Георгиевска воопшто не напредуваше како што посакувавме, исто игра уште од тогашНадеж беше Ѓеоргиевска, која уште на 17 години знаеше да изведе солиден скок-шут и не ретко да гаѓа добри голови во аглите. Нешто што некогаш и далеку поискусни имаат мака да го прават. Ете го резултатот, Ѓеоргиевска денеска е член на Будуќност![]()

А и во Будуќност колку што знам не се наигруваше многу, можеби сум грешка.
Тоа се должи на фактот што од распадот на Кометал, во Македонија немаше некое поголемо вложување, си земаа пари во Металург, а со минимални сили си ги плескаа противниците, така да изгледа ништо не тренирале во последниве 5 години...
Да се вложуваше како на времето во Кометал, Георгиевска сигурно ќе беше два-три пати подобро од тоа што е денес.
Надеж ми даваат Русите во Вардар, пошто ми изгледаат дека сериозно ќе вложуваат на подолг рок. Ако имаат само краткорочни планови ондак за некоја година сигурно ни квалификации нема да играме...
И Саздовски почнала во Ѓорче, али после отишла во странство а игала и во Жито Прилеп.
Од нејзе не очекував нешто многу, затоа позитивно ме изненади, има одлична градба, има добар скок, мора да работи уште многу на шутот. Со тоа што е дел од вардар во кој бар во моментов ги имаат сите услови за тренинзи, ми дава насдеж дека ќе ја биде за некоја година...





која брука сме значи,подобро турчинкине да одеа,ГАРАНТ немаше олку бедно да изиграат. Како и да е,дур не се појават вистински ракометарки нема потреба да се мачиме по првенства.


сега е во тие години кога го дава максимумот.Ивана Саздовски релативно млада има 22 години,се крева на шут не се плаши,уште малце да поработи иначе има доста силен шут.Славица Мркиќ исто релативно млада ракометарка има висина доста снажна.Тоа десното крило што влезе при крај Симона Гроздановска од Металург исто е солидна се гледа дека се трудеше да даде гол.Само на местото на оваа Митрева сакам да ја видам Ива 
Не може целата вина да се префрли на нејзина сметка зошто и оние што играа одбрана играа со страв ама онакво поставување од репрезентативен голман јас до сега немав видено.Нападот без ниту една одиграна акција.Цело време се форсираше индивидуален потег на Црвенковска и Николиќ и горе-доле овие две добро си ја завршија работата ама затоа другиве нигде ги немаше.Бајрамовска на 3 пати се крена на шут од 15м и 3 пати ја залепија...ама она НБА лепење.