Бугарија призна вина за македонските Евреи

Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Наполно кратко - Бугариja не може да носи вина за нешто што не било во неjна полна ингеренциja. Ако сакаш да фрлиш вината врз Бугариja треба да докажеш дека таа е можела по друг пачин да постапи и да ги зачува.
А да сопреш да лажеш така бесрамно, може ?

Велиш дека не носите вина оти тие биле надвор од вашата власт. Ама нели токму вие со ваш специјален закон сте ги остаиле евреите надвор од вашата власт! Па нели токму бугарското собрание изгласало закон со кој на евреите, и тоа специјално и само на нив, не им е дадено бугарско државјанство во “новите“ земји! И тој закон е во согласнот со поранешните антиеврејски закони изгласани од бугарското собрание уште пред да станете дел од оската!

Значи Бугарија има целенасочена антиеврејска политика со години, уште пред да се вмеша во војната, ова злодело ви е само кулминацијата. Е кој има вина за вашите антиеврејски закони - ние ли??? Некој друг ли ви ги гласа законите, може би Кинезите, а? Ма како бе, вие донесувате закони, вие потпишувате договори да ги депортирате, вие ги уапсите, ги депортрате, па накрај сте најневините суштества на светот. ...
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
220
Ама како само се правите дека не знаете за што се работи, ех леле што сте ми невини !!! Абре , од месечината се гледа оваа демонстрација на нациската идеологија како државна бугарска политика, ....
Забавно е да се гледа колко поврхностно гледате на историjата.
През 1936 г. на Олимпиjскиот стадион во Берлин делегациите на Франциjа, Канада и ред други држави минаха со нацистички поздрав. Дали тоа значеше "демонстрација на нациската идеологија како државна френска/канадска политика, симболите на таа античовекова идеологија се на највисоко ниво за почит на френските/канадските спортисти, парада на антисемитскиот режим"?

BTW, знамето е спуштено од сграда користена за резиденциjа од германската легациjа во Бугариjа.
Наспроти неjа е посолството на Австриjа, кое после аншлусот е дел од германската мисиjа.
Ама коj да ги знае тие работи???
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
А дали Франција, Канада и другите стапија во воен сојуз со Германија? НЕ !
Дали Бугарија стапи во сојуз со нацистичка Германија? ДА !
Дали Франција, Канада или друга земја донесе антиеврејски закони? НЕ.
Дали Бугарија донесе антиеврејски закони ? ДА !
Дали Франција, Канада и другите спроведоа депортација на еврејското население ? НЕ! Дали Бугарија спроведе депортација на еврејското население ? ДА !
Ние ги знаеме овие работи, ти очигледно не !

Може многу паметен да се правиш, ама факт е дека во Бугарија антисемитизмот е државна политика!
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
ajax: Аз показвам документи прво за статута на тези територии, второ на самија факт,че тези хора не са били булгарски граждани. Закона е приет преди да влезнат германските војски в југославија, со тоа и Македониja. Този закон не е бил направен за да не се даде точно и единствено на македонските евреи државенство.

Никоj не негира,дека имало антисемитска закон. Тоj е факт.Да, евреите одели во работни кампови,но самиот факт,дека евреите от Македониja не били внатре е доволен дека те не подлежат на jрисдикциjaта на Бугариja. Ти сакаш сега да обвиниш Бугариja затоа што не им дала државенства?Преминавте от фазата - бугарите убиха евреите, през бугарите екстрадираха евреите, сега бугарите не им дадоха државенства на евреите.

Извештаja во коj се наведува дека ФОРМАЛНО евреите са предадени на Германиja е малце поназад во темава.

Да, Бугариja има вина затоа што не е могла да ги спаси.
--- надополнето: 23 ноември 2012 во 23:17 ---
А дали Франција, Канада и другите стапија во воен сојуз со Германија ? НЕ ! Дали Бугарија стапи во сојуз со нацистичка Германија ? ДА ! Дали Франција, Канада или друга земја донесе антиеврејски закони ? НЕ. Дали Бугарија донесе антиеврејски закони ? ДА ! Дали Франција, Канада и другите спроведоа депортација на еврејското население ? НЕ! Дали Бугарија спроведе депортација на еврејското население ? ДА ! Ние ги знаеме овие работи, ти очигледно не !

Може многу паметен да се правиш, ама факт е дека во Бугарија антисемитизмот е државна политика !!!
Колко пати Бугариja одби соуз со Германиja? 2 пати! Кога Бугариja подпиша договора- СЛЕД като германските воjски влезнаха во Бугариja!
--- надополнето: 23 ноември 2012 во 23:29 ---
Може многу паметен да се правиш, ама факт е дека во Бугарија антисемитизмот е државна политика !!!
Да пази господ, зарад таа антисемитска државна политика популациjaта на евреите во Бугариja во време на ВСВ пораснала!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Бугариве матат ли матат вода ама никако да не излезат од калта.

Аргументите им се зачудувачко инфантилни, те оставаат без зборови, не знаеш дали се сериозни или иронични во намерата да ги исперат дамките од минатото.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Ч Е Н Т О напиша:
Според тебе Бугарија НЕМА ВИНА ЗА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА..?

Кратко и јасно одговори со:

ДА или НЕ..?
Бла, бла, бла, блааа...

Да, Бугариja има вина...

Бла, бла, бла....
Ете, како после толку време поминато во тресење празна слама си легна на брашното и го призна она што цел нормален свет го знае.

А за сликата од погребот на царчето, за која немате никакви примедби и се' ви е во ред со неа...
...па да, тоа ни е на сите јасно уште многу одамна.

Со дополнителното тролање само ја запечатувате и онака јасната слика и за царчето, и за Бугарија, и за вас.

Бе нема Македонија да кажува за Евреите, пак, биле тие и македонски. Државата Израел ќе кажува! Будали сте!
Ајде сега погледни си го потписот овде, па оди застани пред огледало и сам кажи си го тоа што ти следува.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ете, како после толку време поминато во тресење празна слама си легна на брашното и го призна она што цел нормален свет го знае.

А за сликата од погребот на царчето, за која немате никакви примедби и се' ви е во ред со неа...
...па да, тоа ни е на сите јасно уште многу одамна.

Со дополнителното тролање само ја запечатувате и онака јасната слика и за царчето, и за Бугарија, и за вас.


Ајде сега погледни си го потписот овде, па оди застани пред огледало и сам кажи си го тоа што ти следува.
По стара традициja некои немат мажка смелост да цитира един пост па манипулира дел от него. Поради тази причина ке честитам со един доклад от 1941 година.



Еве како Бугариja знае за плановите на Германиja, возлага на делегациjaта да зачува неутралитета на Бугариja и одбива сите желби при пеминуване на германските воjски.
Во иднина ке ви покажам и дел от документи, каде jaсно се зборува како бугарите не садеjствуват и пречат на германците за евреите.
За днес аjде со здраве.
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
По стара традициja некои немат мажка смелост да цитира един пост па манипулира дел от него. Поради тази причина ке честитам со един доклад от 1941 година.

Еве како Бугариja знае за плановите на Германиja, возлага на делегациjaта да зачува неутралитета на Бугариja и одбива сите желби при пеминуване на германските воjски.
Во иднина ке ви покажам и дел от документи, каде jaсно се зборува како бугарите не садеjствуват и пречат на германците за евреите.
За днес аjде со здраве.
Ова што го постираш со ништо не намалува вината на Бугарија за геноцидот врз Евреите. Покажаново од тебе не е ништо друго освен дипломатска игра на Бугарија и највеќе на нејзиниот страшлив цар Борис, кој се плашел од заканата на Велика Британија да не влегува во сојуз со Хитлер. Ете затоа два пати е одложено приклучувањето на Бугарија кон Оската на тоа сведочи и постираниот од тебе документ.

Ho oваа игра нема врска со Евреите, зошто антиеврејските закони во Бугарија се донесени во 1940 година и тоа лично од царот Борис, кој според уставот на Бугарија ја имал законодавската иницијатива. Законот за заштита на нацијата е поднесен од него во собранието на 6 октомври 1940 а изгласан на 24 декември и потврден со указ на царот на 21 јануари 1941 година.

Еве сега, погледни си го датумот на документот што постираш и кажи ни зошто во Бугарија се донесени антиеврејски закони кога таа уште е надвор од германското сојузништо (наметнато според вас !?), кога дури ни еден германски војник не бил на бугарската граница ?

Одговорот се гледа во следниот чекор на царот -- со наредба на Евреите од "новите“ земји не им е дадено државјанство, но при одземането на нивниот имот бугарските службеници пишувале дека тие имаат ... бугарско државјанство. Демек Бугарија и никој друг не определувал дали да ги прими тие луѓе за свои државјани или не!

Со еден збор, тоа што сте го праиле вчера го праите и денес (ти специјално) -- се вртите на сите страни само и само вам да ви е арно. Значи пред да се правдате со германците мора да признаете анти-еврејската политика на Бугарија и да се извините за тоа!

Со германците можевте да се правдате доколку го немавте антиеврејскиот закон од 1940 година, но го имате и не можете. Исто така не можете да се правдате со тоа дека овде-онде имало некој германско војник кој како ваш СОЈУЗНИК!, не чувар а ваш другар, посматрал како спроведувате вашата ВЕТЕНОСТ. И накрај сами сте се документирале толку добро што сте напраиле така што вакви како тебе да се срамат цел живот!

Види ова и кажи што не е точно:

http://www.dw.de/истината-за-неспасението-на-евреите-в-царство-б'лгарија/a-16408672

И нешто што е повеќе пати презентирано, но по се изгледа го игнорираш:

http://www.scribd.com/doc/49810782/Судбината-на-еврејското-население-од-Беломорска-Тракија-Вардарска-Македонија-и-југозападна-Бугарија-во-1941-1944-година

.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Отговори ми колко евреи били избити от Бугариja и дали популациjaта на евреите во Бугариja е зголемена от почетокот на ВСВ и краja на ВСВ? За каков геноцид зборуваме от страна на Бугариja?!

Колко абсурдна ти е тезата зборува фактот дека според тебе соузничеството е доказ за вина. Ако е вака, вие како соузник на САД дали имате вина за убиените во Афганистан и Ирак денес?
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Е да, кога немаш факти тресеш глупости. Вие не сте убијците и тоа никој го нема кажано, само ти се обидуваш да ни го подметнеш за да се извлечеш. Вие сте СОУЧЕСНИЦИ во геноцидот. Вие сте помагачи на убијците. Така добро е? Тоа е доволно за да биде вашата вина ОГРОМНА !
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Negacijata na bugarskata uloga vo Holokaustot e instrument na bugarskata drzavna politika za poprecuvanje na vlezot na Makedonija vo EU. Edna od oficijalnite pricini e "izvrtuvanje na istoriski fakti" vo filmsko delo -- filmot "Treto poluvreme" -- koe e zasnovano na istoriski fakti.

"од извори во Брисел дознаваме дека таму наголемо се шушка дека Бугарија ја сменила плочата од една главна причина: македонскиот филм „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, филм за првиот фудбалски клуб во земјава и за тажната судбина на една Еврејка, во кој Бугарите, врз основа на историски факти, фотографии, снимки и сведоштва, се прикажани како окупатори на Македонија.

Оваа информација се чини и логична во контекст на премногу бурните реакции на навреденост што во Бугарија ги предизвика нашиот кандидат за оскар, а особено по одличниот одѕив што тој го добива во САД, и од публиката и од критиката.

Впрочем, во прилог на оваа информација е и самата официјална причина за Бугарија да гласа „не“ за нас: „водење антибугарска кампања“ и „извртување на историските факти“, фрази што Бугарија премногу често ги користеше во контекст на „Трето полувреме“, и пред неговата премиера и по неа, и во Софија, и во Брисел, и насекаде.

Неверојатно, но можеби вистинито: Бугарија, досегашен пријател на Македонија и земја-членка на ЕУ, својот став, влијание и право на глас за важните одлуки на ЕУ ги засновува на едно уметничко филмско дело."

http://www.mkd.mk/82712/shik-i-shok/shok-bugarija-vo-brisel-se-svrte-protiv-mk-poradi-treto-poluvreme/

.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Eve i od ustata na premierot na Bugarija nasred Atina:

Самарас и Борисов едногласни – Македонија е лош сосед


Соработката меѓу Бугарија и Грција, очигледно поттикната од заедничкиот историски проблем за нив, Македонија, денеска се крена на премиерско ниво.
Премиерите Бојко Борисов и Андонис Самарас денеска имаа заедничка средба во Атина, на која главна тема биле Македонија и заедничкиот успех во Брисел во попречувањето на нејзината евроинтеграција.


На заедничката конференција за печатот Борисов и Самарас во Атина го искажале заемното задоволство од одлуката на ЕУ во Брисел за блокирањето на интеграцијата во ЕУ на Македонија со поставувањето на новиот услов – добрососедство.

Напуштањето на иредентизмот, почитувањето на добрососедство како важна европска вредност се дел од едногласните заклучоци во Брисел, изјави Борисов, кој го посочи и филмот „Трето полувреме“како дел од таа „недобрососедска политика.

„Бугарија како ретко која земја спаси 50 илјади Евреи. Да можевме да ги спасиме сите, ќе ги спасевме, ама не можевме. Нашата толерантност и добрососедство имаат граници. Бугарија не заслужила да се прават филмови против неа“, изјави Борисов во Атина.

http://www.mkd.mk/83844/makedonija/samaras-borisov-ednoglasni-makedonija-e-los-sosed/

.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Израел прво му изгради, а потоа го тргна споменикот на царот Борис


Во музејот на холокаустот во Ерусалим во 1998 година беше поставена спомен-плоча на царот Борис Трети и неговата жена Јоана за спасувањето на 50.000 бугарски Евреи за време на Втората светска војна, но во 2000 година споменикот е отстранет поради протестите на македонските Евреи и израелската истрага, која утврди дека лично царот ја одобрил депортацијата на 11.000 Евреи од Македонија и од Тракија

И ЕВРЕЈСКАТА ДРЖАВА ЧЕКА ОФИЦИЈАЛНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД СОФИЈА
Бугарија ја прифати одговорноста за геноцидот на повеќе од 11.000 Евреи од Македонија и од Тракија, кои нејзината окупациска власт ги депортираше во логорите на смртта за време на Втората светска војна. Ова, како што во 2008 година пишуваше највлијателниот израелски весник „Хаарец“, го признал претседателот Ѓорги Прванов пред својот израелски колега Шимон Перес при посетата на Ерусалим. Единаесетте илјади Евреи, како што се објаснуваше во текстот, биле жители на регионите Тракија во Грција и на Македонија во Југославија, територии што во април 1941 година биле анектирани кон Бугарија, како награда од нацистичкиот режим за соработката со тогашните власти.
Со ваквото признание Прванов всушност стана прв бугарски државник што ја призна вината на неговата земја за депортирањето на македонските Евреи, но четири години подоцна остана и последен со таков став.

Актуелниот премиер Бојко Борисов очигледно сѐ уште е навреден од содржината на македонскиот филм „Трето полувреме“, во кој во еден сегмент се прикажува токму учеството на бугарската окупациска власт во холокаустот на македонските Евреи.

- Бугарија е државата што спасила најмногу Евреи за време на Втората светска војна, 50.000 лица ги спасил бугарскиот народ, кога не му дозволил на Хитлер да ги убие. Другите држави и тоа не го направиле, многу помалку, една-две држави спасиле по 300-400 лица. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против неа? Заради пријателството, заради љубовта, заради својата отвореност... Тоа е исто како да обвиниш некој дека во Африка има жедни и гладни луѓе. Зошто не ги спасат? Има толку богати држави - рече Борисов завчера во Атина.

Но, според историските толкувања, сепак Бугарија не е толку невина кога се во прашање македонските Евреи, па споредбата со гладните во Африка и не е многу соодветна.

Според историчарот Новица Велјановски, актуелната бугарска власт се обидува да докаже дека Софија во периодот на Втората светска војна навистина се грижела за судбината на Евреите што биле под нејзина контрола.

- Но тоа е делумно точно, само за бугарските Евреи, не и за оние од територијата на Македонија. Велам делумно, бидејќи тогашните власти во Софија ги обележуваа бугарските Евреи и ги иселија од главниот град, како еден вид оправдување пред Хитлер, кој бараше и нивна депортација. Но за македонските Евреи не им требаше оправдување и тие настрадаа под власта на тогашна Бугарија - истакнува Велјановски.

Имено, тогашната бугарска власт, односно царот Борис Трети и премиерот Богдан Филов соработувале со нацистичкиот режим, па се сметаат за виновни и за смртта на македонските и на тракиските Евреи, кои по нивна наредба биле уапсени, а потоа и депортирани во логорот Треблинка. Дури 98 отсто од вкупното еврејско население од Македонија загинало во озлогласениот нацистички логор во Полска.
Само силните можат да кажат - згрешив

Иако се ретки, сепак, и некои тамошни научници го признаваат тоа. Деновиве бугарскиот професор по филозофија Динчо Желјазков при обраќањето во Ќустендил зборуваше и за односот на бугарската држава кон Евреите од Македонија и од Тракија.

- Има една вистина што се знае, но се премолчува. За неа не се зборува официјално. Вистината дека животот на оние 11.343 мажи, жени и деца од Вардарска Македонија и од Егејска Тракија, како и неколкуте години живот во гранична ситуација на одземени права, понижени, ограбени и во очекување на најлошото, на Евреите во старите предели, се една цена. Цената за остварување на бугарскиот национален идеал, државната граница да се совпаѓа што е можно повеќе со границата на нацијата. Но таа цена е тешка и тежината со годините расте. Таа е сѐ друго, но не и нормална. Таа е резултат на бугарска акција, на администрација, на полиција, за жал, и на војската, а за уште поголема жал и на бугарските наставници во Македонија и во Тракија. За неа треба да се преземе вина. Тоа што го прават и во други земји не е оправдување. А да се префрли целата вина на Хитлер и на Германците едноставно не е сериозно. Само силните можат да кажат - јас згрешив. Барем тоа, ако не соберат сили и за христијанското, исполнето со покајание „моја е вината“ - рече Желјазков.

И Нисам Јоша, застапник на македонските Евреи во Израел, бараше од Бугарија формално и јавно извинување како што тоа го направил претседателот Жак Ширак за депортација на 75.000 француски Евреи пред и за време на Втората светска војна. Тој таквата изјава ја даде по признанието на Прванов пред четири години. Според Велјановски, пак, бугарскиот државен врв и сега се обидува да го игнорира тој факт, односно да не се зборува за овие историски вистини, кои фрлаат темна дамка врз сликата што сакаат да ја прикажат кога станува збор за Евреите.

Тој вели дека царска Бугарија не покажала интерес да ги заштити македонските Евреи, туку напротив, ги искористила за да ѝ се додвори на нацистичка Германија.

- Па, дури и пред претставниците на нацистичка Германија се обидуваа да се прикажат како многу ревносни во однос на Евреите од Македонија. Така, Александар Бечев, првиот човек на бугарското биро за еврејското прашање, дури и ги фалсификувал бројките за депортирани македонски Евреи, прикажувајќи поголема бројка од реалната - додава Велјановски.

http://nm.mk/NewsDetal.asp?vest=121912849466&id=9&prilog=0&setIzdanie=22759
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.615
Чепреганов: Повторно се прави сојуз како оној од Првата Балканска војна


Директорот на Институтот за историја Тодор Чепреганов по реакцијата на бугарскиот претседател Бојко Борисов за македонскиот филм „Трето полувреме“ денеска нагласи дека 50.000 Евреи во Втората светска војна беа спасени од бугарскиот народ, а не од бугарската држава, а кои беа осудени и требаше да се испратат во логорот Треблинка.

Благодарение на Бугарската православна црква и нејзините Владици, истакна Чепреганов, кои што застанаа во одбрана на Евреите и на парламентарецот Пешев, Евреите во Бугарија беа спасени.

- Несомнено реакцијата на Борисов е резултат на филмот „Трето полувреме“, во кое се зборува за трагедијата на македонските и тракијските Евреи за време на Втората светска војна, за што во Бугарија се уште се премолчува фактот дека и покрај спасувањето Евреите во Бугарија, сепак, дадоа 11.000 Евреи во концентрациските логори на фашистичка Германија. Она што посебно е интересно во една панел дискусија на Хелсиншкиот комитет во Софија професорот Беренбаум кажа дека Бугарите се истовремено убијци и спасители на Евреите, рече Чепреганов.

Тој истакна дека 50.000 Евреи кои беа спасени да не заминат во Треблинка во 1944 година беа принудени да ја напуштат Софија и да заминат во Израел.

- Тие беа во логори во самата Бугарија, беа без никакви права, а Евреите беа ставени надвор од законите и исто така треба да се знае дека од тие 50.000 Евреи, поголемиот односно околу 40.000 по војната заминаа за Израел, вели Чепреганов.

Прашан како го коментира сојузот и блокадата на соседните држави Бугарија и Грција, Чепреганов забележа дека наместо соседите да ни помогнат да влеземе во ЕУ, тие се уште ја користат историјата да го уценуваат македонскиот народ и Македонија.

- Ако гледаме историски, повторно се прави сојуз од оние сојузници од Првата Балканска војна кои се бореа против Турција, а овде фали и уште Србија. Меѓутоа, гледаме дека во последната енциклопедија што ја објавија Српската академија на науките повторно почнува уште еден процес за негирање на македонскиот народ и Македонија, рече Чепреганов.

Според него, неприфатливо е и барањето на Бугарија нашата земја да ја прифати нивната историја, а токму тоа не оди и е против добрососедските односи.

http://www.sitel.com.mk/chepreganov-povtorno-se-pravi-sojuz-kako-onoj-od-prvata-balkanska-vojna
 

Kajgana Shop

На врв Bottom