Епа еве ти после победа пишуај "браво Милан" да не ти биде досадно само да мудруваш
Ме нервира форсирање на непотребна агресија и хистерија. Нема потреба од такви коментари, посебно кога е во прашање статусот на Шиљо, на Шарави, па и на Нианг.
Нианг дојде летово во Милан, уште нема наполнето ни 18 години (или грешка сум?), а плус изигруваше евтина копија на Балотели и почна да прави глупости. Нормално е да се остави простор да расте како играч, но и да се изгради како карактер. Кај кој тренер би добил поголем простор, посебно кога ќе се земе во каква ситуација се најде Милан? Ги имаш Пацини, Бојан, Шарави, Робињо и малку Пато, кои секако дека ќе бидат пред него. Тој беше земен да се работи со него и да напредува. Резултатот се виде и денес. Се виде дека добро се работело, имаш вреден играч, кој се труди да помогне и кога се брани тимот, нешто како Шарави. Колку навистина вреди ќе видиме. Башка тука треба сите да му бидеме благодарни на Алегри, да не беше тој на местото на Нианг ќе го имамве оној Зевзекот што отиде во Сиена.
Но, треба да се знае дека претходно се работело нешто со него, затоа и покажува одредени резултати. Не бил тој готов производ, па да дигаме узбуна зошто не играл до сега. Тешко ќе добива и од сега шанса. Но, така беше и со Шарави, иако тие што се знаат, тупеа за Шарави, беше проблемот зошто е земен.
Шиљо добива исто многу шанса, уште лани Алегри и Тасоти го земаа во тим и се виде дека сметаат на него. Тоа поочигледно стана за време на припремите. Па, затоа и тука не ми е јасно зошто се дига тензија. Нормално е дека ќе биде ставен и на клупа, нема потреба да се сечат вени за тоа. Абате не е Месбах...
Нема причина за агресивни коментари од сезнајковци, затоа така изреагирав. Разбирам да земе Алегри и да го седне Шарави неколку натпревари на клупа, но имаше сосема друго сценарио, кога Шарави не почна најдобро, тој беше форсиран од Алегри.