После 2 дена играње можам да кажам дека очекувањата малку и ми паднаа.
1. Прва причина за тоа се големиот број на багови. Уште во втората секвенца кога одите со кочијата облечен како непријателот, твојте ги тепаат непријателите и они одма исчезнуваат. После во истата мисија имаш само 2 секундарни објекти, ги завршуваш и ти вика си имал и трет и не си го завршил. Можеви ова следново и не е баг, но ако имаш пушка или било какво оружје, освен Hidden Blade, не можеш да го земеш непријателот и да го искористиш како Human Shield. А тука одма да спомнам дека и не секогаш ти покажува кога непријателите се спремаат да пукаат кон тебе, па голем дел од обидите да се одбраниш не се успешни. (незнам дали овие багови се присутни поради тоа што играта што ја имам симнато не е "Proper")
2. Leap of Faith во претходните делови некако ми изгледаше по реално, прво затоа што многу малку се приметуваше движењето во воздухот за да паднеш точно во сеното, тука како да го дува ветерот.
3. Сеното изгледаше многу пореално во претходните делови него тука што е.
4. Очекував графика и оптимизација како Max Payne 3, ама не го добив тоа. Во Max Payne 3, FPS -то не ми падна под 40, тука доаѓа и до 20.
5. Иако малку се поразлични контролите од претходните делови, и тоа со цел да се подобри gameplay -от, мене баш напротив многу ми се непогодни. Некако имам чувство како да се тешки за извршување.
6. Музика - единствено што ја приметив е во Cut Scenes
Ајде сега работите што ми се допаднаа:
1. Frontier - одлично изработен, има доста да се разгледува.
2. Нови начини на прикривање од непријателот. Подготово ми се свиѓа кога си на пазарите и можеш да се преправиш дека си купувач.
3. Голем број на луѓе во градовите и надвор од нив. Со ова и дава на играта многу живот, и едноставно те тера да истражуваш.
4. Помал број на viewpoints - според мене најдобро што го направиле, едноставно имаш на одредени места колку да ти дадат во предвид колкав е градот, останатото ти го остава на тебе да истражуваш.
5. Годишните времиња како еден од подобрите новитети. Подготово звукот кога се гази по снегот.
6. Corner Kill - ја обожавам оваа тактика на елиминирање
Сега за сега тие се работите, не ми текнува моментално, доколку имате и вие слободно може да ги напишете па на крај ќе испадне листа од Pros и Cons, за играва (како наша мала рецензија за играва).
Но морам да кажам, како за игра што е најдолго изработувана, сум многу разочаран за пропустите што ги имаат направено.