Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли да ми кажете некој јадења кои се калорични,но не се масни,бидејќи ми се случува да внесам 100 гр. протеини,но што се однесува до калориите сум мизерен неможам ни до 2000 да стигнам
 
Може ли да ми кажете некој јадења кои се калорични,но не се масни,бидејќи ми се случува да внесам 100 гр. протеини,но што се однесува до калориите сум мизерен неможам ни до 2000 да стигнам
Па за да пополниш калории ти требат масти. Треба да си пресметаш по твоето тело, на пример на секој килограм мускулна маса да внесуваш од прилика 1-3 грама протеин(во зависност што сакаш да постигенеш), 4-6 грама јаглехидрати и останатото го дополнуваш со масти во зависност колкав треба да ти биде дневниот калориски внес. Иначе сите калорични јадења се со масти, за тоа се и калорични. 1 грам масти е еднакво 9 калории, додека 1 грам протеин или јаглехидрати е еднакво на 4 калории.
 
Може ли да ми кажете некој јадења кои се калорични,но не се масни,бидејќи ми се случува да внесам 100 гр. протеини,но што се однесува до калориите сум мизерен неможам ни до 2000 да стигнам
Ај да беше прашањево обратно да требаше да се мисли човек како да склопи нискокалорични јадења ама за високо калорични имаш милион примери.
Наједонставно, земи јади путер од кикиритки, 4-5 лажици и веќе си внел не ме држи за збор ама 500калории некаде
 
Има ли некој искуство со соја сосот? Слушам дека се користи како замена за сол,колку е всушност тоа ефективно?
 
Има ли некој искуство со соја сосот? Слушам дека се користи како замена за сол,колку е всушност тоа ефективно?
Многу не ефективно зашто ставаат шеќер или глукозо-фруктозен сируп.Ок е да зачиниш нешто но додава калории :)
 
Земав обезмастено сирење на пазар, е сеа таа ја прашав ми рече дека скоро и да немало масти во него, ама за белковини незнаеше да ми каже, некој ако има информација околу колку проценти би требало да содржи
не јади многу сирење , не е убаво. боље урда јади .
--- надополнето: 4 декември 2012 во 01:06 ---
Има ли некој искуство со соја сосот? Слушам дека се користи како замена за сол,колку е всушност тоа ефективно?
Каков е тој соја сос и прв пат слушам дека е замена за сол ?! о.О ај кажи нешто поише ме заинтересира :)
 
Дали ќе има некои несакани нус појави од комбинација на рибино масло со млеко?

Всушност, не е баш комбинација, ама сепак.. Оброците во првата половина од денот ми се следните:
- веднаш после станување пијам 50гр. гејнер (со вода)
- половина час подоцна јадам овесни снегулки со 250мл. млеко
- два часа подоцна јадам 200гр. бисквити со 250мл. млеко
- ТРЕНИНГ
- и тн.

Јас планирав да го пијам после првиот оброк, нормално од сабајле, за да ги имам неговите придобивки преку целиот ден, ама се мислам да не има некои несакани ефекти, бидејќи првиот оброк секогаш ми е овесни снегулки + млеко. Комбинацијата млеко и риба некако ми е чудна.. :) Не е некоја голема количина, една супена лажица пијам, но сепак..
 
Како беше работата со урдата... што е по сува (полесно се двои) толку помал % на масти содржи или обратно ? :)
 
Како беше работата со урдата... што е по сува (полесно се двои) толку помал % на масти содржи или обратно ? :)
незнам за тоа, јас увек читам на паковањето обично зимам урда здравје радово најбоља мие .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: X3m
Јас купував изварка, ама сега не ја гледам нешто низ маркетите... сеа дома видов урда у фрижидер па пред спиење изедов едно 250г и ми беше многу повкусна од изварката... па затоа прашам, оваа беше таква сува
 
не јади многу сирење , не е убаво. боље урда јади .

Кај пишав дека јадам многу сирење? Прашав за белковини затоа што има некои содржат околу 10, некои околу 20, а јас ги мерам оброците.
 
може некој да ми даде линк од некој калкулатор за исхрана.
она која храна колку протеини,масти,јх, калории содржи.
 
не јади многу сирење , не е убаво. боље урда јади .
--- надополнето: 4 декември 2012 во 01:06 ---

Каков е тој соја сос и прв пат слушам дека е замена за сол ?! о.О ај кажи нешто поише ме заинтересира :)
Па и јас сега слушнав за него,ми го препорачаа во теретана,баш како замена за сол пошо и јас водам ако може да се каже еден строг режим бидејќи цел ми е мускулна маса,па на овој начин всушност комплетно се елиминира нели употреба на сол што уствари кај нас жените предизвикува појава на целулит. Така што побарав мислење од некој поискусен на оваа тема пред целосно да го исклучам од исхраната.А уствари е еден вид на течност,нешто како оцет,не мириса убаво,но има добар вкус,баш го имам неколку пати ставено врз стек и мислам дури и повкусен ми го прави.
 
може некој да ми даде линк од некој калкулатор за исхрана.
она која храна колку протеини,масти,јх, калории содржи.

пиши на гугл:

xxxxx nutrition facts и отвори ја страната од nutritiondata

пример

beef nutrition facts, rice nutrition facts
 
Добро е да се зема омега-3 како додаток? Иначе јадам многу често риба и од тие грицките (лешници, фстаци..), па затоа се замислив малку..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom