Споредба на фудбалери. [Овонеделен дуел: Винсент Компани vs Тиаго Силва]

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.767
Поени од реакции
9.896
Возраст
33
Со оглед на тоа дека повторно се пројави интерес за темава, решив да и дадеме уште една шанса да видиме како ќе се одвива. Се надевам дека ќе се развиваат добри дискусии.

Сега ќе го објаснам концептот на темава.

- Секој понеделник ќе имаме нов дуел на фудбалери за кои вие пред се ќе дискутирате. Анкетата нека биде споредна работа во темава (во овој пост ќе ги внесувам резултатите од гласањето за секој дуел). Секој понеделник анкетата ќе се ресетира со новиот дуел, така што заедно со дискусијата за новиот дуел, ќе имаме и нова анкета за новиот дуел. Да напоменам уште еднаш - најбитна е дискусијата на темава, анкетата е од втор план.

- Постови каде што ќе биде внесено само името на фудбалерот, ќе бидат бришени од причина што не придонесуваат за никаква дискусија. Доколку немате нешто што би помогнало на развивањето на дискусијата, доволно е да гласате во анкетата.

- Предлози за нови дуели ќе ми пишувате мене преку ПП и јас ќе одлучувам кој ќе биде овонеделен дуел. Значи не ја трујте темава со предлози, исконтактирајте ме!

Резултати од дуелите:

Прв дуел:
Пирло 75 гласови 52,8%
Чави 67 гласови 47,2%

Втор дуел:
Даниел Алвеш 32,0%
Филип Лам 68,0%

Tрет дуел:
Тони Крос 22,8%
Марио Геце 77,2%

Четврт дуел:
Хуан Мата 54,4%
Франк Рибери 45,6%

Петти дуел:
Артуро Видал 28,6%
Јаја Туре 71,4%
--- надополнето: 11 декември 2012 во 13:09 ---
Овонеделен дуел нека биде дуелот Пирло - Чави, по сугестија на еден член.

29pirlo-xavi.jpg
Навалете со дискусија. Ќе го пишам моето мислење за дуелот понатаму.
 
Последно уредено:
Андреа Пирло. И двајцата играчи се солидни, но Пирло е моментално поискусен од Чави. Гласов ми е малку навивачки ама се надевам нема врска. :icon_mrgr:
 
Гласав за Пирло од навивачки аспект и дека е поискусен играч.Станува збор за двајца генијалци кои си ја вршат работата во тимот на најдобар можен начин.Нивните топки се како со рака подадени.Според мене Пирло е подобар шутер од Чави,има технички изработен шут од далечина,неговото ефе знае точно пред голманот да го смени правецот.Чаби е мајстор за пасови по земја,а Пирло повеќе преферира т.н. балон-топка пасови. Се на се двајца генијалци кои да ги имаш во тимот најмал проблем ќе биде топката што треба да биде дистрибуирана.
 
Андреа Пирло. И двајцата играчи се солидни, но Пирло е моментално поискусен од Чави. Гласов ми е малку навивачки ама се надевам нема врска. :icon_mrgr:
Гласав за Пирло од навивачки аспект и дека е поискусен играч.Станува збор за двајца генијалци кои си ја вршат работата во тимот на најдобар можен начин.Нивните топки се како со рака подадени.Според мене Пирло е подобар шутер од Чави,има технички изработен шут од далечина,неговото ефе знае точно пред голманот да го смени правецот.Чаби е мајстор за пасови по земја,а Пирло повеќе преферира т.н. балон-топка пасови. Се на се двајца генијалци кои да ги имаш во тимот најмал проблем ќе биде топката што треба да биде дистрибуирана.
Статистиката вика дека Чави има изиграно 50 повеќе утакмици од Пирло. Освен ако немате друга некоја дефиниција за искусен играч, пример дека Пирло играл за 3/4 тима во Италија. Па не се споредува Пирло со еден 22 годишен играч, па да биде поискусен од него.
Иначе...двајца класа играчи, слична улога во тим, сличен стил на игра, имаат се живо освоено. Најверојатно двајцата најдобри играчи на позицијата што ја играат. Сепак мојот глас јасно оди за Чави.
 
и јас за Пирло гласав само од причина што го сметам за подобар (y)
играчиште е човекот :P
до ден денес неможам да ги сватам овие дудуциве од раководството на милан што го пуштија у јуве :unsure:
 
Статистиката вика дека Чави има изиграно 50 повеќе утакмици од Пирло. Освен ако немате друга некоја дефиниција за искусен играч, пример дека Пирло играл за 3/4 тима во Италија. Па не се споредува Пирло со еден 22 годишен играч, па да биде поискусен од него.
Иначе...двајца класа играчи, слична улога во тим, сличен стил на игра, имаат се живо освоено. Најверојатно двајцата најдобри играчи на позицијата што ја играат. Сепак мојот глас јасно оди за Чави.


Поради тоа и поради тоа шо Пирло е година две постар од Чави.Бројот на утакмиците шо ги има Чави е поголем - цела кариера е во Барса,а Пирло има сменето 5 тима и тоа носи ризик да не си секогаш во игра. Пред да дојде во Милан, во Бреша и Реџина има играно стандардно а во Интер на клупа цело време па потоа другото е Историја.
 
Легенда и маестро. Не можам да ги споредам во никој случај.
 
Ако ги споредуваме индивидуално, не вклучувајќи ги нивните клубови Пирло е значително подобар фудбалер од Чави. Има далеку подобар дриблинг, подобри центаршутеви, дава подобри долги топки, далеку е подобар во изведување слободни удари итн. Чави има само подобро движењето и играта на Барса му одговара поради тоа што покрај него исто така има играчи со одлично движење. Ставето го Чави во друг тим како Милан или Јувентус ќе има длеку полоши перфорнанси затоа што во овие тимови нема многу играчи како Иниеста, Меси, Чаби Алонсо и Силва, Торес (Во Шпанија), Виља, итн.

Па ако ги споредуваме како дел од колективот тогаш се тука некаде- 50-50% но ако ги споредуваме како индивидуални играчи тогаш Пирло е далеку подобар,некаде 65-35 или 70-30%. Да беше Иниеста на местото на Чави ќе беше поизрамнета споредбава.
 
Да беше Меси у друг тим ќе беше едно големо дрво, немаше ни пола од головите да ги постигнува, да беше Чави у друг тим ќе беше исто дрво, да беше Иниеста у друг тим немаше ни пола да биде од тоа што е....

5782611520b3d69fbc68z.jpg
 
Гласав за Пирло бидејки според мене е далеко поголем креативец од Чави,има пас игра и до нога на мал простор додека има и голема прегледност на играта и на подалечна дистанца,односно знае да даде добра дијагонала најчесто крунисана со гол,додека Чави го краси пас играта на краток и мал простор,а дијагоналите му се послаба страна. Сепак мали нијанси ги разликуваат овие двајца играчи,едни од најдобрите во светот на своите позиции моментално.
 
ау каков тежок избор !! респект за двата,одлични играчи,беспрекорни лидери,играчи од кои целосно зависи како ќе се покажи нивниот тим на секој натпревар........фубалот не е индивидуална игра за да може да кажеме кој е подобар од два генијалци и предводници на едни од најуспешните тимови и селекции во свое време

гласам за Пирло,плејмејкер од кој зависи целата игра на неговиот тим,истото важеше и во Милан,сега во Јувентус,додека во Барса сите се генијалци и не мора да се истакнува секој посебно кога машината одлично функционира.....значи досега каде заиграл носи поголема одговорност дали ќе се постигнат резултати или не
 
dribling: xavi
pas: xavi
shut: pirlo
ofanziva: dvete
defanziva: definitivno xavi
slobodni: pirlo bez dilemi
se na se, dva legendi. no mojot glas odi do xavi zatoa sto e unikalen po toa sto go pravi, nikogas nemal svetot plejmejker vo tipot na xavi, koj nema pojma od sutiranje ama sepak e najdobriot.
 
Двајца генијални фудбалери во секој сегмент и тешки за споредвање и секој со свои квалитети..кај меси и роналдо можиш да дадеш најмалку 4 причини зошто меси е подобари поквалитетен фудбалер а овде е невозможно..јас гласав за Чави бидејќи се има повеќе истакнато како играч и секако повеќе освоено и сигурно кога би правеле една листа од 10 најдобри фудбалери на сите времиња Чави ќе биди пред Пирло и то е то..инаку според мене Пирло е втор најдобар италјански играч на сите времиња после Роберто Баџо..Инаку сите ќе гласаат субјективно тоа е факт но кога играа Шпанија против Италија двапати на европското се виде на лице место дека Чави е за нијанса подобар во сите можни дуели каде не загуби ниту една топка..но тоа малку и зависи од екипата
--- надополнето: 11 декември 2012 во 17:58 ---
Во превод:
Визија на играта:двата
Пас:Чави
Шут:Пирло
Контрола на топката:Пирло
Стамина(градење):Чави
Дефанзива:Чави
Подобра реакција и снаодливост:Чави
Брзина:Чави
 
Двајца уметници...тешка споредба.Според мене Чави е подобар во држењето топка,креацијата,пас играта,брзата реакција,дефанзивата и брзината.Пирло во шутот,нафрлувањата,визијата и слободните удари.Чави е подвижен мотор додека Пирло знае со неговата визија и нафрлувања да направи од невозможна ситуација за гол во чиста.
Според мене Чави е подобар за нијанси.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom