И после луѓево се чудат зошто е поефтино увозното млеко и ќе навалат на него
Повлечени млеката „Дукат“ и „Виндија“ поради канцерогени материи
Сабота, 09 Февруари 2013 11:17
Неколку видови на млеко на „Дукат“ и на „Виндија“ се повлекуваат од трговската мрежа поради сомневање дека имаат зголемена концентрација на афлотоксинот М1, пишуваат хрватските медиуми.
На зголеменото присуство на афлотоксинот М1 производителите во Хрватска ги предупредиле од Босна и Херцеговина, пишува хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“. Овие производи ги има и на македонскиот пазар.
Испитаните примероци во Ветеринарсниот институт во Хрватска покажле помали отстапувања од дозволените. Поради сигурност, примероци од млекото се испратени и во референтната лабораторија во Виена, Австрија. Тие резултати се очекуваат во средината на февруари.
Производителите на овие млека го информирале министерството дека сите количини се повлекуваат од трговската мрежа и стопиран е извозот во БиХ.
Станува збор за трајното млеко на „Виндија“ со масленост 2,8 проценти од литарско пакување со дата на употреба до 7 март 2013, потоа „УХТ“ хомогенизирани и стерилизирано млеко со 2,8 проценти масленост, еден литар, датум на употреба 31 мај 2013 и уште два вида на млека на „Дукат“ – трајно млеко, 2,8 отсто масленост, пакување од пола литар и рок на траење 24 јуни 2013 и трајното млеко „Лагано јутро“, 2,8 отсто масленост, пакување од еден литар, употребливо до 25 април 2013.
Него муабетов ми е...Ако Бимилк, Суботичка Млекара, Имлек и Млекара Козарска Дубица - БиХ, се со исти газди, а Битолското млеко од Бимилк е најчесто произведено од овие три спомнати субјекти...
каква е ситуацијата со Дукат и Идеал Шипка, ако ја имаме информацијата дека е ист газда?
Македонските потрошувачи на Дукат производите се безбедни
Текст: Макфакс
Македонија | 09 февруари 2013
Трајното млеко „Дукат" со масленост од 2,8% во тетрапак пакување од половина литар воопшто не се увезува во Македонија, а трајното млеко „Дукат - лагано јутро" со трајност до 25.04.2013 е во магацините на увозникот и не се дистрибуира до продажните места.
Ова во сабота го соопштија од компанијата „Дукат", од каде додаваат дека во Македонија нема никаква опасност од производите на оваа компанија.
Производителот на млекото „Дукат" од Хрватска превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин.
Лагано Јутро не, ама вакво зелено од Виндија и ова 2,8 од Дукат вчера гледав по маркети.
ЛАЖЕШ КУРВО!