Кампања за купување на Македонски производи

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
По морето е заради странците предимно.Влези внатре па види дали има повеке от 30-40% странски производи.
Не стварно, разликата е усетлива многу,а и сум посетувал за повеке време во Струмица,Скопje, Битола и Охрид.
Сум бил и во Софија иста е ситуацијата.Може не се 90% ама се 60-70 сигурно.Немаме соодветна стратегија а свеста кај луѓето е на многу ниско ниво па прво ги земаат увозните продукти а домашните им се во втор план.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
276
Наградно прашање: ЧИЕ е ова млеко? Македонско или српско?

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.202
Добро утро и на тебе. Туку, што не реагираш ако е знаеш дека е вака 3-4 години ? :tapp:
Реагирам 3-4 години по ред со некупување на производи на ИМБ и купување млеко/јогурт/сирење/кашкавал произведени од Млекара Тетово, Здравје Радово, АгроХоланд - Кичево, Бучен Козјак, охридски Лабрадор, струмичка Јока...Еве ти од отворањето на темата, читај ја од почеток и други луѓе се запознати со бизнисот на ИМБ.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
276
OK OK... Мислам дека не се разбравме на прва... И ти мене и јас тебе...

Знам дека газдите на ИМБ се Срби ли се Холанѓани ли се (ј.бем ли ги што се ... ) не е ни битно на крај краева....
Муабетот ми беше дека на сликата погоре конкретно е сликано Битолско Млеко, кое всушност се произведува и полни во Белград!!! А на нас ни се сервира како домашен производ!:facepalm:
Значи има два типа на Битолско млеко: првото произведено во Битола, направено од млеко од македонски крави (коцкаст тетрапак), и второ, српско, направено од српски крави (правоаголен тетрапак)... ме разбираш, нели?

Инаку секоја чест на отпорот што го дава, со купувањето на македонските производи!(y)

п.с. Само да знаеш дека Бучен Козјак е иста сорта со ИМБ. Имаат исти газди. И тоа уште пред да ги купат ИМБ...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.691
Поени од реакции
6.019


Да пофалам еден нов Македонски производ. Сирупи на растворање...Моментално го пијам оној најдесно од боровници и грозје. Најдобар сок на растворање што сум го пиел во животот. Има јак природен вкус а не е благ. Порано сирупите беа отров слатки овие не се а имаат многу јака и чиста арома. Исто тој од јаболка го пробав и е исто многу добар. Дури и подобри се од многу обични сокови барем по вкус и мирис. А и не се скапи.
Имаат (y) од мене. Пробајте ги.
П.С. не сум платен од Радовчани :D
Јак македонски производ.
Портокал, банани и ананас произведуваме во секое село....
Увезуваат готови сирупи ( и патем ако има хемија во некоја храна - има во сокови и салами ) и тука го разредуваат со вода.....
Значи добиваш одреден процент на овошје + вештачка арома + вештачка боја + вода
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 11:05 ---
Реагирам 3-4 години по ред со некупување на производи на ИМБ и купување млеко/јогурт/сирење/кашкавал произведени од Млекара Тетово, Здравје Радово, АгроХоланд - Кичево, Бучен Козјак, охридски Лабрадор, струмичка Јока.......
Здравје Радово е најголем увозник во државата на растителна маст која ја користи во производство млечни производи...
Забележи по маркети има кравјо сирење со една цена на кое стои АКЦИЈА ( патем таа “акција“ трае години) и исто кравјо сирење со 50% повисока цена..
--- надополнето: 21 ноември 2012 во 11:09 ---
...што ако се македонски компании кога сите увезуваат зејтин во цистерни од србија и овде само го полнат во шишиња каде е тука македонскиот производ ?
Исто е и со сите останати масла. Само Благој ѓорев има технологија за цедење на масло се останативе ти се увозници и препродавачи.
Така е, само Благој Ѓорев, (освен што увезува) и откупува сончоглед и преработува. Мислам дека ги откупува сите количини , колку и да се. Останатите увезуваат нерафинирано сурово масло, кое го рафинираат и го пакуваат
 
Член од
9 април 2011
Мислења
810
Поени од реакции
1.043
п.с. Само да знаеш дека Бучен Козјак е иста сорта со ИМБ. Имаат исти газди. И тоа уште пред да ги купат ИМБ...
Јас колку што знам Бучен Козјак е кумановска приватна фирма, не верувам дека срби се газди или кои и да се, кумановец е газда на Бучен Козјак.
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
317
Поени од реакции
276
Јас колку што знам Бучен Козјак е кумановска приватна фирма, не верувам дека срби се газди или кои и да се, кумановец е газда на Бучен Козјак.
Беше, беше Бучен Козјак кумановска фирма, пред да ја продадат на србите во 2008 година... Не можев да најдам нешто поконкретно, ама еве верувам дека ова ќе биде доволно...

http://kzk.gov.mk/mak/zapis1.asp?id=668&kategorija=9

п.с види стр.3 точка 5 ... :)
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
777
Поени од реакции
382
Јас колку што знам Бучен Козјак е кумановска приватна фирма, не верувам дека срби се газди или кои и да се, кумановец е газда на Бучен Козјак.
Мислам дека не е толку важно чија е фирмата ако вработува Македонци и придонесува за македонската економија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.202
И после луѓево се чудат зошто е поефтино увозното млеко и ќе навалат на него :cenzura:

Повлечени млеката „Дукат“ и „Виндија“ поради канцерогени материи
Сабота, 09 Февруари 2013 11:17

Неколку видови на млеко на „Дукат“ и на „Виндија“ се повлекуваат од трговската мрежа поради сомневање дека имаат зголемена концентрација на афлотоксинот М1, пишуваат хрватските медиуми.


На зголеменото присуство на афлотоксинот М1 производителите во Хрватска ги предупредиле од Босна и Херцеговина, пишува хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“. Овие производи ги има и на македонскиот пазар.

Испитаните примероци во Ветеринарсниот институт во Хрватска покажле помали отстапувања од дозволените. Поради сигурност, примероци од млекото се испратени и во референтната лабораторија во Виена, Австрија. Тие резултати се очекуваат во средината на февруари.

Производителите на овие млека го информирале министерството дека сите количини се повлекуваат од трговската мрежа и стопиран е извозот во БиХ.
Станува збор за трајното млеко на „Виндија“ со масленост 2,8 проценти од литарско пакување со дата на употреба до 7 март 2013, потоа „УХТ“ хомогенизирани и стерилизирано млеко со 2,8 проценти масленост, еден литар, датум на употреба 31 мај 2013 и уште два вида на млека на „Дукат“ – трајно млеко, 2,8 отсто масленост, пакување од пола литар и рок на траење 24 јуни 2013 и трајното млеко „Лагано јутро“, 2,8 отсто масленост, пакување од еден литар, употребливо до 25 април 2013.

Него муабетов ми е...Ако Бимилк, Суботичка Млекара, Имлек и Млекара Козарска Дубица - БиХ, се со исти газди, а Битолското млеко од Бимилк е најчесто произведено од овие три спомнати субјекти...
каква е ситуацијата со Дукат и Идеал Шипка, ако ја имаме информацијата дека е ист газда?

Македонските потрошувачи на Дукат производите се безбедни

Текст: Макфакс
Македонија | 09 февруари 2013


Трајното млеко „Дукат" со масленост од 2,8% во тетрапак пакување од половина литар воопшто не се увезува во Македонија, а трајното млеко „Дукат - лагано јутро" со трајност до 25.04.2013 е во магацините на увозникот и не се дистрибуира до продажните места.
Ова во сабота го соопштија од компанијата „Дукат", од каде додаваат дека во Македонија нема никаква опасност од производите на оваа компанија.
Производителот на млекото „Дукат" од Хрватска превентивно ги повлече од пазарот двете ограничени серии од трајните млека кај кои е утврден сомнеж за зголемено ниво на микотоксин.

Лагано Јутро не, ама вакво зелено од Виндија и ова 2,8 од Дукат вчера гледав по маркети.

ЛАЖЕШ КУРВО!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom