Homeland

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да ми одговори дали имаше проблем со синхронизацијата на епизодава (во хд и обичен рип) од аспект на каснење на звук?
 
Некој да ми одговори дали имаше проблем со синхронизацијата на епизодава (во хд и обичен рип) од аспект на каснење на звук?
Не, се беше ок.
 
Како мине времето почнува да не ми се бендисува.
Првата сезона беше супер, интересна, напната, како да е реална приказна од секојдневието.

Последниве неколку епизоди од вторава сезона тргнаа во погрешен правец, премногу личности дознаа многу информации и расплетот беше брз, прерано го фатија главниот лик дека е терорист-соработник, и најбитното од се главниот терорист дојде лично во Америка и си се шета слободно!! Веќе кога ја правеа приказната во „Бин Ладен стил“ нека продолжеа со тоа темпо, а не најбараниот терорист шета по Америка избричен и сам лично киднапира агенти на ЦИА, што нема логика! Како што кажа некој погоре дека почнало да потсеќа на 24 што и мене ми беше првата мисла после овие епизоди. Како во тој правец да оди целата серијава, а тоа е лошо не едобро, едноставно ќе ја уништат и шмекот што го имаше од првата сезона ќе прерасне во обична акциониа кој секого секого брка и убива.
 
А што ти е чудно тоа што шета по Америка најпознатиот терорист? Мене далеку поглупи ми се секс сцените, некако во чудни моменти се случуваат :)
 
Како што кажав кога почна серијата делуваше реална приказна, секојдневната реалност. Терористот и организацијата што се опишуваат така ли делуваат, лично најглавниот оди и киднапира?? Тоа се функционира преку ќелии, поданици, обични луѓе, а главниот се крие во Тора Бора... со еден збор не сакаме уште една 24, а натаму оди.
 
Да речеме дека Броди е надвор од контрола и Абу Назир лично дошол да се осигура дека ќе биде нешто од неговиот пулен. Пошто години вложи во перење мозок на истиот за сега да се откаже така лесно. So, it's personal.

Макар што, ниедна серија што ја гледам не ми се свиѓа во кој правец оди...
 
Зашто би се мучел Абу Назир да му пере мозок на Броди толку време кога очигледно го има Естиз во раце и можел да си сврши работа. Глупости.
 
They got him. :cuc:

Не мислев дека толку лесно ќе биди. Добро, не беше баш лесно...ама сепак, не очекував дека ќе го убијат. Очекував бомби, самоубиство, дури и дека ќе избега за пак да продолжи со " мисијата " .

Ама, добро е што сценаристите знаеа дека тоа би било глупаво и веќе три сезони да го тегнат барањето на Nazir.

Едвај ја чекам последната епизода. Се надевам на Happy Ending за Carrie и Bordy, барем за една епизода. Ама мислам дека Estes и Quinn ќе го остварат својот план.

А, како и да е...појма немам ако би можеле да продолжат со серијава. Ептен глупаво би било ако сите го третираат Brody како ништо да не се случило. Или ќе го натераат да замини од Конгрес и од Вашингтон или Quinn ќе го убие.
 
ОК, и сега?

Упм, крајот не можам да и` го фатам на серијава. Стварно не знам што да очекувам повеќе.
 
Нешто добро, нешто лошо.
И сега единствено логично решение за финалето ми е дека Кери ќе го убие Квин, едноставно не гледам како поинаку би терала серијата ако не се случи тоа.
Има тензија тоа и признавам, времето не го осетив кога помина (последниве две ги гледав наеднаш), ама незнам на каде планираат да тераат со сценариово.
 
9/10 според мене многу добра епизода, освем крајот.

П.С. Колку сезони се планирани?
 
9/10 според мене многу добра епизода, освем крајот.

П.С. Колку сезони се планирани?
Минимум три.

Ако веќе оценуваме, последната епизода од мене има 6.5/10. За серија како Homeland тоа е малку. За некои други серии, на пример Dexter, тоа би било премија.
 
Мене само крајот ме разочара малце, другите дел ми беше супер, најверојатно оцената ми ја поматија деловите кога го испитуваа Сол, како и моментот со Назир, како целина можеби не беше за 9...
 
Homeland Preview Scene (Episode 12) - A Clean Slate

Најмалку што очекував е серијата да се движи кон љубовна приказна. На почетокот сезоната беше одлична дури и подобра од првата меѓутоа воопшто не сум задоволен од последните 2-3 епизоди. Што се однесува до мене доколку не се сличи нешто спектакуларно во финалето серијата може да заврши со сезона 2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom