Fringe

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Голем пропуст, да се корегирам уште еднаш. Во црната линија на обсерверите Питер не постои дека се удави (поточно уште во црвената).
Септември од црната се врати и го спаси.
Питер уште од почеток кога го гледаме е аномалија.
:)

Затоа овие неможат да го следат.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298
Еве затоа Питер да не можат, ама останатите ? И под останатите не мислам на Волтер, Олива и Астрикс :P, туку на отпорот.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Како само не те мрзеше сето ова да го објасниш и како само не се изгуби додека го објаснуваше уште неможам да сфатам :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Еве затоа Питер да не можат, ама останатите ? И под останатите не мислам на Волтер, Олива и Астрикс :P, туку на отпорот.
Пишувам Питер, ама не е само тој главниот протагонист, Септември им ја промени иднината на сите од тимот. Значи пак, линеарно, црвената линија сите си живеаат среќно или умираат and whatnot, oд таа линија доаѓаат обсерверите, во таа линија каде што живеат обсерверите кај нас можеби Оливија се омажила и откажала од работа, Питер умрел некаде во Ирак, можеби живеат под опресија на обсеерверите, етц.. во таа линија нашите не постојат. Ние ја следиме следниот чекор, линијата каде Септември се враќа назад и ги спасува и помага. Значи, во црната линија неможат да ги следат. Препрочитај. Инаку зборувавме за тоа "техничкото" следење. Питер со помош на технологијата како ги лови, тие со истата како неможаат.

Сега гледам, веза немам околу отпорот, не сум размислувал.


Како само не те мрзеше сето ова да го објасниш и како само не се изгуби додека го објаснуваше уште неможам да сфатам :)
Кој вели не се изгубив... :icon_lol: Ама затоа ја следам серијава, не ради дали Питер или Оли ќе се смират и изгушкаат, дека ме тера да си прогнозирам. Како ЛОСТ само со повеќе детали. :)
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
146
Поени од реакции
15
Бев скептик за серијава, но си реков да ја погледнам, и така во рок од 2 недели ги изгледав сите 4 сезони, а сега ја следам и 5тата. Серијата е многу добра, јас обожавам SciFi серии, а и темата која се обработува за паралелниот универзум е доста добро разработена и одглумена. Би и дал 10/10 на серијава бидејќи ми е подобра од мојот претходен фаворит Doctor Who. Со нетрпение очекувам да дојде расплетот да видиме како ќе се ослободат од Обсерверите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
13 септември 2012
Мислења
59
Поени од реакции
8
Обзервери ајде подајте торент за 5та сезона :vozbud:
 
H

HoT IcE

Гостин
Почнав да ја гледам серијава, ја изгледав првата и втората епизода, и дефинитивно ми се допаѓа серијава.
Не сум некој голем филмоман, така да Фринџ е првата sci-fi thriller серија која ја гледам, и според епизодиве ми се допадна.
Волт е одглумен опасно, Питер ми е интересен лик, а Оливиа ми на моменти ептен секси и привлечна, на моенти ме нервира.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Значи Оливија и тој што ја напишал епизодава нека се фатат рака под рака и нека скокнат од некаде... Таман детето си разви здрав што-ги-ебам-ќе-ги-сечам став, таа почна со нејзините мамбо-џамбо глупости...

Очекував крајот на епизодава да биде врв, тотално ми го уништија...

Баш би сакал да видам реакции подоцна, мислам дека дури и wot ќе биде од моја страна овој пат :)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Не знам, целта им е да покажат дека љубовта е тоа што ги дели луѓето од Обсерверите и Оливиjа имаше добра поента. Сега Питер знае дека треба да го убие Виндмарк но во моментот кога ќе престане да чувствува емоции никоj не може да гарантира дека нема да се сврти кон своите. Башка ако го убиеше Виндмарк утре ќе требаше сериjата да заврши, вака ќе има плус неколку епизоди :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Meне ме разнежнија флешовите, а и Олето ми беше одлична епизодава, од говорите до глумата. :)
Инаку да, се согласувам дека усраа малце, единствено што не ме подмрдна од пред екран беше шаховската партија меѓу Питер и Виндмарк.
А резултираше слабо.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Значи Оливија и тој што ја напишал епизодава нека се фатат рака под рака и нека скокнат од некаде... Таман детето си разви здрав што-ги-ебам-ќе-ги-сечам став, таа почна со нејзините мамбо-џамбо глупости...

Очекував крајот на епизодава да биде врв, тотално ми го уништија...

Баш би сакал да видам реакции подоцна, мислам дека дури и wot ќе биде од моја страна овој пат :)
Абе јас сакав да испцујам, ама ај ке прескокнам за да не добијам бан. Само колку сочни зборови бев спремил.....
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Meне ме разнежнија флешовите, а и Олето ми беше одлична епизодава, од говорите до глумата. :)
Инаку да, се согласувам дека усраа малце,
Добро,are you a girl or something...? Има нешто што може тебе да те изнервира? :)

Како можете да го сварите кукањето на Оли и Волтер ич не ми е јасно.

Прво, двајцата запнале со тоа:

„Питер мисли дека ова е единствен начин да го спаси светот“
- „О не, каков идиот, мора да го спречиме!“

А шо ако тоа е екшуали... навистина единствениот начин да го спаси светот? Секоја здрава логика налага дека да, тоа е начинот, бидејќи пред тоа беа тотално инфериорни и единствениот вистински прогрес се случи откако Питер почна да добива супер моќи. Без моќта на Питер тие се само група пацери кои се кријат во подрум. А овие двајца шокирани, како дечково не знае што прави.

Второ, Волтер вика: аман сине, ми вети, не ме оставај сам, додека Оли се труди да ја викнат во следниот Твајлајт филм со тоа жалопојките. Светот е окупиран, алооооо! Има поважни работи од тоа дали ќе останете сами. Замисли ако Гоце Делчев останеше дома со женска му и со татко му. Ебеш кревање револуции и пусто турско. Има поважни работи од тоа.

Ете, сега Питер ќе ги среди голорак. Не можеше како супер Питер, ама како обичен Питер кичма ќе им искрши. Ем Олето сита, ем овците на број.

And all the wots in the world will be so happy!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Добро сега, може само да претпоставуваме, под претпоставка дека ќе заврши со хепиенд. Сепак имаат две направи обзерваторски, и во секојмомент можат да си ги вбризнат, заедно до крајот на светот и слично, можеби Волтер ќе си го вбризне, па замисли го интелектот од стартниот Волтер со направава, добро, ќе немаме матрикс потези, ама секако би го надмудрил Виндмарк. Кога сме кај кукањето на Волтер (и Олга, како Астерикс стана, секако ја завикавме) не е од епизодава, од поназад моли да не го остава сам као, незнам некако премногу ставаат акцент на тоа, и може да претпоставуваме дека ќе има некоја потреба од woшиот Волтер понатаму, во стил убиј 40 посто да спасиш 60 посто, онака од светот.

Башка, уште го имаат оригиналниот план за требење Обзервери, ова пропатно сега.. небива све да биде успешно ипак.

А за Олга мислев кога и се стави на цркињата, ептен носталгично беше и преку цела епизода некако навивав за неа, затоа можеби и крајот не ми пречеше колку што треба.
Некогаш е битно да си со луѓето што ги сакаш, а не секогаш луѓето се херои. :) А и искрено, без Ета нереално е да би имале опака мотивација и пожртвеност.

Има инаку. Последен пат ме изнервира Continuum. :icon_lol:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Па тоа се чудам... вака емотивен карактер како тебе би требало да се поврзе со Кира на некое ниво... :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Нешто Оливија многу разубавена ми се чинеше последната епизода. Ми се свиѓаше тоа што доби повеќе простор во епизодава и конечно и` дадоа некоја задача да заврши сама.

Она што не ми се свиѓаше беше делот со Питер бидејќи испадна дека трансформацијата околу која се дигна толку галама (и која беше причина за секакви теории) последните неколку епизоди - била за џабе. Освен, нели, да покажат, по милионити пат во серијава, дека love can move mountains или некоја слична патетика. Не дека тоа не го знаев уште кога Оливија имаше флешови од Питер во трета сезона. И во четврта. Мислев дека јадрото на сезоната ќе биде битката против Обсерверите, а не уште еден will they or won't they заплет.

На сметка на тоа, многу бавно се движат кон комплетирањето на машината и конечната пресметка. Се надевам дека ќе ги убрзаат работите сега веќе кога ја решија „страшната“ ситуација на Питер. Сега можат да се посветат на една друга ситуација, додуша не толку страшна, а тоа е светската инвазија.

И кога веќе Питер знаеше дека Виндмарк ќе му упадне во станот без да знае дека тоа е испланирано, зошто не го среди тогаш? Најверојатно бидејќи сценаристите планираат да го скинат некоја наредна епизода.

Кукањето на Волтер не ми смета, и никогаш нема да ми смета, од проста причина што уживам во глумата на Џон Нобл. Плус неговата состојба е нешто ново, гледано од емотивен аспект. Се согласувам со wot дека ваквата состојба во иднина би можела да резултира со некакви драстични Волтернејтовски постапки.

Кратко кажано, последната епизода не ми се допадна, ама ај, барем колку-толку ми даде надеж дека конечно расчистија со љубовните заплети, поради што порастеретено ќе можат да се посветат на спасувањето на светот. Мислам дека е редно време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom