Возачка дозвола на 16 години во Македонија ?

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Вака, имам 15 години, и на 23-ти декември полнам 16...и ако излезе се по планот или опел корса 1.0 или фиат пунто ..и полагање, но ако не излезе ке си продолжам со коњчето од 50 кубика...а за законов според мене од 1 страна е лош, а од 1 страна добар..
Оти е лош? Секој може да полага, и како шо се занесуваат со моториве занесувањето ке биде поголемо со кола ке ги мавнат хормоните и ке направат бељи..
А добар е поради тоа што и без законот помали личности од 18 возат коли, така да барем сега ке имаат некаква обука од 48 часа и положена возачка дозвола..
И да не е се во годините, ја сум сооб.тех и сепак тврдам, дека поубаво знам да се снајдам во сообраќајот од 60-70 % од кајганџииве и членовиве во дискусијава :)
 
Член од
2 септември 2011
Мислења
106
Поени од реакции
40
Дали ќе има ограничување на моќност на автомобилите оправувани од малолетници?
 

Zakon4eto

ПОЧЕСЕН ЧЛЕН
Член од
27 август 2011
Мислења
1.377
Поени од реакции
292
Дали ќе има ограничување на моќност на автомобилите оправувани од малолетници?
Па да, ќе им речат обавезно само со BMW и MERCEDES да возат, со Фиќо ако возат ќе им ја земат возачката. :pos:
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.761
Поени од реакции
8.017
Ох, на полнолетниве не им треба кола... не пак на малолетниве. Шо уствари ќе праат со колата? Ќе идат на школо? Или пак чек пред кафичи да ја паркират... -_- Ало, кола е за потреба! А не за да се правиш фраер.

До кај отидовме :( Човек не може работа да најди, платите стојат у место...

Убав закон за богатишве... шом им дават, нека владеат со светот :( Еве еден поздрав до нив:

 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Opa,sega čedata na novopečenite *čorbadžii i partiskite glavaši* ke navalat so jaki limuzini po srednive školi. Treba parking da im se obezbedi.Se sekavam na vremeto koga im se divevme na junacite od originalnata beverly hills,stiv,dilan,keli,dona....sve be so koli i toa jaki.Hehe,beverly hills here we come...
:D
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Што се потресувате одма, во другиве земји од многу одамна е така па нема никакви проблеми, ние што сме банана држава што ни е таков менталитетот тоа е друго, без разлика на годините дете од 16 години може да вози 10 пати подобро и да ги почитува законите од човек кој што има 20 години искуство, се е индивидално.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не се секирајте, владата и то ќе го реши...

Сега ќе не “изненадат“ со некоја нова давачка за горивата, како би дошле 100-ка за литар. Шо, ко децата мали, ќе тураме бензин за 80 денари, мислам ти се молам. 100-ка или ништо.


Па наместо коли, ќе си купиме сите по еден коњ и двоколка. Ем нема возачки, ем нема регистрации, ем нема шо да ти се расипи од лоши патишта... не џабе рекле на коњ си!
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Моментот е кога децата овде на форум тврдат дека сигурно возат подобро од 70% од челновите кои се вклучени во дискусијата па и на цела Кајгана :ROFLMAO:
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Ако комисиите каде се полага за возачка совесно си ја вршат својата работа нема да се поставува прашањето дали е 12,14,16,18,100 години бидејќи секој поединец е посебна единка годините може дел влијаат ама не за сите исто.Да не се повторувам само КОМИСИИТЕ
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Пред малку повеќе од месец дена, едно 18 годишно детиште, камен пијано, возеше 110км/ч + низ град. Влезе во кривина која не можеш да ја фатиш со повеќе од 60 км/ч. Удри во еден мој пријател, кој во тој момент влегуваше во својата кола која патем беше качена на тротоар и која беше на ДРУГАТА СТРАНА ОД УЛИЦАТА од онаа по која пиајниот малоуминик требаше да вози. Го влечкаше со колата двесетина метри, и потоа избега.

Пријателот се бореше за живот околу месец дена, и почина.

Јас би им забранил на децата да возат пред 21, а не на 16.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Ако комисиите каде се полага за возачка совесно си ја вршат својата работа нема да се поставува прашањето дали е 12,14,16,18,100 години бидејќи секој поединец е посебна единка годините може дел влијаат ама не за сите исто.Да не се повторувам само КОМИСИИТЕ
Ти арен ли си? Нели читаш погоре како деца од 16 години не треба да возат, на нив не им е доволно оформен мозокот па за да возат, не им се палат светлата на семафор, знаците им шетаат.
Иначе ептен си у право, комисиите и домашната култура играат најголема улога во градењето на совесен возач ама оди разбери се или ќе те направат обоен или малолетен...
--- надополнето: 25 ноември 2012 во 11:42 ---
Пред малку повеќе од месец дена, едно 18 годишно детиште, камен пијано, возеше 110км/ч + низ град. Влезе во кривина која не можеш да ја фатиш со повеќе од 60 км/ч. Удри во еден мој пријател, кој во тој момент влегуваше во својата кола која патем беше качена на тротоар и која беше на ДРУГАТА СТРАНА ОД УЛИЦАТА од онаа по која пиајниот малоуминик требаше да вози. Го влечкаше со колата двесетина метри, и потоа избега.

Пријателот се бореше за живот околу месец дена, и почина.

Јас би им забранил на децата да возат пред 21, а не на 16.
А што постарите возачи да не не лудуваат, да не нема шлакнати по 25 години што се курчат низ град?
 

sveto4aki2

РОДИТЕЛ
Член од
17 јануари 2009
Мислења
268
Поени од реакции
37
Арен неарен ај на форум сме не ми прилега.......Неписмен читај погоре....Комисијата е таа што оценува кој како тебе е арен или неарен да вози автомобил.....Ако ги исполнува психофизичките и сите други критериуми човекот треба да управува со возило.....Има луге и на 50 години имаат дозвола а не би требало точак да смеат да возат.Тоа ми е поентата
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.761
Поени од реакции
8.017
Што се потресувате одма, во другиве земји од многу одамна е така па нема никакви проблеми, ние што сме банана држава што ни е таков менталитетот тоа е друго, без разлика на годините дете од 16 години може да вози 10 пати подобро и да ги почитува законите од човек кој што има 20 години искуство, се е индивидално.
Абе ние само се споредуваме и земаме пример со другите земји во врска со овие работи... како закони за пушење, фрлање отпадоци, хасап систем, лиценциран Windows, еве и за пиратеријава кај и да е иде натаму.

А никако да ни текни работата и финансиите да ги направиме како во другите земји.
 
W

Werther

Гостин
Речиси секој ден кога се враќам од факултет гледам по 1 сообраќајка,понекогаш и 2 сега со новиов закон најмалку по 3 ќе гледам.
Иначе која е логиката да му дадеш на некој кој до вчера едвај научил точак да вози,машина од 90hp која може без проблем да достигне брзина од 200km/h.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
Абе ние само се споредуваме и земаме пример со другите земји во врска со овие работи... како закони за пушење, фрлање отпадоци, хасап систем, лиценциран Windows, еве и за пиратеријава кај и да е иде натаму.

А никако да ни текни работата и финансиите да ги направиме како во другите земји.
Од што сме толку шлакнати се караме за мали работи (караме е голем збор, си пишуваме постови би прилегал повеќе) не ни текнува да се побуниме за што се качува струјата, храната, а се симнува платата, пензијата, туку се фаќаме за турски серии, дали треба да се полага на 16 години и ред други глупости. (y)
--- надополнето: 25 ноември 2012 во 11:52 ---
Арен неарен ај на форум сме не ми прилега.......Неписмен читај погоре....Комисијата е таа што оценува кој како тебе е арен или неарен да вози автомобил.....Ако ги исполнува психофизичките и сите други критериуми човекот треба да управува со возило.....Има луге и на 50 години имаат дозвола а не би требало точак да смеат да возат.Тоа ми е поентата
Грешно ме сфати, твојот пост е ок, ама претходниве не се.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom