Едноставно нели... здраво

Сакам да купам камин т.е. современо ќумбе, за во мојата соба.
Пробав со панелка од електропанел, односно од нивната најмоќна панелка од 1200w, и не ми грееше баш нај нај... кога надвор температурите паднаа до -5, -6, и требаа 4-5 часа за да крене температура од 20 С, но не можеше д аја одржава, и речиси цело време беше уклучена. Им се јавив на луѓето од таму, дојдоа фино лепо видоа, и увидоа дека проблемот е во собата, бидејќи речиси како да нема изолација. Таа панелка демек требало 20 квадрати да грее, на температури од 22-23 без проблем. Али тоа е за современи нови куќи кои имаат добра изолација. панелката дозволија без никаков проблем да ја вратам, но во меѓувреме си реков, ај со кварцна греалка. Али тоа тиње не видено, ништо не грее. Собата ми е 12.5 метри квадратни, и температурата во собата кога ќе станев насабајле во најладниот период што помина, ми беше 5 степени. Сега кога се постопли, е малце поарно 7-8. но пак е ладно.
Решив да земам камин, бидејќи нема друг ефикасен начин за греење, а и дрвата па и не ми се баш проблем

Во рамстор гледам не кои блист камини, со една година гаранција и се решив за
овој.
Од римеко има со слична цена PRITY камини, па некој од поискусните нека каже кои се подобри со квалитет.
Брат ми кој има еден од подобрите прити камини, го разгледа овој од рамстор, пошто и он знае колку толку, и вели дека е супер, врата убаво дихтува, има можност за регулација на издувот и доле на каминот и горе кај ќумците, има солидно лежиште за дрва, со шамотни тули, и има прилично дебел лим,брат ми вели дека лимот дури е подебел и од лимот на неговиот прити камин кој он го зема пред некоја година за 18к. Е сега знам дека тоа е наменето за 60+ квадрати, но тоа зависи од тоа колку дрва ќе му ставаш. Јас ќе му ставам по ете така малце дрва, колку да крене 23-24 степени во собата, и да тлее.
Не сакам од тие малите да земам бидејќи имаат многу мали огништа, и се незгодни, треба дрвата да ги сечам на ептен мали парчиња, а тоа не го сакам.
Причината поради која што пишувам тука е, бидејќи сакам да ми кажете мислење за Блист камините ( ќумбињата), многу се слични на изглед со оние на прити, само што овие не се бугарски туку се српски.
п.с. во игра влегува и
ова мини каминче, цената му било околу 8к, и загрева 25-30 квадрати.
И што би ме советувале вие?