S
Stef Bachatero
Гостин
Тоа се најголеми глупости што досега сум ги чул.Не ти треба персонален тренер бла бла.Не ја потценувај професијата иако изгледа лесна зашто ти не ја правиш и дадеш подобар совет.Ако толку си професионалец кажи што како треба да јадеш секој ден,како треба да вежбаш,колку треба да одмараш,колку кардио треба да правиш,со кој интензитет,колку протеини треба да внесуваш,колку јаглехидрати,колку масти,дали сега треба 15 повторувања да правиш,дали можеш да го оптеретиш повеќе не е така како што тебе ти чини.Не ти ни треба персонален тренер,живи глупости и фрлени пари на некои wanna be инструктори,прашувај што не ти е јасно од тие што се понапредни од тебе,немај срам,исто така ако можеш вежбај со некој понапреден од тебе,ќе ти помага и ќе добиеш дупло повеќе мотивација гледајќи го него.Читај доста,експерементирај на себе,различни вежби,различна храна и тоа е тоа.Мора да си го научиш телото прво,тоа што тебе ќе ти дава резултати,тоа ќе го правиш,секое тело е различно,на друг човек тоа истото што ти го правиш нема да му одговара и дава резултати,итн,во тоа е убавината на спортот.,секој сам треба да си го најде својот пат.
Македонски менталитет секогаш сите се експерти никој нема резултати...