Прекрасна победа, душата ми се врати на место и неделава и онака се осеќав комплетен во многу аспекти од мојот живот, а со победава едноставно ја крунисав мојата душевна спокојност. Инаку вака едно нешто што гледам никој да го истакне е како сите велат дека без Суарез не би биле ништо, ја исто сакам да додадам дека без тандемот Шкртел-Агер нашиов клуб би се распаднал и сега со КПР ќе се боревме за излез во втора лига. Овие двајца се најпотценетите играчи кои сме ги имале во последниве 5-6 сезони, нивниот удел во нашата игра ретко кој го истакнува, а сепак они ни се клучен столб кој не гради кон нови височини.
Честито победа Скаузери, сега не очекуваат стриктно натпревари во ПЛ и нигде на друго место заедно со Луис Суаерз во тимот, ги дочекуваме Вила па Фулам, па на Британиа против Стоук на боксинг деј, потоа ден пред Нова Година кај КПР, за во 2013 да ги дочекаме Сандерленд и на 13ти да свртиме на мегдан кај коњските говна. Во меѓувреме да сврземе некој трансфер, Борини да се врати и да оддржиме константна форма, бидејќи само 6 бода не делат од 4то место.
In Rodgers we trust! YNWA !!