Реплек остварува добра добивка очекувано за фармацевска фирма обично се доста отпорни на кризи. А Тобако убадува дека не пропаѓа...иако не е многу за верување. Инаку Тобако имаше ИПО пред некој месец.
РЕПЛЕК АД Скопје оствари позитивни консолидирани и неконсолидирани финансиски резултати во периодот 01.01-30.09.2012 година.
1. Консолидиран финансиски резултат
Групацијата РЕПЛЕК оствари консолидирана оперативна добивка во износ од 106.594 илјади денари што претставува зголемување за 53% и добивка пред оданочување во износ од 113,854 илјади денари, односно зголемување за 40% во однос на истиот период претходната година.Зголемувањето на консолидираниот финансиски резултат во најголем дел произлегува од зголемувањето на прометот на РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ на странските пазари за 124% во однос на истиот период во 2011 година.
2. Неконсолидиран финансиски резултат
РЕПЛЕК АД Скопје оствари неконсолидирана оперативна добивка во износ од 8,916 илјади денари што претставува зголемување за 41% и добивка пред оданочување во износ од 100,035 илјади денари, односно зголемување за 70% во однос на истиот период претходната година. Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од пренесената добивка од поврзаните друштва која е остварена во 2011 година, во износ од 84,239 илјади денари.
Тобако: Не пропаѓаме, продолжуваме да се шириме
По информациите во јавноста дека пропаѓа најголемиот малопродажен синџир Тобако, од компанијата демантираат дека се соочуваат со финансиски проблеми.Извршната директорка на Тобако, Ирина Чепељугин, во изјава за „Капитал“ тврди дека затворањето на дел од продажните салони на Тобако е дел од оперативното работење на компанијата и најавува дополнително ширење на мрежата.
„Затворањето на подружници е дел од оперативното работење на компанијата. Се затвораат продажните салони кои не се рентабилни, а предвидено е да се отворат нови. Моментално сме ангажирани на изнаоѓање нови атрактивни локации за ширење на мрежата на Тобако“, изјави Чепељугин за „Капитал“. Таа потенцира дека нерентабилноста на дел од салоните е како резултат на финансиската состојба во која се наоѓа државата, но и покрај тоа компанијата ќе продолжи со реализирање на развојните планови за раст и развој на синџирот.На почетокот на неделата, Централниот регистар објави дека од сопственоста на Тобако се избришани 13 продажни салони, од кои два во Скопје, а останатите во другите градови низ државата, а воедно се затворени и пет продажни салони на друштвото за посредување при осигурување МК Осигурување, кое е во сопственост на Тобако.
На почетокот на октомври годинава, на официјалната интернет-страница на Државната лотарија беше објавено известување до играчите на игри на среќа, дека продажните места на Tobacco и Together времено нема да вршат уплата и исплата на игрите на среќа, кои ги приредува Државна лотарија на Македонија. Неколку недели подоцна Јавното претпријатие Водовод и канализација го раскина договорот со Тобако, со објаснување дека се незадоволни од досегашната соработка, бидејќи уплатите направени во овие мрежи, несоодветно се евидентирале.Во сопственост на Тобако, според информациите на интернет-страницата функционираат 45 продажни салони на Тобако и Together.