Кампања за купување на Македонски производи

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Во последниве два поста читам да се зголемат царините за странските производи..
И ја би играл така..
ама... прашањето е дали може и смее...зошто?
Имаме потпишано договор за слободна трговија, и уште многу други договори и акти..кои сепак обврзуваат и неможе тек така да се прекршат...веројатно..незнам баш,слабо сум запознаен..
А идеално би било лупни голема царина на сите странски производи и сите задоволни..нашите производи би биле многу поевтини и сигурно многу повеќе би се купувале;)
Без разлика дали домашните производи се поскапи ЌЕ ГИ КУПУВАМ,така увозните производи не би се трошеле и би биле принудени да ги поскапат и ќе станат неконкурентни на Македонските производи.
Со тоа добивка во идно време би имале ние и Македонското стопанство
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891

Не се сите поскапи..некои се за 2.3.5 ден поскапи од српските на пример,ама има и поевтини.. така да мислам дека цените со другите се тука некаде,само свеста треба да проработи дека за наше добро се работи.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Проблемот е во луѓето.Сите сакаат малку работа,многу пари,а бизнисмените го користат тоа,прават закони по нивна мерка и увезуваат џабе и го дотепуваат и така малото домашно производство

Што убави домашни кикирики има во Струмичкиот и Гевгелискиот регион,ама некој бизнисмен нашол и увезол поефтини радиоактивни кикирики од Кина
Епа затоа викам јас едукацијата треба да биде главна алатка.
Еве пример има струмички карневал цела Македонија е во струмица направи горила маркетинг ,плакати едно друго.
Како што се знае најдобра е струмичка пиперка нека се знае дека и струмичките кикиритки се најубави ама ако не ми каже некој од кај да знам јас?
А и веќе напишав власта треба да ги заборави странците на момент и да им помогне на македонските фирми ако не директно барем со реклами на МТВ за тоа барем ги бива.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Епа затоа викам јас едукацијата треба да биде главна алатка.
Еве пример има струмички карневал цела Македонија е во струмица направи горила маркетинг ,плакати едно друго.
Како што се знае најдобра е струмичка пиперка нека се знае дека и струмичките кикиритки се најубави ама ако не ми каже некој од кај да знам јас?
А и веќе напишав власта треба да ги заборави странците на момент и да им помогне на македонските фирми ако не директно барем со реклами на МТВ за тоа барем ги бива.
ОК тоа,се сложувам дека многу повеќе треба да се сврти владата кон домашните компании,ама и странците се битни за сегашнава ни економија.. скоро сите странски фирми од калибарот на Џонсон Контрол работат за извоз.. прочитав една вест дека лани само Џонсон Мети британската компанија направила извоз од пола милијарда евра.. Тоа е многу!
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
ОК тоа,се сложувам дека многу повеќе треба да се сврти владата кон домашните компании,ама и странците се битни за сегашнава ни економија.. скоро сите странски фирми од калибарот на Џонсон Контрол работат за извоз.. прочитав една вест дека лани само Џонсон Мети британската компанија направила извоз од пола милијарда евра.. Тоа е многу!
Поентата ми беше главно ако видат странците дека се вртат пари кај нас сами ќе дојдат.
Рекламата е многу позитивна работа,но компаниите кој се на ниво на Џонсон Мети имаат многу луѓе вработени и кои ја следат состојбата деноноќно за да знаат каде да инвестираат.
Ако може да се привлечат странски инвестиции тоа е доста позитивно свежи пари за секоја економија се добредојдени ама кај нас како потполно да ги заборавија домашните фирми сигурно си запознат со состојбата се повеќе и повеќе тоне македонската економија.
И на крај без домашни фирми кој ќе им парираат на странците се ќе пропадне.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.586
Поени од реакции
2.608
Без разлика дали домашните производи се поскапи ЌЕ ГИ КУПУВАМ,така увозните производи не би се трошеле и би биле принудени да ги поскапат и ќе станат неконкурентни на Македонските производи.
Со тоа добивка во идно време би имале ние и Македонското стопанство
Ако не се трошат, ќе поефтинат.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ако не се трошат, ќе поефтинат.
Да да ќе поефтинат ама пред да помине на рокот на употреба,а прашање е дали тоа го чита некој ама битно е поефтин од Македонскиот производ
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.202
Српското и Битолското млеко се исто ѓубре.Истиот газда е на ИМБ, Имлек во Белград (Моја Кравица млеко) и Млекара Суботица - трите најголеми производители на млеко во Македонија и Србија, и меѓу петте во бивша Ју (+ Дукат и Љубљанске млекарне).Danube Foods или нешто слично е фирмата.Да работат неселективно инспекциите, ИМБ би ја затвориле како ништо, ама големите играчи....продолжи ја реченицата.

А за Нишка Млекара, Млекара Шабац и слични никогаш немаше да стигнат на МК пазар, да не се огромните субвенции за млекарите од нивната влада.На долг рок, нашите фирми ќе не можат да работат поради нефер условите, а тука е и тројанскиот коњ ИМБ (српско млеко во македонска фирма, пак се тие во ќар со големите цени во разлики).Барем пола од *млекото* е од увоз (преработено млеко во прав) од горе.

Со тек на време луѓето во голем процент би намалиле со купување Битолско млеко (како лидер) и други македонски млека и би навикнале користење ефтино увозно млеко најмногу од Србија (Млекара Шабац, Маестро, Нишка Млекара која патем во Ниш не ја есапат ич и користат други п-води, Суботица итн.), после од Хрватска (Дукат, Виндија), БиХ (радиоактивно Мегле и Алпско - ги донесоа во Тузла од Германија / Словенија за поефтино п-во), а во последно време гледам и од Романија и Унгарија( Sole, Farmer).Едноставно планот е да ни ја уништат една од гранките во која отсекогаш имало големо домашно производство (зборувам за случајот ИМБ,а истото сценарио е и со Идеал Шипка, после превземањето од страна на хрватски Дукат немам налетано на нивно млеко/јогурт) и да го преземат.Ама ок, според некои луѓе како цитираниов господин долу, ова е тешка глупост.
Млеко во прав не знам во кој процент е дозволено да користат (а го користат доста увезено од Север, а е во прав поради поголем рок на траење и можности за манипулација со млекото), користат хемија за продолжување на рокот на траење на јогуртот (во муабет со
газда на една мала млекарница, типот рече дека ставале сите млекарници некаква си материја за зголемување на рокот на траење.Без таа материја најкасно за 2 дена јогуртот отиде.Процентот кој го редат млекарниците е според негови кажувања негде 0,8-1 грама/100 литри за 4-5 дена рок на траење.За споредба, ИМБ Јогуртот е со 15-20 тина дена рок на траење.Само за информација, то чудото во поголеми дози делувало на коските, имунитетот и стерилност):Сигурно имате приметено колку е неприродна густината кај јогуртот, а млекото некако како без вкус.Земајте Јогурт со помал рок на траење - помалку хемија.

Ке го прашаш влиделот зошто е тоа така, и нема консапираси теорија србите ја купиле битолска за да можат да продаваат поевтино млеко во мк:pos: По тешка глупост немам прочитано.

Кога ја спомна цената одиш да пазаруваш минимум ке купиш 50 артикли на сите тие стави им просек 5 денари разлика,оп 250 денарчиња оп 2 литри бензин за да одиш со кола да пазариш,гледаш како ВЛИДЕЛОТ јебе работа а а а а виде ?
Прочитај погоре, мислам дека баш твојов муабет не е на место.Ако сакаш да сфатиш.И остај го влиделот или другите, економијата во ист правец и едните и другите би требало да ја носат.

па да има АЛПИ 40 денари ама не го купувам пошто е тетовско (тоа ти е исто како од албанија :D), други незнам што македонски има пошто у кам тие ги имаат
Купувај Здравје Радово, 40 (3,2%) и 43(1,5% масленост).Дома го земаме од Тедико (секогаш форсираме домашни п-води), а сигурно го носат и во другите поголеми маркети.Барем по вкусот ќе сетиш дека пиеш млеко, а не вода и брашно :icon_mrgr: http://mlekarazdravje.com.mk/proizvodi/mleko/
Баш сакам да прашам некој од раководителите на ИМБ, како можат Здравје Радово, Алпи, Идеал Шипка, Млекара Тетово да работат со 20% пониски цени, а тие не можат иако се многу поголем капацитет...

ОК тоа,се сложувам дека многу повеќе треба да се сврти владата кон домашните компании,ама и странците се битни за сегашнава ни економија.. скоро сите странски фирми од калибарот на Џонсон Контрол работат за извоз.. прочитав една вест дека лани само Џонсон Мети британската компанија направила извоз од пола милијарда евра.. Тоа е многу!
Странците да ги пуштат само во бизниси кои се послабо развиени во Македонија (како твојов пример), а не како досегашната пракса.Ја продадовме златната кокошка ОКТА, единствена рафинерија и објект од витален интерес и ете ИМБ, а млекопроизводството исто е битен земјоделски дел кај нас.
Морат да намалат со извоз на наливно вино (барем тука гледам напредок во последно време), а исто и земјоделските п-води да не одат така и од странство да ни се вратат како словенечко вино, ајвар или преку Агрокор како конзервирани п-води од Подравка.Во сиве тегли долу се дел наши извезени земјоделски п-води.

Еве и примери на поефтини (и повкусни според мене) домашни п-води
Луна (40 ден.)
>Милка (75 ден.)

Сега чекам реакција од типот, абе Милка е Милка.Ама прво пробајте од двете.
>

И за овие секоја чест за Витаминка и Макпрогрес, еден пакет можам да смотам :vozbud:

И уште нешто да дојадам бурек, не е патриозам градење објекти кои се одложни расходи во време на криза.Ама со купување вакви производи помагаш утре отворање место на некој твој близок, роднина, пријател или млад чоек (осетено на своја кожа).Не се овие државни фирми и администрација.
А Цитро веќе отворил слична тема :) http://forum.kajgana.com/threads/made-in-macedonia-колку-е-важно-за-Македонската-економија.55360/
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Bogatstvoto ne se zgolemuva samo so kupuvanje makedonski proizvodi eve zemete go eden Dubai tamu ne se proizveduva tuku uvezuva i pak ima najgolem interes za biznis i moznost za investici.

Se raboti za nacionalna programa kako se trosat parite od danocite kako se trosat parite vo zdravstvoto kakvo obrazovanie imame.

Potoa sredinata i psihologijata na makedonec i svesta za lugje megusebna sorabotka i podrska .

Mnogu raboti falat porocite se golemi kaj lugjeto zatoa imame problemi.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ова се работи за кои владата треба да интервенира, не народот.
Нека се зголемат царините и давачките за увоз, нека се субвенционираат домашните производители повеќе, нека се олесни отворањето и одржувањето на помали и средни бизниси.
Според мене, токму владата е виновна за умирањето на малите и средни прет-пријатија, голем монопол се водиво државава и често го држат странски компании.
Не можеш ти да очекуваш од обичниот граѓанин да купува поскапо само затоа што е македонско кога ионака едвај крај со крај врзува.
Национализам на гладен стомак не бидува.
Недеj да забораваш,дека РМ има договори со држави и организации за увоз/извоз на производи без царина. Тамо нема како да се контролира. Ако не се лажам работата со ЦЕФТА е таква.
И недеj да забораваш,дека при покачуване на царината за увоз, може да покачи цените на домашните производи.
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Секој Македонец мора да се осврне прво на домашното произвоство, сеа за производи поскапи нормално дека ќе купиш увезен производ, ама 2-3 денари не прават голема разлика во џебот а прават разлика кај домашното производство.

Фали поагресивен маркетинг, кој на подолг рок ќе даде резултати.

Инаку лично од пред неколку години прочитав дека Битолска увезува цистерни млеко од Србија и го продава под нивна амбалажа нит сум купил нит ќе купам нивни производ. Тука е млекара тетово, здравје радово. Поефтини се и поквалитетни.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Bogatstvoto ne se zgolemuva samo so kupuvanje makedonski proizvodi eve zemete go eden Dubai tamu ne se proizveduva tuku uvezuva i pak ima najgolem interes za biznis i moznost za investici.

Se raboti za nacionalna programa kako se trosat parite od danocite kako se trosat parite vo zdravstvoto kakvo obrazovanie imame.

Potoa sredinata i psihologijata na makedonec i svesta za lugje megusebna sorabotka i podrska .

Mnogu raboti falat porocite se golemi kaj lugjeto zatoa imame problemi.
Споредбава ти беше закон!
И ние да бевме најголем извозник на нафта во светот немаше да не заболе за увоз.

Најголемиот проблем на домашните производи во државава е тоа што претежно газдите се лопови.
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Дајте сите по еден бар супститут да наведеме за некој странски производ со домашен.

Има ли македонско млечно чоколадо?Да не купувам милка...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.202
Дајте сите по еден бар супститут да наведеме за некој странски производ со домашен.

Има ли македонско млечно чоколадо?Да не купувам милка...
Види 5-6 поста погоре имам стаено слики ;) Добра идеја ти е ова да ставиме по некоја слика од заменски производ.Еве уште нешто за болдираното
Производи »Синтагма »
Луна Чоколада »
ЛУНА ЧОКОЛАДО МЛЕЧЕН КРЕМ

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Нафта да ама тоа е нивен домашен производ. И ние имаме што да извезуваме само не ни чини.

Цитро ќе ја нареди работава има он стил
 
Kajgana Shop

На врв Bottom