Несакам никој да ме свати погрешно,но најдобро е да се полага после 21 година.Знам дека има и совесни и несовесни возачи од сите возрасти,ама поинаку размислуваш на 16 кога си во автомобил и сакаш да бидеш виден од сите,кој и да тврди дека не е така само ќе излаже, друго е на 18 кога пак си полнолетен ама не си сеуште созреан,а до 21 голем дел ќе бидат оформени како личности и ќе знаат да размислуваат за своите постапки.Знам како се чуствував кога прв пат зедов возачка на 18 години,мислев дека летам и сум семоќен,а сега поинаку.Еден совет ќе го паметам засекогаш,ни го даде докторката на прва помош и ми остави многу јак впечаток:Никогаш немој да се натпреварувате со автомобилот,тој е машина,секогаш ќе биде победник.Колку и да звучи лицемерно мојот став околу овај закон,тој закон е голема грешка и ќе се покаже тоа во иднина кога бројот на сообраќајки ќе биде драстично зголемен со оглед на возачката култура во земјава,и се поголем број на родители кои им овозможуваат се на своите разгалени деца,ова неважи за сите,ама поголем дел се такви.