Assassin's Creed III

Член од
28 октомври 2012
Мислења
8
Поени од реакции
0
Повеќе е филм отколку игра ,но не верувам дека тоа некому смета .Впрочем после 2ката сите ,јас ги играв токму заради приказната . Како и да е ,гејмплејот во овој дел е многу подобрен иако го има многу малце.

Оцена: 8/10
 
Член од
16 јануари 2011
Мислења
362
Поени од реакции
127
9 Сати игра засега и некаде сум до пола на 6та секвенца. Пробувам да соберам се :)

Туку ај ако може некој нека го објасни крафтинг системот... пробав да искрафтам нешто ама ништо не разбирам...
 
H

HoT IcE

Гостин
Мерило за квалитет на приказната во играва е Breaking Bad level. Колку сум изненаден од Хејтам само, она ниту го замислив, ниту пак прочитав по нет негде дека ќе се случи. :cuc:
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
357
Поени од реакции
99
Ја завршив... ептен ми се свиѓаше мајстори се за приказните секоја чест. Крајот според мене кажува дека ќе има барем уште една игра
 
Член од
16 ноември 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Dajte kazete kako da ja igram assassins creed 3kata.... ja isntalirav sve ok ama nikako neke da se pusti... prvo mi vika demek fali d13.dll pa go simnav pa neso drugo falese dll pa go simnav i toa pa posle napisa
The procedure entry point_except_handler4_common could not be located in the dynamic link library msvcrt.dll. Ja simnav od dva toretna i eden drugar ja imase kupeno i istoto mi go pokazuva... so e problemot kako da ja igram
pozdrav
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
После 2 дена играње можам да кажам дека очекувањата малку и ми паднаа.
1. Прва причина за тоа се големиот број на багови. Уште во втората секвенца кога одите со кочијата облечен како непријателот, твојте ги тепаат непријателите и они одма исчезнуваат. После во истата мисија имаш само 2 секундарни објекти, ги завршуваш и ти вика си имал и трет и не си го завршил. Можеви ова следново и не е баг, но ако имаш пушка или било какво оружје, освен Hidden Blade, не можеш да го земеш непријателот и да го искористиш како Human Shield. А тука одма да спомнам дека и не секогаш ти покажува кога непријателите се спремаат да пукаат кон тебе, па голем дел од обидите да се одбраниш не се успешни. (незнам дали овие багови се присутни поради тоа што играта што ја имам симнато не е "Proper")

2. Leap of Faith во претходните делови некако ми изгледаше по реално, прво затоа што многу малку се приметуваше движењето во воздухот за да паднеш точно во сеното, тука како да го дува ветерот.
3. Сеното изгледаше многу пореално во претходните делови него тука што е.
4. Очекував графика и оптимизација како Max Payne 3, ама не го добив тоа. Во Max Payne 3, FPS -то не ми падна под 40, тука доаѓа и до 20.
5. Иако малку се поразлични контролите од претходните делови, и тоа со цел да се подобри gameplay -от, мене баш напротив многу ми се непогодни. Некако имам чувство како да се тешки за извршување.
6. Музика - единствено што ја приметив е во Cut Scenes

Ајде сега работите што ми се допаднаа:
1. Frontier - одлично изработен, има доста да се разгледува.
2. Нови начини на прикривање од непријателот. Подготово ми се свиѓа кога си на пазарите и можеш да се преправиш дека си купувач.
3. Голем број на луѓе во градовите и надвор од нив. Со ова и дава на играта многу живот, и едноставно те тера да истражуваш.
4. Помал број на viewpoints - според мене најдобро што го направиле, едноставно имаш на одредени места колку да ти дадат во предвид колкав е градот, останатото ти го остава на тебе да истражуваш.
5. Годишните времиња како еден од подобрите новитети. Подготово звукот кога се гази по снегот.
6. Corner Kill - ја обожавам оваа тактика на елиминирање

Сега за сега тие се работите, не ми текнува моментално, доколку имате и вие слободно може да ги напишете па на крај ќе испадне листа од Pros и Cons, за играва (како наша мала рецензија за играва).

Но морам да кажам, како за игра што е најдолго изработувана, сум многу разочаран за пропустите што ги имаат направено.
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Зошто кога идам fast travel на Њујорк, стискам ентер и ништо не се дешава?
 
H

HoT IcE

Гостин
Колку секвенци има играва, знае некој? Јас сум моментално 5та секвенца.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Во моментов ја симнувам од Замунда, ја читам темава и малце сум разочаран од тоа што читам дека имало многу малце гејмплеј a многу филмови, тоа не ми се свиѓа баш, али ќе видиме :).
 
Член од
16 јануари 2011
Мислења
362
Поени од реакции
127
Во моментов ја симнувам од Замунда, ја читам темава и малце сум разочаран од тоа што читам дека имало многу малце гејмплеј a многу филмови, тоа не ми се свиѓа баш, али ќе видиме :).
Зависи како ја играш, ако играш само маин стори нема многу гејмплеј. Ама има многу интересни споредни мисии како битки со бродови, барање на мапи со богатство, ослободубање на градови , заземање замоци, разни челенџи за ловење животни и уште многу други. Овие мисии имаат 5% филм и 95% гејмплеј, а мене ми се баш интересни :)


Од се што изиграв годинава според мене оваа или Sleeping Dogs треба да биде GOTY. Само уште чекам да видам каква е Far Cry 3.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Зависи како ја играш, ако играш само маин стори нема многу гејмплеј. Ама има многу интересни споредни мисии како битки со бродови, барање на мапи со богатство, ослободубање на градови , заземање замоци, разни челенџи за ловење животни и уште многу други. Овие мисии имаат 5% филм и 95% гејмплеј, а мене ми се баш интересни :)


Од се што изиграв годинава според мене оваа или Sleeping Dogs треба да биде GOTY. Само уште чекам да видам каква е Far Cry 3.
Ја играм во моментов, и сега за сега ептен ми се свиѓа, баш ме заинтересира приказната, така да уживам во филмчињата. А за друго неам замерка, графика, звук, све е топ.
 

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
272
Хмм ја симнав денес.Настегав све на макс у сетинзи и играва иде топ.Фркава е коа ќе влезам во Бостон се приметува голем пад на фрејмови.Дали е до оптимизацијата на играва или? Пробав намалив све на нормал тотално ништо не менува.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Хмм ја симнав денес.Настегав све на макс у сетинзи и играва иде топ.Фркава е коа ќе влезам во Бостон се приметува голем пад на фрејмови.Дали е до оптимизацијата на играва или? Пробав намалив све на нормал тотално ништо не менува.
Која верзија ја симна? И ја имам све на макс и немам пад на фрејмови во ниеден дел од играта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom