Оф мори мајко.
Ајде вака.
јас сум за , ама како санкција да биди на пример сиот имот да се префрли на оштетената страна а не пола пола како при обичен развод ,старателството врз децата ако ги има ,и да му се плајча алиментација минимум 15 години после разводот......мислам дека не е фер некој да не го поштува некој со кој створил дом и семејство да го чека дома а тој оди некаде си ги луфтира мадината со некоја 20 години помлада....истото и за женскиот пол....си стапил во брак шо е озбилна работа не стапуваш во брак со цел да се разведиш....а тебе хормоните ти збеснале ...наместо да си ги гледаш децата ти мислиш на швалерај ....то ми е неиживеана работа...
1. Не може. Затоа што не се знае дали оштетената страна е навистина толку многу оштетена. Ако овој варалицава, освен варањето се друго си е чист, не може да му се одземе се што создавал. Ни под разно.
2. Децата не смеат да испаштаат во ситуацијава. Ако мажот пример, вара, не може да му се одземе старателството само затоа што вара. Добар сопруг и добар татко не е иста работа. И можеби е дури подобар родител од мајката, можеби е поспособен да се грижи за нив од неа. Не може само заради неговиот сексуален живот да му биде одземено старателството.
3. Алиментацијата не се пресметува според грешките на тој што ја плаќа, и нема никаква врска со љубовта или омразата на веќе бившите сопружници.
4. Примеров е изолирана ситуација, а сепак, никаде во него нема ништо повеќе од емотивно разочарување. За емотивно разочарување не може и не смее да има законски казни. Јас сум со дечкото скоро 6 години, некои ни во брак толку не издржуваат, па ајде, ако утре не ме жени и ме остави за друга, да го тужам зашто ми го скршил срцето а и сериозните планови со него за иднина.
Понатаму.
не се зема во предвид ич неверство и мислам дека не можиш да тужиш кај нас за неверство ...неам слушнато...ама прочитај ми го убо пошто убо имам наведено за шо оправдувам не го спомнав твојо пример во мојот пример само едната страна оштетува а другата трпи оштета...тој че има право пак да ги гледа децата тие не трпа ништо..сакав да ти кажам немаше потреба да ме цитираш пошто ти ми даваш друг пример а јас имав даено сосем друг пример за некој шо сака да седи на две столици и шо му мрда опашо а ти ми даваш пример за жртва во семејно насилство и оти е жртва со шо че се плеска че си ги излечи траумите...во ред нека оди со кој сака ама прво нека се разведи...ако си разведен и одиш со други то вејче не е неверство и не е кривично дело...ама дури си во брак со некој и се плескаш со него и се плескаш на страна и го лажиш партнеро дека одиш на деловни патувања ...то не го оправдувам...и би требало да има некоја санкција ...ти можиш да му вратиш со то шо и ти че се плескаш со други ама мислам дека би било поубо кога и законо те штити во таква ситуација и материјално и за претрпената морална штета
Претрпена морална штета, нема потреба да ти ја надокнадува финансиски законот во овој случај. Затоа што не може да докаже дека и оној што изневерувал, нема морална штета. Може ти си го пореметувала секој ден психички. Неговото плескање со друга може е резултат на твоето малтретирање кон него, а може и не е. Немаш како да докажеш.
Може било неверството со некоја по пат, но што ако се вљубил во некоја друга? Демек, ај срцка, ќе се држиме за рака додека не се разведам? Може таа нема да сака развод, па ќе се ебаваат по судови долго време, ама бидејќи има пемпеле дека се во брак, со другата во која е вљубен, да прекине секаков контакт?
јас давам мислење и коментар за ИЗНЕВЕРУВАЊЕ.........сметам дека тој шо изневерува треба да плати казна и сметам дека не е во ред да изневерува..за мене брако е света работа...нормално не со камшикување туку финансиски како шо имав напишано во првиот пост...и не како шо напиша ти ако еднио е наркоман...па ја тепа...па таја заради то се клеца со други...во мојо став јасно и гласно че наведам дека треба да се казна тие шо чута и го лажа партнеро и си клецка на страна , додека другио е домајчин чоек и води сметка за фамилијата ...толку....шо не ти е толку јасно шо ме прашуваш не знам
И пак да те прашам, кое е мерилото за домаќин човек и водач на сметка за фамилијата? Убаво ти посочив пример, ама се правиш наудрена. Што ако прељубникот е подомаќин и поводач на сметка од ,,оштетениов,,?
http://www.jutarnji.hr/brutalno-kaznjeni-na-smrt-zbog-preljuba/188943/ дури и со смрт.....
иначе не те цитирам гледам дека не можам да се разберам со тебе, убо ти кажав и ти наведов дека ако лажи , не дека побарал развод од мене и ми кажал дека е вљубен во друга , ама ти изгледа не читаш убо или си имаш зацртано дека треба да браниш некој твој став , како да имаме некој вид на дебата ....навистина не можам да се разберам со тебе очигледно не ме разбираш шо сакам да кажам....ти и велиш за прељуба таја ти кажува за некој шо сака да се разведи и е вљубен во друга....

Ако лаже, ако не побарал развод, ако не те замолил мирно да решите... да де, ама може тој фино дошол дома и те седнал, слушај Стојанке, јас ја сакам Петра, дај ко луѓе да се разделиме. И додека трепне, ти си во суд веќе и го тужиш за неверство, лажеш сушиш дека на дело си го фатила. Кој и што ќе докаже?
Само скраја да е деца да имате во оваа ситуација, додека вие билдате муда тие ќе страдаат.
И да... која е разликата меѓу прељуба и вљубен во друга? Ако се вљубил во друга и таа во него, демек ќе се гледаат преку рамо додека да се разведе?