Македонска берза

Член од
30 мај 2011
Мислења
554
Поени од реакции
130


Компанијата “Алкалоид“ инвестираше 36.000 евра во опрема на контролна лабораторија за потребите на сопственото производство во “Алкалоид“ ДОО Белград.

Оваа белградска филијала е во 100-процентна сопственост на “Алкалоид“.

Со оваа инвестиција, како што нагласува компанијата, “Алкалоид“ АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.

“Алкалоид“ континуирано вложува во освојување на поголемото пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 29-ти месецов беше извршено вложување во Србија по пат на зголемување на основачкиот влог.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Компанијата “Алкалоид“ инвестираше 36.000 евра во опрема на контролна лабораторија за потребите на сопственото производство во “Алкалоид“ ДОО Белград.

Оваа белградска филијала е во 100-процентна сопственост на “Алкалоид“.

Со оваа инвестиција, како што нагласува компанијата, “Алкалоид“ АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.

“Алкалоид“ континуирано вложува во освојување на поголемото пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 29-ти месецов беше извршено вложување во Србија по пат на зголемување на основачкиот влог.
Белградската филијала е најобичен магацин, малку погоре од лука београд. Какво производство таму какви бакрачи.
Едино ако не ги купиле тие 36 квадрата одма до нивниот магацин,за да си го прошират складишниот простор.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ќе биде,но кога е знак прашалник.
Е сега и ти многу сакаш да знаеш :) Ќе биде трпение малку...Јас сум оптимиста најголем кога сите се песимисти и обратно.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ново од берза...Бетон ќе гради катна гаража за 13 милиони евра...Фершпед докупил акции од Метропол хотели од ПИОМ. Добри зделки направиле и двете фирми.
Po~ituvani,
Ve izvestuvame deka DG Beton AD Skopje so Grad Skopje sklu~i Dogovor za
zavr{uvawe na gradba na objekt Katna gara`a na ul Dame Gruev.
Vkupnata vrednost na ovoj Dogovor so vklu~en DDV iznesuva 781.112.251,00 denari.
So po~it,
DG BETON AD SKOPJE
Do
Makedonska Berza za hartii od
vrednost



ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид известува дека на ден 03.12.2012 година,на јавна берзанска аукција на Македонска берза АД Скопје, Фершпед АД Скопје со адреса на ул. Маршал Тито 11А Скопје и ЕМБС 4057465 откупи 78.951 акции од ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид кои беа сопственост на Фондот за ПИОМ,односно7,63% од основната главнина на друштвото.
Со оваа трансакција учеството на Фершпед АД Скопје во основната главнина на ХОТЕЛИ МЕТРОПОЛ АД Охрид се зголеми на 73,50%.




 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
437
Поени од реакции
538

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
link: http://www.centarnews.net/index.php/2012-09-30-11-03-17/2012-09-30-12-19-57/395-vs

Евро vs Долар

На девизните пазари неделава еврото забележа пад во однос на американскиот долар. Инвеститорите се загрижени поради предвидувања за еконимијата во еврозоната, која најави подлабока рецесија отколку што до скоро се мислеше.
Девизниот курс на еврото во однос на американскиот долар ослабе 0,5% минатата недела, на 1,2925 долари, а пад има и во однос на јапонската валута на 106,60 јени.
Германската централна банка Бундес банк ја намали проценката на раст и во најголемата економија во Европа, па така следната година наместо 1,6% само 0,4% ќе изнесува растот на германската економија.
Курсот долар за 1 евро, во секој момент, во живо можете да го следите.
 

mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Некое инфо за зк пелагонија имам 101 акција??? секаква информација е добредојдена,наводно од пред некој ден е дадена на берза да се продава.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Златен медал од Црвениот крст на Република Македонија
На 5.12.2012 година, Црвениот крст на Република Македонија додели високи признанија - „Златен поддржувач“ на Комерцијална банка и ЕВН Македонија и „Златен медал“ на г. Хари Костов и г. Хенгст Вернер.
Овие признанија Црвениот крст на Република Македонија ги додели во знак на благодарност на двете компании за нивната исклучителна соработка и поддршка во остварувањето на хуманитарните цели и задачи на Црвениот крст на Република Македонија, како компании кои го практикуваат општественото одговорно работење како составен дел од вкупната деловна политика на компаниите.
Комерцијална банка АД Скопје две години во континуитет има плодна соработка со Црвениот крст на Република Македонија со вклучување во реализацијата на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби” како Генерален покровител. Со проектните активности беа опфатени околу 340 деца со посебни потреби на возраст од 3 до 26 години, опфатени во дневните центри и деца од згрижувачки семејства во 8 града (Скопје, Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Велес, Дебар, Кичево и Делчево), низ креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, организирање на рекреативни активности, едукации за децата, родителите и згрижувачите на децата, психолошка поддршка за децата и родителите и многу други активности кои ги иницираат тимовите на локално ниво.
Со поддршката на овој проект им се овозможи на децата и на младинците со посебни потреби да ги развиваат здравиот дух и креативниот капацитет.
:pos:
http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=31141
Kojа глупост...да не ти се верува што објавуваат од КБ на МК Берза.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Македонија статистички излезе од рецесија. Домашниот бруто-производ во третиот квартал од годинава порасна за минимални 0,2 отсто - објави вчера Државниот завод за статистика. Со тоа по падот два квартала по ред (-1,4 отсто и -0,9 отсто), третото тримесечје покажува благо закрепнување на македонската економија. По рецесијата, брзото закрепнување на стопанството ги изненади и експертите и бизнисмените и Владата, која очекуваше дека минусот во економијата ќе се задржи и во третиот квартал од годинава за потоа во четвртото тримесечје од годинава да почне благо да закрепнува од кризата
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Македонија статистички излезе од рецесија. Домашниот бруто-производ во третиот квартал од годинава порасна за минимални 0,2 отсто - објави вчера Државниот завод за статистика. Со тоа по падот два квартала по ред (-1,4 отсто и -0,9 отсто), третото тримесечје покажува благо закрепнување на македонската економија. По рецесијата, брзото закрепнување на стопанството ги изненади и експертите и бизнисмените и Владата, која очекуваше дека минусот во економијата ќе се задржи и во третиот квартал од годинава за потоа во четвртото тримесечје од годинава да почне благо да закрепнува од кризата
Ако не го донесат буџетот на време оваа година, економијата ќе си ебе мајката а берзата ќе се укотви на ова дно во подобар случај ,а може и ќе паѓа и во следниве месеци!. Гледам за се збори на форумот а тоа што буџетот а закочен, и ако не се донесе на време што ќе ги поремети многу финансиски текови во државава сите ноншалантно гледаат како ништо да не се случува:facepalm: Вакво кочење на буџет со 1200 амандмани од опозиција не сум видел. Господ нека им е на помош на компаниите кој ќе треба да добијат пари од поврат за ДДВ и на оние на кој државата им е должник. А во вакви услови дека берзата ќе се качува нагоре мало морген, а команиите има мака сега да си ги наплатат побарувањата од државата за поврат на ДДВ а не во услови кога за 1/3 ќе биде намален буџетот(поради не носење на буџетот за 2013),заради ненавремено носење на буџетот, а башка ќе треба и евробврзница да издаваме зошто не сме усвоиле закон за буџет и задолжување за поволните кредити од Светска банка така да едно неколу милиони евра ќе платиме само за камати повеќе заради терање инат на опозицијата. Многу ќе биде заебано ако не се усови буџетот многу планирани проекти ќе се одложат, многу обврски ќе каснат. А може да предизвика и паѓање на кредитниот рејтинг на Македонија, заради несериозност на државата(опозицијата) зошто го блокираат буџетот. Знам многу пример ама вак некој да се дрзне и да ја загрози цела фискална политика и да го загрозува и реалниот сектор, не сум видел. Овие од опозицијава слушаат ли што збореа стопанските комори кој молеа да се донесе буџетот за 2013 да не се блокира!А денес нешто малку гледав седницата за буџет носење, гледам поднесуваат амандмани од СДСМ за Општина Шутка и капитални инвестиции таму за градење бесплатни станови за ромите и што уште некој слични глупи амандмани 1200 човече:facepalm: Не ми е криво што се глупираат овие од СДСМ криво ќе ми е ако не се донесе буџетот навреме, заради нивни его трипови и глупости, сите што сме вработени во приватен сектор има матер да ни ебат со каснење на ддв, и општо цела економија ќе има сериозен недостиг на свеж капитал.А не исклучувам ако се случат посериозни потреси во фискалната политика да влеземе и во рецесија или пооптимистички некој квартал во минус да завршиме Не ми се верува:facepalm:Сами ќе се упукаме!!!!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Не ми е криво што се глупираат овие од СДСМ криво ќе ми е ако не се донесе буџетот навреме
Е*ате државата во која се' зависи од буџетот, јас пак напротив сакам буџетот да го донесат 3 месеци покасно.
Нека видат тие што се на буџетска цицка како изгледа да ти касни платата по неколку месеци како што е во приватниот сектор.
Можеби после ќе почнат да работат за тоа што се платени, а не само пари да цицаат.

А берзата и вака и така е down, се навикнавме да паѓа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom