Девојче како и другите што напоменале, ќе кажам и јас, ќе бидеш и ти студент па ќе видиш какви се бенефиции имаш. Инаку се имам најдено во ситуација, сабота беше преку ден и во 5ка се возев, од Аеродром за накај Тафталиџе, а притоа премногу ми беше лошо, и успеав да седнам бидејќи имаше слободни места, за по некоја станица една жена со дете кое имаше накај 12 години, уште не качена што се вика да почне да ми вика да станам да седнело детенцето. Нема проблем, станав, но дали мене ме праша некој колку ми е лошо и од кога девојката што седеше позади мене(до пред да ме станат) забележа колку ми е лошо и дека можам да се онесвестам во секој момент стана и буквално ме фати за рака и ме седна.
И не ми е тешко, ниту ми претставува проблем да станам на некого, но на некој што ми се прави паметен, а притоа и навредува, нема да станам. Јас имам баби и дедо но тие НИКОГАШ не излегуваат ако е вторник, петок или сабота. Доколку треба да одат на лекар, дали е за контрола или што и да е, одат или ден порано или ден покасно. А другиот дедо, кој што ми почина, беше возач во ЈСП порано, да слушнеше колку маки тие си имале со пензионери, уште кога бил помлад и кога немало бесплатно возење може ќе разбереш зошто имам некој таков став. Што мислиш како е кога некоја жена ќе се симне од автобус и после тоа ќе се лизне и ќе падне, потоа ќе отиде во ЈСП за да каже дека шоферот тргнал дур таа сеуште се симнувала, а притоа сведоците кажуваат дека сама паднала, со што на дедо ми од платата му крателе пола и повеќе за да и платат штета, а вработен бил само дедо ми и имал 3 деца за ранење, облекување, школување и ред други работи ... така да не се баш толку некои и за жалење.