Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
По Тетово албански знамиња горат и во Гостивар!
Откако вчера беа запалени неколку албански знамиња на автопатот кај Тетово, денеска рано утрово во Гостивар беше запалено албанско знаме поставено на тендите кај градскиот пазар.
Било запалено знаме поставено на една од тендите кај пазарот, а пожарот го забележале случајни минувачи, кои веднаш алармирале кај полицијата. На самото место веднаш интервенирала противпожарна бригада оти пожарот ги зафатил и тендите, како и неколку тезги на пазарот. Знамето го поставил И.И., сопственик на една од тезгите. Полицијата веднаш излегла на местото и трага по лицата што го запалиле албанското знаме.
Инаку вчера во Тетово, во близина на селото Горно Седларце, беа симнати и запалени три албански знамиња, а инцидент се случи и во градот, каде што непознато лице прво го симна огромното албанско знаме поставено на Домот на културата, а при интервенција на полицијата лицето со нож расече еден од полицајците.
Палењето и сквернавењето на албанските знамиња се случува по низата инциденти во кои во Скопје, поточно во населбата Чаир, беа симнати од јарболи неколку македонски знамиња, меѓу кои и она пред општината. Некои од нив беа запалени и искинати. Во Сарај, пак, беа симнати и искинати и црковното и знамето на Македонија, кои се вееја пред црквата Света Злата Мегленска, а православниот верски објект беше каменуван и демолиран.
Поради зачестените инциденти и напнатите меѓуетнички тензии во пресрет на прославата на стогодишнината од албанската независност и Денот на албанското знаме, МВР апелираше до граѓаните да избегнуваат провокации што дополнително можат да ја вжештат ситуацијата.
А вакви се цивилизираните прослави во Струга...со маскирно.Баш сакам да ја чујам Бркица дали и за ова не е надлежно МВР...
