Споредба на фудбалери. [Овонеделен дуел: Винсент Компани vs Тиаго Силва]

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Пирло е подобар нормално, за разлика од Чави може да подаде на растојание поголемо од 2 метра.
 
мојот глас ќе пресуди само затоа што Чави си е секогаш онај Чави..а вистинскит Пирло го гледам само на светско или на европско
инаку кој не би ги посакал во своја екипа..двајцата имаат се освоено ..ама потекнуваат од различна средина т.е од две скрос различни подрачја за сваќање на фудбалот
Пирло има феноменална нога..перфектна долга топка и е повисок од Чави
а овај на кратко ќе ти ја скрие со феноменално точни кратки пасови(не дека Пирло не знај)
стварно одличен избор за споредба...едноставно се генији, бисери на фудбалот т.е тогаш кога се најдобри трчаат по 12 километри--а токму тоа е она што во денешниот фудбал се бара
 
Две живи легенди на светскиот фудбал. За нив ќе се пишува уште многу и по завршувањето на нивните кариери а до тогаш ќе имаме привилегија да уживаме во нивните мајстории на теренот.

Пирло е играч кој уште додека играше во Милан заедно со Малдини го имаа мојот целосен респект и потајно се надевав дека ако тој не премине во Јуве некогаш, тогаш барем Јуве да има играч со слични карактеристики на неговите. Му се воодушевував на слободните удари, на способноста од мртва игра да создаде идеална шанса за своите соиграчи, на способноста да ја задржи топката во своите нозе кога тоа е потребно... За моја и за среќа на навивачите на Јуве, дочекавме овој гениј во финишот на својата кариера да одигра и некоја сезона во црно-белиот дрес. Штета што тоа не се случи порано ама како и да е ќе можеме и ние некое време да се насладуваме на неговите игри во дресот на нашиот омилен клуб. Токму тој беше алката која недостасуваше за Јуве повторно да се издигне од пепелта и да стане конкурентен европски клуб. Што се однесува до неговата улога во италијанската репрезентација, малку е да се каже дека е незаменлив години наназад. Таму тој е моторот а кола без мотор не оди. Се зависи од неговите перформанси на средината и ако тој игра добро, Италија игра добро и обратно. Моментално не гледам негов наследник во репрезентацијата (дај Боже да грешам). Освоил се што може да се освои на клупско и репрезентативно ниво и може да се каже дека веќе оставил свој траен белег во светскиот фудбал.

Чави е играч кој преферира побрза игра од Пирло, кратки и брзи додавања кои го збунуваат противникот. Ова се должи пред се на стилот кој го негува неговата Барса години наназад а последниве години е преземен и од шпанската репрезентација. Знае во вистинско време да упати прецизна топка кон своите соиграчи, поголемиот број на додавања му се прецизни и сруши голем број на такви рекорди кои се однесуваат на прецизните додавања во повеќе домашни и европски натпреварувања. Тој е дел од најдобрата генерација на Барса, дури можеби и најдобрата генерација која некогаш играла фудбал во иста екипа. Истово се однесува и за генерацијата која игра за шпанската репрезентација каде отсуството на Меси, со кој совршено функционираат во Барса, е надополнето со неколку одлични играчи од ривалот Реал. Е сега кога ќе се спојат најдобрите играчи од Реал и Барса се добива речиси непобедлива екипа. И покрај тоа што околу себе во екипата и репрезентацијата има голем број на светски ѕвезди, Чави е незаменлива алка и слично како кај Пирло голем дел од играта зависи од неговите перформанси. Исто така и Чави има освоено се што може да се освои во светскиот фудбал и има веќе оставено свој белег во светскиот фудбал.

Не постои фан на било кој клуб во светот кој не би посакал барем еден од овие двајца да е дел од нивниот тим. Со други зборови, привилегија е да ги гледаш во дресот на клубот за кој навиваш. Навивачки мојот глас ќе оди за Пирло, инаку не би можел да се одлучам за кого да гласам.
 
Пирло беше зверка у Милан,растура у Јуве,за Чави респект али сумњам дека ако игра у друг тим освен Барса ќе се изгуби..Затоа нормално гласав за Пирло :)
 
Значи стварно ми се кења од муабети ако не играше во барса ќе беше ропак, ако не беше Иниеста до него немаше да подава така, да не беа Чави и Иниеста - Меси ќе играше за Згрополци. Муабетов да не беше баба женско - дедо ќе беше педер.
Е сега Пирло и Чави:cuc:
Да не навивав за Барселона немаше шанси да гласам, неможеш да одбереш некого тука меѓу овие двајца. Легенди, виртуози, фудбалеришта.
Чави има подобра дефанзива, подобра прегледност и подобар е во издржување на дуелите. Освои се што можеше да се освои со Барса и со Шпанија, признанија и награди од сите страни. Игра во можеби и најдобро склопената екипа некогаш
Пирло има подобар шут, подобар е од слободни и подобро нафрлува.Го препороди Јувентус откако дојде он, никогаш нема да сфатам како Галијани и компанија си дозволија да го пуштат да си оди од Милан. Јувентус нема шанси да се дигнеше толку брзо во Европа да не беше он, цела игра ја диктира он, сите играат како што свири он.
Подобро отварање на тема неможеше да има. Гласам за Чави само затоа што игра во Барселона, а искрено неможам да се одлучам кој е подобар - легенди се и двајцата.
 
Нормално мојот глас оди за Пирло. Подобар шут, центаршут, долги топки, контрола на топката, градење на топката, се на се подобар и покорисен играч.

За тие што мислат дека Чави може да игра во друг клуб освен Барса, го знаеше некој него да се создаде дрим тимот на Барса со Роналдињо и Ето?
 
Нормално мојот глас оди за Пирло. Подобар шут, центаршут, долги топки, контрола на топката, градење на топката, се на се подобар и покорисен играч.

За тие што мислат дека Чави може да игра во друг клуб освен Барса, го знаеше некој него да се создаде дрим тимот на Барса со Роналдињо и Ето?

се се ама ова..јас не знам човек однсно фудбалер да се гради подобро од Чави..па од него како пикада се одбиваат играчите
 
пирло без размислување.
чави не знае од дома да излезе без меси и иниеста.
;)
 
Значи тежок избор.Станува збор за двајца генијалци во фудбалот.И двајцата имаат освоено се што може да се освои,се главни алки во нивните репрезентации и клубовите каде што играат.Ако Пирло има неверојатна долка топка,тогаш Чави има најдобар краток пас од било кој фудбалер.Пирло има далеку подобар шут,додека Чави подобро знае да ја задржи топката во неговите нозе.И двајцата се родени победници и сигурен сум дека секој неутрален фан би ги посакал да бидат дел од неговиот тим.Додека играше Пирло во Милан,Се случуваше да го гледам Милан на Тв само ради неговите мајстории.И кога направи трансфер во Јувентус,знаев дека не е стар како што многу скептици велеа и сигурен бев дека ќе биде главна алка во тимот.Едноставно неможев да поверувам дека така лесно се откажа Милан од него и дојде токму во Јуве.Како и да е тежок избор,голем респект и за двајцата фудбалери но гласам за Пирло не навивачки туку дека кога го гледам него на теренот ме тера после скоро секој потег да го направам ова:cuc:.
 
Пирло игра на долги балон топки, додека Чави го преферира пасот по земја. Чави можеби е подобар во дефанзива и дуел игра, но Пирло знае од мртва игра да создаде шанса, а башка знае да изнуди фаул.
Моментално Чави игра во екипа во која тимската работа е главна, кратките пасови и круговите што ги прават играчите околу шеснаесетникот на противникот, додека пак во Јувентус се знае каква е играта, "Дај му на Пирло, и терај напред"
Гласот оди кај Чак Норис :icon_mrgr: само затоа што се има докажано во повеќе тимови (освен во интер :facepalm:, ама добро сите кои заминале од таму станале ѕвезди :icon_lol: ) , а моментално сам им ја организира играта на Јувентус,
 
за Чави си гласав зашто му е другар на Икер и плус рече дека тој требало да ја добие златната топка и плус со Iceboy за иста екипа навиваме :свиркам:
 
Исто ко Iceboy, да не навивам за Барса, немаше шанса да гласам. Не можам да направам споредба и да кажам кој од двајцата генијалци е подобар. Малку навивачки, го одбирам Чави, мислам дека има мали предности во градење и задржување на топка. Пасовите на двајцата генијалци ни на PES не можеш толку прецизно да ги направиш. :)
--- надополнето: 14 декември 2012 во 16:07 ---
Бај д веј, колку проѕирна дволичност... Кога се зборува за Меси: Да не е Чави зад него, нема да знае гол да даде.
Сега, според мислењата што ги читам и според резултатите на анкетата, Пирло е подобар играч од Чави.
Епа добро, мајку му. Зошто тогаш Џовинко, Вучинич и Матри не даваат по 90 гола годишно, кога зад нив е Пирло, а Пирло е подобар дистрибутер на топки од Чави(пошто целиот успех на Меси зависи од Чави)? :rolleyes:
 
Бај д веј, колку проѕирна дволичност... Кога се зборува за Меси: Да не е Чави зад него, нема да знае гол да даде.
Сега, според мислењата што ги читам и според резултатите на анкетата, Пирло е подобар играч од Чави.
Епа добро, мајку му. Зошто тогаш Џовинко, Вучинич и Матри не даваат по 90 гола годишно, кога зад нив е Пирло, а Пирло е подобар дистрибутер на топки од Чави(пошто целиот успех на Меси зависи од Чави)? :rolleyes:
Глупа ти е споредбава.

Меси дава голови затоа што е Меси. Матри не дава затоа што е Матри. И Чави да е место Пирло во Јуве, Матри пак нема да дава голови. И Пирло да е во Барса место Чави, пак Меси ќе дава голови. Едноставно е. Нападот од Барса не може да се споредува со овој од Јуве, меѓутоа Пирло и Чави можеш да ги споредуваш. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom