Највеќе ме загрижува што сите гнасни појави од Америка по извесен период доаѓаат кон Балканот.
Епа ние на кого станавме слугинки?
кој ни ги контролира медиумите ? кој ги прави сите оние демек невладини организации?
Така ни е кога самите препаѓаме и да не кажам свршуваме на најава на нова америчка серија или нов филм... доволно е да ги погледнеме филмовите и сериите и да сватиме каква пропаганда се шири.... или ајде еве нека не бидат фиилмовите, пушти на некоја од програмите каде даваат 24/7 цртани, погледни со колку насилство и крв се цртаните што ги гледаат децата и ќе ти стане јасно.
Нема дете што не знае кои се Полат и Мемати.... наместо како свесни луѓе ние самите да влијаеме на нашите деца и да бираме што ќе гледаат, ние самите свесно ги оставаме да го гледаат сето тоа како нормална појава.
Зошто се бунев на една тема, мислам беше за телевизииве наши и програмата што се нуди. Среде бел ден, 3те саатот они пуштиле филм каде психопат силува девојка и буквално и ја дере цела кожа... јас се згрозив од тие 2 минути колку што го погледнав филмот а замисли тоа како влијае на детскиот ум.
Среде бел ден имаме серии и филмови полни со убиства, колежи, дрога, проституција, силување и уште што не...
Ајде ок да речеме да ги оставиме настрана филмовите.... ами индискиве серии? Па тоа доволно е една епизода да видиш и да сватиш дека не само што ќе те затупави серијата туку ќе те направи да се осеќаш ретардиран, затоа што една сцена се дава по 10 пати.
Типичен пример... ситуација што им се случи на мои пријатели. Нивното детенце е забаваче, еден ден на голем одмор три други деца, од неговото одделение го фанале, го претепале и од кога паднало наземја детенцево од толку болка, едното од децата им наредило на другите 2 да го држат детево на пријателите мои, додека они го држеле ова третово го земало неговото перниче (затоа што им е дозволено да си носат перничиња ако случајно им се приспие -.-) и му го притиснало на лицето... среќа другиве дечиња кажале на учителката и стигнала навреме... детенцето било модро, преплашено, не сака повеќе да стапне во школо. Можеш да замислиш кој стрес е тоа?
Пријателиве кога се пожалиле кајј директорот, родителите на насилниците излегле со став, ама они се дечиња сигурно си играле, не мислеле ништо лошо.. дали е тоа игра? од каде тоа дете на таа возраст научило дека ако му стави перница на лицето ќе го убие? и од каде сето тоа насилство кај толку мали деца?