Европско Првенство за жени 2012 - Србија | 4 - 16 декември |

Статус
Затворена за нови мислења.
Дали видовте која спретност и брзина ја имаше данкава кога трчаше во контра? :eek:
 
Македонија - Данска ја гледаме или некоја друга? :icon_lol:
Пак да си прашам.Кај ни се крилата?
Зарем ние имаме крила
eek2.gif
 
Па 22 година има, не е нешто којзнае колку стара. Кај сакаш да научи кога нема еден асален клуб во државава?
Металург ги собраа репрезентативките, ама реално и со никаков тренинг си остваруваа резултати во лигата, така да се гледа колку заостанале тие играчи по распадот на Кометал. Сега со превземањето на Вардар од Русите може ќе се направи некоја конкуренција, а и сигурно условите ќе им се подобрат.
Плус во женска категорија Металург не вложува којзнае колку, а за противници освен Жито Прилеп кој беше малце од малце посолиден противник, дсругите низ годиниве му беа школски екипи. Жими ти во оваа регионалнава лига, тук таму што ќе изиграа некој појак меч.
Кометал немаше конкуренција во МК, ама имаше силни Европски мечеви, а истотака се вложуваа и многу повеќе пари тогаш.
Секако, имавме и многу натурализирани што дополнително го зголемуваше квалитетот.
А колку треба да има за да дознае дека целта на играта е да го совладаш голманот а не да го гаѓаш него? Или пак ја учеле дека подобро е да гаѓаш средина, надевајќи се дека голманот ќе бира страна (како што обично бранат нашите) и можда од 5-6 шута ќе погодиш еден :facepalm:
 
Не ми се верува колку мизерна репрезентација имаме, делуваме како маалска екипа, со мал милион технички грешки, рацете им се тресат. Очај и катастрофа...
Како се пласиравме на првенствово бе, па и Франција у Скопје ги тепавме. Кај заминаа тие играчи?
 
А колку треба да има за да дознае дека целта на играта е да го совладаш голманот а не да го гаѓаш него? Или пак ја учеле дека подобро е да гаѓаш средина, надевајќи се дека голманот ќе бира страна (како што обично бранат нашите) и можда од 5-6 шута ќе погодиш еден :facepalm:
Ударите и ги бранат дека немаат силина шутевите, а и шутот доаѓа од релативно лоши позиции, па незнам што удар очекуваш...
Јас не реков дсека ќе ја предовид репрезентацијата, не реков дека по 20 гола ќе дава, туку дека има надеж.
За разлика од другиве, бар се обидува да направи нешто, не е само да се вртка и да ја бара Николиќ за да и ја додаде топката. Знае да тргне сама, да се крене на шут, али реално шутот и е лош засега.
Како што кажав млада е, и има време да напредне.
 
Дефинитивно последно учество на првенство за некоја наша женска репрезентација.
 
Страшно е што овие поискусните и по 10 години не научија да играат ракомет. А почнаа карира кога женскиот ракомет имаше реноме во Европа.
Ја да бев у РФМ ќе го откажев учеството на ЕП.
Едно е да имаш лош ден или лош турнир, а друго да немаш поим од играва.
 
Ударите и ги бранат дека немаат силина шутевите, а и шутот доаѓа од релативно лоши позиции, па незнам што удар очекуваш...
Јас не реков дсека ќе ја предовид репрезентацијата, не реков дека по 20 гола ќе дава, туку дека има надеж.
За разлика од другиве, бар се обидува да направи нешто, не е само да се вртка и да ја бара Николиќ за да и ја додаде топката. Знае да тргне сама, да се крене на шут, али реално шутот и е лош засега.
Како што кажав млада е, и има време да напредне.
Надеж беше Ѓеоргиевска, која уште на 17 години знаеше да изведе солиден скок-шут и не ретко да гаѓа добри голови во аглите. Нешто што некогаш и далеку поискусни имаат мака да го прават. Ете го резултатот, Ѓеоргиевска денеска е член на Будуќност (y)
 
До тука ни беа силите, ајде некоја друга година ќе ја пробаме среќата пак..:(
 
Се надевам дека е се во ред со Пецевска. :(

Саздовски ми е мн ко машко во фацата,може ќе биде ракометарка ама грдичка е :S

Гол разлика -31 :pos: која брука сме значи,подобро турчинкине да одеа,ГАРАНТ немаше олку бедно да изиграат. Како и да е,дур не се појават вистински ракометарки нема потреба да се мачиме по првенства.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom