Албанија ги избриша Македонците!

R

Rigel Kent

Гостин
Ако пее Ели Фара , од тие 200.000 , околу 195.000 ќе бидат албанци. :)
Ели Фара ќе биде таму за Власите, бидејќи е Влаинка. Сиот регион на областа Фиер , Ѓирокастро , Валона , Саранда, Корча е полн со Власи , прошетај малце и ќе видиш ;)


Aromanians are the exclusive population in the settlement
Aromanians form a majority or a substantial minority in the settlement

 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.600
Поени од реакции
5.219
Ели Фара ќе биде таму за Власите, бидејќи е Влаинка. Сиот регион на областа Фиер , Ѓирокастро , Валона , Саранда, Корча е полн со Власи , прошетај малце и ќе видиш ;)


Aromanians are the exclusive population in the settlement
Aromanians form a majority or a substantial minority in the settlement


И фацата да и е кинезка, таа е албанка, пее на албански........и ја сакам......
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Ели Фара можда е влахинка , еве си пее на влашки , никој не може да го негира тоа.
Проблемот е зошто некој не убедува дека во Албанија било толку опасно да се декларираш македонец , влас или грк.

Власите се таква заедница што се интегрираат во сите општества , не е само во Албанија , и во Македонија ги има многу повише него ли 9000 колку што ги има на попис , голем дел од тие што ги знаеме дека се македонци , всушност се власи.
Исто и во Србија.
Во Грција да не збориме.

Но грците не се власи , они од секогаш имале право на изјаснување и образување на грчки јазик , провери самиот.

0:33-0:40 , Енвер Хоџа се обраќа на грчки при посета на една општина во југот на Албанија , која и денеска е со грчко мнозинство.
Енвер Хоџа бил во ладна војна со Грција , но немал проблем со грците од Албанија

Грција ги протера албанците , но Албанија не ги протера грците.

 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ели Фара можда е влахинка , еве си пее на влашки , никој не може да го негира тоа.
Проблемот е зошто некој не убедува дека во Албанија било толку опасно да се декларираш македонец , влас или грк.

Власите се таква заедница што се интегрираат во сите општества , не е само во Албанија , и во Македонија ги има многу повише него ли 9000 колку што ги има на попис , голем дел од тие што ги знаеме дека се македонци , всушност се власи.
Исто и во Србија.
Во Грција да не збориме.

Но грците не се власи , они од секогаш имале право на изјаснување и образување на грчки јазик , провери самиот.

0:33-0:40 , Енвер Хоџа се обраќа на грчки при посета на една општина во југот на Албанија , која и денеска е со грчко мнозинство.
Енвер Хоџа бил во ладна војна со Грција , но немал проблем со грците од Албанија

Грција ги протера албанците , но Албанија не ги протера грците.
Држи вода тоа за Власите ........... тие се народ кој најлесно се интегрира, а со самото тоа и постепено асимилира во државите во кои живее/л овој народ !
Власи има многу повеќе одошто се декларираат и во Македонија и во Албанија, Грција, Бугарија, Србија...
Во Албанија според пописот може има 1% само декларирани Власи, но ги има многу повеќе само што постепено се асимилирале низ децениите/вековите !
Во Македонија според последниот попис(2002) има 9-10 илјади Власи, но огромен број на Власи се имаат измешано и асимилирано со/во Македонци и едноставно повеќе не се Власи туку Македонци !
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Повише грците работат да ги придобијат власите него албанците, дури грчкиот конзул во Албанија рече дека власите се грци.
Ги придобиваат со пензии и со други поволности , па затоа јас мислам дека голем дел од грците се асимилирани власи.

Еве еден влашки поп реагира на тоа дека они се грци.


Еве овие села каде има мнозинство власи , грците ги придобија со пасоши и големи пензии, па дури и во едно албанско село со мнозинство муслимани , има такви што сакале да земаат грчки пензии , но заради нивните муслимански имиња не ги прифатиле, требало да ги сменат имињата. (селските пензии во Албанија се мизерни , 70-100 евра , а они што ги дава Грција само со изјаснување за грци , се 250-300-400 евра)

Но една работа е јасна , и власите и грците се во демографска катастрофа , можете и самите да видите колку старци има , младите се во Грција заминати.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Дарди , не ти се исполни желбата Албанци да се чувствуваат а ? Инаку прилозите се чиста манипулација и агресија произведена од очај и паника за се помалиот број Албанци .Младите може заминуваат во Грција но тие се таму Власи . Далеку поразвиен е јужниот дел со туризмот , овие прилози се манипулативни .
 
H

HITCH

Гостин
Почнувам да мислам дека Македонците во Албанија треба да се однесуваат ИСТО како Албанците во Македонија, за да им покажат дека ги има и дека пописот е фалсификуван.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.779
Мета - Обединување на Албанците единствено во ЕУ

Илир Мета, поранешен албански премиер и шеф на дипломатијата, инаку лидер на партијата Движење за европска интеграција.
16.12.2012
О
бединувањето на Албанците единствено е во ЕУ, изјави Илир Мета, поранешен албански премиер и шеф на дипломатијата, инаку лидер на партијата Движење за европска интеграција, која е дел од владата на премеирот Сали Бериша.

Оценувајќи дека националистичките изјави се надвор од предизвиците и контекстот во кој живеат Албаниците, тој упати апел да се запре со националистичките шпекулации во Албанија, јави дописникот на МИА.

Мета ова го изјави на Конвенција на неговата партија во јужниот албански град Ѓирокастро.




Послушното куче веднаш ја ведне главата кога господарот ќе подвикне.
(соодветната тема е затворена, па тука постирав)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Македонците во Албанија бараат нов Попис под меѓународен мониторинг.

После заедничата Декаларција на Македонците во Албанија со другите малцинства во Албанија, каде не ги признаваа официјалните пописни резултати, денеска во Корча македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, одржа прес-конференција каде пред албанската јавност Едмонд Темелко ја прочита Декларацијата на Македонска алијанца за европска интеграција, Македонската заедница во Албанија и македонските здруженија во Албанија.
Во Декалрацијата се вели:
“Македонска алијанса за европска иннтеграција изјавува пред албанската јавност, државните и меѓународните институции, дека не ги признава официјалните податоци од Пописот 2011.

Како што и предупредивме пред една година, процесот на пописот, не беше прав и транспарентен процес.


Пописот со прашање за националноста беше барање на македонското малцинство уште на почетокот на 90-те години, како и Советот на Европа во сите негови резолуции за Албанија, за спроведување на Рамковната Конвенција за заштита на малцинствата, Извештајот за напредок на Европската Комисија против Рацизмот и многу други институции, инсистираа на реализирање на еден ваков процес.

Начинот на кој се одржа Пописот во октомври минатата година и собирањето на податоците за етничката припадност, е спроведен со бројни прекршувања во текот на процесот.

Државната пописна комисија не прифати ниту едно брање на малцинствата, да и малциствата имаат имаат попишувачи и членови во комисиите, како и една копија од формуларот да остане кај лицето што се попишува.

Во текот на процесот на Пописот, попишувачите сами ги пополнуваа податоците во формуларите, формуларите се пополнуваа со молив со образложение дека ако згрешат, дома ке ги поправат грешките. Додавјаки го тука и правниот притисок на паричната казна предвиден во Законот за попис за лажни или неточни изјави, споредено со податоците од матичните книги.

Промената во Законот за попис и вклучувањето на казната беше осудено и од Советот на Европа во својот трет извештај за Албанија за спроведувањето на Рамовната конвценција за заштита на правата на малцинствата, во кој се наведува дека промените во Законот за попис се во спротивност со Рамковната Конвенција.

Со овој попис се прекршија правата на малцинствата што се гарантирани со Уставот на Република Албанија, меѓународните акти и законите што се на сила.

Овој Попис не беше во согласност со европските стандарти, и не ја отсликува реалната етничката структура на населението во Албанија.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, не само што не ги признава податоците на овој фалсификуван Попис, за македонското малцинство, но исто го бараме и од албанските и меѓународните институции, затоа што овие фалсификува податоци се против уставниот поредок, европската аспирација на Албанија, препораките на европските институции, и против интересите на земјата да има реална статистика за бројот на припадниците на малцинствата.

Затоа, бараме реализирање на нов Попис врз основа на меѓународните стандарти и под меѓународен мониторинг, затоа што само така можи да се гарантира чесен и транспарентен процес каде ќе излези реалната етничка структура на Албанија.

Со овој Попис само се потврди дека политиката кон малцинствата не е сменета од комунистичкиот систем, каде македонското малцинство се признаваше само во областа на Мала Преспа и не се признаваше во областите Гора и Голо Брдо, како и во градовите каде што живееше во Албанија.”- стои во Декалрацијата.

Ова Декаларација освен Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, ја подржаа и Македонската Заедница во Албанија со седиште во Тирана, Македонскто здружение “Гора” од Гора, Македонскто здружение “Мост” од Голо Брдо како и македонскто здружение “Друштво Преспа” од Мала Преспа.
 

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Нема да има попис во Албанија разберете.Ако има реален попис без манипулации ќе испадне дека Албанија е со 50% малцинство што на некои не им одговара нели ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom