Изневерувањето како кривично дело

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ја отварав темата претпоставував дека ќе се јави некоја изневерена (не мислам конкретно на тебе) жена со подршка за законот, ама со волку ригорозни мерки не очекував . :D :ROFLMAO:
Впрочем која не би сакала да си го види бившиот што ја изневерил јавно обесен за јајца или на робија да крши камења . :D

Јас секогаш викам ако ме фатат некогаш мене на дело, бољи ќе си идам на робија отколку да чекам женска одмазда. :vozbud:

Џабе, еден ден ќе искочиш од затвор, од женска одмазда нема бегање :) :) :)
Боље трај си, ќути си, е*и си....... ;)
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 08:27 ---
Несакам да испадне дека го бранам криминализирањето на прељубата, само ќе одговорам на твоето прашање. Њу Хемпшир - Американска сојузна држава, Илиноис - Американска сојузна држава, Минесота - Американска сојузна држава . Според твоево размислување и логика овие федеративни држави се неколку илјади километри источно од нас и Американците што живеат во нив се неколку века назад, т.е тие живеат во среден век ние живееме во модерното време. Браво бе рибар, многу сакам кога вака измислуваме нова логика.

И што се случува во овие американски сојузни држави кога ќе те упецаат у варање? :)

Во Америка нема некој што не изневерува. Сите со сите се клецаат, и тоа на велико.

Во поглед на психичка еволуција, да ти кажам, каде каде сме понапредни од тие во Минесота на пример.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 08:29 ---
Нема потреба да го теретиме КЗ со непотребни работи. Ако некој изневерува кога тогаш ќе биде октриен. Нека си ги расчистат односите во врската или бракот самите партнери. Со оглед на нашиот "килав" правен систем кој не може да заврши битни предмети со години уште ова му треба. Нашиот менталитет ова ќе го користи како јавно омаловажување и резилење на поедини ликови. Не знам кој ги пушта овие пробни балони но мислам дека општествово ја губи контролата и оди кон провалија. Прво беше данок за ергени па сега ова, што ли ќе биде следно не сакам ни да помислам.

Секоја невеста пред брак да има пемпеле оти е невина.
Иначе на магаре назаечки ќе ја враќаат, цел комшилук да види шо ку*ва е.
 
јас сум за , ама како санкција да биди на пример сиот имот да се префрли на оштетената страна а не пола пола како при обичен развод ,старателството врз децата ако ги има ,и да му се плајча алиментација минимум 15 години после разводот......мислам дека не е фер некој да не го поштува некој со кој створил дом и семејство да го чека дома а тој оди некаде си ги луфтира мадината со некоја 20 години помлада....истото и за женскиот пол....си стапил во брак шо е озбилна работа не стапуваш во брак со цел да се разведиш....а тебе хормоните ти збеснале ...наместо да си ги гледаш децата ти мислиш на швалерај ....то ми е неиживеана работа...

Децата нема потреба да страдаат во оваа ситуација.
Пример, татково е наркоман, ама мајкава се плеснала со некого или има некого зошто овој ја малтретира, краде итн. И сега, вината на оваа е поголема од неговата вина?
Децата секогаш се доделуваат на оној кој е поспособен да се грижи за нив, без оглед на неговиот сексуален живот.
А да, инаку мислам дека и сега при разводите, ако едната страна ја тужи другата поради неверство, си има посебни правила на игра. Правнициве нека кажат поарно што и како е.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 08:35 ---
Незнам на што си алудирал, јас само го читам тоа што си го напишал . А ти напиша(парафразирам) дека криминализацијата на прељубата враќа неколку века назад и неколку илјади км поисточно. Еве јас ти набројав крајно западни земји кои според твојата логика треба да се заостанати неколку века наназад и географски да се наоѓаат на блискиот исток меѓу Сирија и Иран, ама за твоја жал се наоѓаат во срцето на една од најдемократките и најлибералните земји - САД .

И една од земјите во која има најголем број на психопати и сериски убијци, на светско ниво.
Како што предходно членот напомена во одредени држави сеуште постои смртната казна.

А ако веќе ги споредуваме, американците имаат троа поише распаднати бракови него европејците, и дури ми е жално и трагично од нив да учам за семеен поредок.

Just saying, психопат не се раѓаш, психопат стануваш поради семејните односи, и траумите од детството. И после од овие истиве, кои бројат најмногу психопати на ниво на континент, да учам за морал и верност.
Не, благодарам.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 08:38 ---
Неверството не може да биде казниво затоа што во својот фундамент содржи импликации кои не можат да бидат окарактеризирани и воедно пенализирани. Ако мажот ја изварал жената тоа е добар знак и за мажот и за жената. Тоа значи дека е успешен и може да освои и заведува и други жени, затоа жената може да биде горда на својот маж. Арно ама важно е жената да се потруди и да промени нешто (во својот изглед најчесто) за да го задржи мажот и тие изневерувања да бидат краткотрајни само преку викенд, а не во работни денови. значи да не ја напушти мажот засекогаш затоа што тоа е голем срам за неа.

А обратно? :)
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 08:39 ---
Ти Америка си сега ?

Не бе, во пеес првата сојузна држава.
 
Децата нема потреба да страдаат во оваа ситуација.
Пример, татково е наркоман, ама мајкава се плеснала со некого или има некого зошто овој ја малтретира, краде итн. И сега, вината на оваа е поголема од неговата вина?
Децата секогаш се доделуваат на оној кој е поспособен да се грижи за нив, без оглед на неговиот сексуален живот.
А да, инаку мислам дека и сега при разводите, ако едната страна ја тужи другата поради неверство, си има посебни правила на игра. Правнициве нека кажат поарно што и како е.
не се зема во предвид ич неверство и мислам дека не можиш да тужиш кај нас за неверство ...неам слушнато...ама прочитај ми го убо пошто убо имам наведено за шо оправдувам не го спомнав твојо пример во мојот пример само едната страна оштетува а другата трпи оштета...тој че има право пак да ги гледа децата тие не трпа ништо..сакав да ти кажам немаше потреба да ме цитираш пошто ти ми даваш друг пример а јас имав даено сосем друг пример за некој шо сака да седи на две столици и шо му мрда опашо а ти ми даваш пример за жртва во семејно насилство и оти е жртва со шо че се плеска че си ги излечи траумите...во ред нека оди со кој сака ама прво нека се разведи...ако си разведен и одиш со други то вејче не е неверство и не е кривично дело...ама дури си во брак со некој и се плескаш со него и се плескаш на страна и го лажиш партнеро дека одиш на деловни патувања ...то не го оправдувам...и би требало да има некоја санкција ...ти можиш да му вратиш со то шо и ти че се плескаш со други ама мислам дека би било поубо кога и законо те штити во таква ситуација и материјално и за претрпената морална штета
 
Во Америка нема некој што не изневерува. Сите со сите се клецаат, и тоа на велико.Во поглед на психичка еволуција, да ти кажам, каде каде сме понапредни од тие во Минесота на пример.
Кажи жити очи како дојде до овие смели заклучоци? Сподели некоја статистика за клецањето сите со сите. А ако конклузијата ти е донесена врз база на одокативни мерења, кој ти беше репрезентативниот примерок кој така убедливо те наведе на овие заклучоци? Колку време живееше у штатите па вака опсежно ја скенира ситуацијата? Ме занима, озбилно.
 
Не мораше да потенцирам на кого мислев, очигледно е.
Од тие 15 годишните, до тие 55 годишните. Страшното е што, ако тука комшиката те види со друга, знаеш и дека жена ти ќе дознае. Малце нели, поише ќе се потрудиш да се скриеш.
Не ми требаат статистики за истово. Пар очи се доволни.
Можеби ти кај што си, е поинаку. Јас тоа што го видов, е тоа што го напишав.

А што се однесува до психопати и сериски убијци, во друга тема имам наведено извор, навистина не можам сега да барам.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 08:51 ---
не се зема во предвид ич неверство и мислам дека не можиш да тужиш кај нас за неверство ...неам слушнато...ама прочитај ми го убо пошто убо имам наведено за шо оправдувам не го спомнав твојо пример во мојот пример само едната страна оштетува а другата трпи оштета...тој че има право пак да ги гледа децата тие не трпа ништо..сакав да ти кажам немаше потреба да ме цитираш пошто ти ми даваш друг пример а јас имав даено сосем друг пример за некој шо сака да седи на две столици и шо му мрда опашо а ти ми даваш пример за жртва во семејно насилство и оти е жртва со шо че се плеска че си ги излечи траумите...во ред нека оди со кој сака ама прво нека се разведи...ако си разведен и одиш со други то вејче не е неверство и не е кривично дело...ама дури си во брак со некој и се плескаш со него и се плескаш на страна и го лажиш партнеро дека одиш на деловни патувања ...то не го оправдувам...и би требало да има некоја санкција ...ти можиш да му вратиш со то шо и ти че се плескаш со други ама мислам дека би било поубо кога и законо те штити во таква ситуација и материјално и за претрпената морална штета

За неверството секогаш се виновни и двајцата. Секогаш.
Не можам да обвинам некого - ти си крив, жена ти е цвеќе.
Чим некој се одлучил на такво нешто, има многу повеќе во позадина.

Нема зошто некого да казнуваме законски за изневерување.
Морална оштета - морална кривица.
Ќе го судат комшиите, роднините и тако то.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oio
Не мораше да потенцирам на кого мислев, очигледно е.
Од тие 15 годишните, до тие 55 годишните. Страшното е што, ако тука комшиката те види со друга, знаеш и дека жена ти ќе дознае. Малце нели, поише ќе се потрудиш да се скриеш.
Не ми требаат статистики за истово. Пар очи се доволни.
Можеби ти кај што си, е поинаку. Јас тоа што го видов, е тоа што го напишав.

А што се однесува до психопати и сериски убијци, во друга тема имам наведено извор, навистина не можам сега да барам.
Твојов одговор неодливо ме потсеќа на еден настан од пред многу години, бајаги пред Бугарија да влезе во ЕУ, кога беа уште копучаана. Имаше еден батка кај нас у маало шо прстојуваше у Ќустендил недела дена. Коа се врати цела година дена ни распрааше (со невидена самоувереност) како било у цела Бугарија, колку биле цените на не знам шо у Софија и у Пловдив, какви цури се ашкале у Варна, како сите тие Бугарки се товарале као штуки за ситна парица. Страшното е што, коа ќе се истрча со глупост, наместо да се корегира чоек и да размисли шо рекол, ја продлабочуе глупоста. Си праиме муабет де.
 
то си е твое мислење и си имаш право на него а моето мислење и став е дека треба да биди кривично дело...како што ти имаш право да го мислиш ова и како што јас немам право тебе да те уверувам во моето мислење така и ти мене немаш право да ми кажуваш дека моето мислење е погрешно....мене би ми сметало кога некој е со мене во брак имаме деца и ми набива рогој и не ме почитува и на крајот ми ги потроши сите пари по курви и законот да не ме штити од такви и не можиш да ме убиедиш дека двајцата сме криви ....јас ако сум се здебелила после порајџајот и сум огрдела и не му прам толку мераци за секс како некој 20 годишна и му служам за чистење по дома...
 
Па да, имаш право на свое мислење, ама мораш и да го поткрепиш со аргументи. Оти, законот не постои оти ти така сакаш, и никој не оди во затвор оти ти така сакаш. Мора да има причина, и тоа добра, за истото.
Можеш да мислиш дека е во ред и да го убиеш копилето што те варало, ама тоа не значи и дека си во право.
 
епа то ми се аргументите...некој има право и слобода шо сака да прај ко че е во брак со мене ...и со заедничкиот имот и со парите можи и ако сака сите да ги потроши и се да прокоцка и законо не дава никаква заштита ...имав тетка така и напрај мажотје сите пари и ги потроши и таја го следела и го фатила кај шо оди кај швалерката ...ебати аргументите поубо да ги немав...јбг шит хепен
 
Твојов одговор неодливо ме потсеќа на еден настан од пред многу години, бајаги пред Бугарија да влезе во ЕУ, кога беа уште копучаана. Имаше еден батка кај нас у маало шо прстојуваше у Ќустендил недела дена. Коа се врати цела година дена ни распрааше (со невидена самоувереност) како било у цела Бугарија, колку биле цените на не знам шо у Софија и у Пловдив, какви цури се ашкале у Варна, како сите тие Бугарки се товарале као штуки за ситна парица. Страшното е што, коа ќе се истрча со глупост, наместо да се корегира чоек и да размисли шо рекол, ја продлабочуе глупоста. Си праиме муабет де.

Добро Петар, не ни мора човек да отиде во Америка за отстрана да ги гледа нештата. Не морам да одам во Северна Кореа за да знам дека е ужасно да живееш таму.
Ако сум запознала 200 луѓе, 199 имале семејни проблеми, дисфункционални семејства, распаднати бракови, никаков контакт со родителите.
Репрезентативниот примерок тоа го кажува, за почеток добра беше свадбата на која од роднините на младоженецот присуствуваа ни повеќе, ни помалку, само мајка му и сестра му, затоа што таткото не го познаваше (high school sweetheart на мајка му).
Социјалниот живот, барем онаму каде што бев, беше на далеку пониско ниво него во Македонија и општо Балканот. Видов ништо повеќе од депресивни луѓе, без амбиција, без чувство за семејна припадност. Имаа деца со познат и непознат јунак на 17 годишна возраст, а оние во брак, најчесто имаа деца од предходниот брак (или уште почесто врска) другиот родител немаше контакт со децата.
Едно, значи ЕДНО семејство не запознав во кое постоеа мајка татко деца.

Ниту еден човек од овие на моја возраст, не знаеше за такво семејство. Имаше такви кои не си ги познаваа татковците, уште почесто, не ни разговараа со родителите.

Децата раселени, ќерката на една од моите шефици се мажеше на само околу 300 км подалеку од местово, на неа и маж и им беше далеку да одат.
Јас во Белгија да се мажам, 3 автобуси ќе тргнат да ме мажат.

Присуствував на уште една свадба, двајца без тројца, тишина, исто ко да не било.

Мојот коментар е дека луѓето драстично се поразлични него тука и го немаат тој близок однос кој го има тука. Во Македонија нема да се случи комшиката да ми ја убијат и после 5 дена некој да сфати дека е умрена.

Една девојка буквално исчезна, не се појави на работа, НИКОЈ не го пријави нејзиното исчезнување. Всушност, нејзината сестра, која живееше во сосема друга држава, после 2-3 недели дојде да ја побара и тогаш сфатија дека всушност неа ја нема.

Тоа можеш да го негираш, меѓутоа и ти си свесен, дека таков меѓучовечки однос, каков што има тука, не е секојдневие таму.
Не го измислив јас тоа, дури и самите амери си потврдуваа. Им беше чудно што имам мајка и татко повеќе од 20 години во брак, и дека и двајцата ми се биолошки родители. И дека имам само една сестра, ама не полусестра, замисли, од исти родители сестра.

Кога си одевме, направивме забава, ние Балканците. Дојдоа луѓе по 40 години постари од нас, само да видат како е тоа, зашто немаа они ист поим за забава со нас.
Не испраќаа луѓе на кои едвај им ги памтевме имињата, постојано велеа ,,го осветливте нашиот живот,,. Плачеа по нас луѓе кои ги имав видено 2-3 пати вкупно.

На една од свадбите (онаа првата) дојде мајката на младоженецот и поим немаше кои сме, да ни се заблагодари што сме дошле и што сме ги развеселиле луѓето. Зашто иначе, сите амери беа дојдени во тренерки и фармерки и се пијанчеа без да ги ни приметат младоженците.

Можеби кај што живееш ти е поинаку, ама онаму кај што живеев јас добро знам на какво ниво беше социјалниот живот на тие луѓе. Скоро и да го немаа.
И не може некој што има 3 брака зад себе, децата сите се полубраќа и полусестри, што ги склепал после 2 недели познанство со некого, да ме учи мене за морални норми.

А пази, најголем дел од овие луѓе, беа од Минесота, Монтана и Вашингтон. Чат пат се наоѓаше некој појужно.
--- надополнето: 27 ноември 2012 во 12:34 ---
епа то ми се аргументите...некој има право и слобода шо сака да прај ко че е во брак со мене ...и со заедничкиот имот и со парите можи и ако сака сите да ги потроши и се да прокоцка и законо не дава никаква заштита ...имав тетка така и напрај мажотје сите пари и ги потроши и таја го следела и го фатила кај шо оди кај швалерката ...ебати аргументите поубо да ги немав...јбг шит хепен

Финансиска проневера (ако ја има) е една работа, а неверство сосема друга.
Што, ако не потроши ни денар на швалерката, тогаш не треба да биде кривично гонет?
 
temava e druga ...:helou

Па тоа е тоа. Ако го гониш кривично за трошење пари на курви е една работа, ама што ако не потроши ни денар на швалерката?
А што ако она го финансира него а тој ти носи тебе дома парите, ти вика од работа ми се, што треба, орден да и дадеме на швалерката?
 
јас давам мислење и коментар за ИЗНЕВЕРУВАЊЕ.........сметам дека тој шо изневерува треба да плати казна и сметам дека не е во ред да изневерува..за мене брако е света работа...нормално не со камшикување туку финансиски како шо имав напишано во првиот пост...и не како шо напиша ти ако еднио е наркоман...па ја тепа...па таја заради то се клеца со други...во мојо став јасно и гласно че наведам дека треба да се казна тие шо чута и го лажа партнеро и си клецка на страна , додека другио е домајчин чоек и води сметка за фамилијата ...толку....шо не ти е толку јасно шо ме прашуваш не знам
 
Џабе, еден ден ќе искочиш од затвор, од женска одмазда нема бегање :) :) :)
Боље трај си, ќути си, е*и си....... ;)
И тоа што викаш :(

И што се случува во овие американски сојузни држави кога ќе те упецаат у варање? :)

Во Америка нема некој што не изневерува. Сите со сите се клецаат, и тоа на велико.

Во поглед на психичка еволуција, да ти кажам, каде каде сме понапредни од тие во Минесота на пример.
Пишав во претходните постови, реално на терен многу малку се спроведува денес законот. Иако е ретко сепак се случува некој да биде осуден за прељуба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom