Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Е баш ме интересира,колку има Македонци во Албанската администрација,во полиција,во војска,на граница и т.н.^
А вработени се во институциите само затоа што се Македонци?
Е баш ме интересира,колку има Македонци во Албанската администрација,во полиција,во војска,на граница и т.н.
и колку има мозоци македонски во Албанската влада.
Македонците и Грците го бојкотираа пописот.
Албанија не дозволи ниту да стои графа Македонци, туку ги примораваа сами да допишуваат, ако сакаат така да се изјаснат, што не е чудно кога ќе се земе в предвид фактот, дека огромниот број на Македонци во Албанија немаат право да учат на мајчин јазик, ниту во основно.
Албанија им забранува да посетуваат приватни школи на македонски и немаат ниту приближно еднакви права споредбено со Албанците тука.
Само Македонците од изолираниот џеб на Пустец имаат некакви права и тоа Албанија го употребува како алиби. Македонците (огромното мнозинство од Корча, ГолоБрдо, Тирана...) треба да се изборат за своите права во Албанија и е единствено разумно бојкотирање на институционалните активности, каков што е овој попис кој нема никаква валидност, затоа што огромен број од Македонците и Грците го бојкотираа.
Податоците кои ги презентираа Албанците им служат исклучиво за нивната големо-абанска кауза за асимилација на другите.
За болдираното, затоа што Македонците не се признати на цела територија во Албанија, туку само во Мала Преспа и уште едно село , ми се чини с.Врбник. Кај најде ти да збориш за човекови права, абе кажи ми за време на комунизмот во Албанија дали имало признаено друг народ освен албанскиот или било дозволено некој да се каже македонец или да говори македонски или учи на македонски, ај сега прашај го татко ти за време на комунизмот дали можел да се каже албанец во Македонија, или му било забрането да се попише каков таков.(Еј у комуниам било тоа дозволено кај нас кој го сматраат за вид на диктатура, а денес во “демократска Албанија“ нема на попис графа за националност,). Немој да се расфрлаш со невистини и полувистини овде на форумов, пошто глумиш интелктуалец.Интересно , како го бојкотираат во цела Албанија , а само во деловите каде ги има повише не го бојкотираат ?
Зошто не го бојкотираа во Пустец ?
Па зошто да имаат право во Пустец , а да немаат во Корча или Тирана ? Се разбира , затоа што во Пустец ги има 4500 , а во Корча ги има 500.
Нека ги има и таму повише и ќе учат на македонски.
10.000 ромски деца во Македонија учат на македонски , а во Албанија тие стотина македонски деца учат на македонски.
Која разлика а? Голема.
И не се секирај , ни за бугарите во Македонија нема посебна графа.
А доброто во Албанија е што за никого немаше графа, туку беше незадолжително да се одговори на прашањето по етничката и верската припадност. Кој сака ќе одговори.
Црвено-Црната Алијанса имаше кампања во кое ги повикуваше албанците да ги бојкотираат тие прашања.
Приватни школи ? Кај тоа ? Имаат многу повише права него албанците во Македонија , 5500(0,2%) народ нигде во светот нема толку права.
Во локалните избори во 2011-та македонците во Корча имаа 261 глас.
Партијата на Темелко значи учествуваше на избори , не ги бојкотираше , и што доби во Корча ? 261 глас. (толку гласови имаат албанците во некое пусто село во Македонија).
Сите показатели ни укажуваат дека резултатите од пописот се ОК.
Дај покажи ни ти некако дека во Албанија има 300.000 македонци , абе мора негде да им се чуе гласот , што е ова , невидливи македонци.
Баш ги заболе нив , никогаш во Албанија немало малцинства во значителен број , пошто Албанија се граничи со албанци , затоа нема шанси да има малцинства во голем број.
Докажи ги некако тие 300.000 македонци.
Е баш ме интересира,колку има Македонци во Албанската администрација,во полиција,во војска,на граница и т.н.
и колку има мозоци македонски во Албанската влада.
Ако Албанија нема страв од бројката на Македонци, надвор од Пустец, зошто не им дозволува да посетуваат ПРИВАТНА настава на мајчин јазик:
Во областа Голо Брдо, во Албанија, врз Македонците повторно се вршат притисоци и закани од тамошните власти поради одржување курсеви на македонски јазик.
Ако Албанија нема страв од бројот на Македонците, тогаш зошто не им ги дозволува елементарните права?
Тоа дека сите етнички Македонци треба да гласаат само за партии со етнички македонски предзнак, постои само во национал-шовинистичката логика на некои кои сите морално-етички начела ги ставаат зад национот и верата.
А дека изборите се мерка според која етничката бројност ќе ја испитуваш, можда и може, во некое општество во кое на поединецот нема да му фали ништо ако се изјасни како Македонец.
Наивно и бесмислено е да се бараат пописни бројки во изборни резултати, во земја во која поединецот не смее да учи на мајчин јазик или пак му се вршат секојдневни притисоци, врз база на неговата национална и религијска нопределба.
0,2% е исклучиво резултат на големо-албанската политика на асимилација, потврдена од изјавите на Бериша,Тачи... и нема ама баш никаква употребна вредност.
Ако ги има овие заедници повеќе од тоа што ги извади пописот , нека се соберат на некој плоштад.
На пример ако македонците велат дека се 300.000 , ќе се соберат во Корча една 10.000 , и готово , пописот пропаѓа.
Исто така на избори нека соберат 10.000 гласови.
И за грците и власите важи истото , нека се соберат повише од 20.000 на едно место.
Или пак на избори нека освојат повише од 30.000 гласови.
Се читаш што пишуваш ? Ќе се соберат 200 000 минимум и Ели Фара ќе пее на собирот за инает твој.