатно, а ЛГ-то 24-ка е 7 киловатно. Плус, при оптовареност од 100% и надворешна температура од -10 степени, Сузуми Плус 22 има моќност од 3.93 kW и потрошувачка 1.51kW/h ... COP=2.6

*сликата е извадок од Engineering Databook na Toshiba на страна 18
http://toshiba-aircon.co.uk/assets/uploads/product_assets/RAS 10-22SKV2-E Suzumi Plus.pdf

Значи, конечна споредба, на -10 надвор:
топлина: 3.93kW во однос на 6.66kW
потрошувачка: 1.51kW/h во однос на 1.95kw/h
COP: 2.6 во однос на 3.41

Единствена опција од Тошиба која што може да се спореди со ова ЛГ е:
Toshiba RAV-SM802 7,1 (1,9 ÷ 8,0) / 8,0 (1,3 ÷ 10,6), која со монтажа излегува 136.990 ден.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom