Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Златен медал од Црвениот крст на Република Македонија
На 5.12.2012 година, Црвениот крст на Република Македонија додели високи признанија - „Златен поддржувач“ на Комерцијална банка и ЕВН Македонија и „Златен медал“ на г. Хари Костов и г. Хенгст Вернер.
Овие признанија Црвениот крст на Република Македонија ги додели во знак на благодарност на двете компании за нивната исклучителна соработка и поддршка во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст на Република Македонија, како компании кои го практикуваат општественото одговорно работење како составен дел од вкупната деловна политика на компаниите.
Комерцијална банка АД Скопје две години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Македонија со вклучување во реализацијата на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби” како Генерален покровител. Со проектните активности беа опфатени околу 340 деца со посебни потреби на возраст од 3 до 26 години, опфатени во дневните центри и деца од згрижувачки семејства во 8 града (Скопје, Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Велес, Дебар, Кичево и Делчево), низ креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, организирање на рекреативни активности, едукации за децата, родителите и згрижувачите на децата, психолошка поддршка за децата и родителите и многу други активности кои ги иницираат тимовите на локално ниво.
Со поддршката на овој проект им се овозможи на децата и на младинците со посебни потреби да ги развиваат здравиот дух и креативниот капацитет.
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=31141
Kojа глупост...да не ти се верува што објавуваат од КБ на МК Берза.