Ако го продадеме и Волкот комплетно ќе изгубам верба во нашиов тим и политиката. Значи не сме децана више да не лажат резултатите дека ќе дојдат, коа клучни играчи си одат од тим секоја година по 1-2ца јасно е дека наредната сезона немаме шанса за титула, незнам што се надеваме и палиме ние.
Само треба да се појасни малце, нека кажат пари сакаат да праат, барем да не очекуваме да не се разочаруваме секоја сезона.
Најскапа карта сме имале во ПЛ, голем кур, па што им(ни) даваат за возврат Венгер и управата на фановите, разочарување секоја сезона..
Фудбалот доста се смени од коа дојде Венгер првите години во Арсенал до сега, дојдоа шеиците, нафташите, големи пари влегоа во игра, многу јасно дека на некој ако му понудат значително поголема сума во друг тим ќе си оди.
Ние ги кривиме Перси, Цеск, Насри, Сонг дека си отишле, дека се предавници дека се незнам што.. треба да си гледаме кривицата кај нас, колку пари толку музика, немаме пари да му дадеме, друг има што ќе фрли, за жал така фунционираат работите од коа почнаа да се расфрлаат со милиони парајлииве и да си играат Football Manager in real life..