- Член од
- 24 ноември 2009
- Мислења
- 4.959
- Поени од реакции
- 4.882
ИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ ?????????????
Имаме дури 6 рафинерии за масло, или нешто плус.Сигурен сум дека и во Гостивар имаше една фирма, ама не памтам име...битно користиме српско/хрватско масло за 2-3-4 денари поефтино или унгарско Флориол поскапо од нашите.
Малку за нашиве рафинерии
Прво најголемата, најстара и со најголема традиција
Благој Ѓорев АД - Велес (основана во 1923 година) / Кристал (170 вработени)
http://www.kristal.com.mk/
Настрана од нормалното рафинирано сончогледово масло почнале и со производство на ладно цедено масло (нешто како поздрава верзија на рафинираното) и сусамово масло.Само последниве две слабо по маркети.Изгледа дека не се странски...Работат и оцет, маргарини,алва, локум, желе бонбони, зачин Кристал, соја производи, нишесте, какао, кокос, шеќер во прав, џем, слатко итн.Дури и еден период почнаа и со Капучино и добро им беше на вкус, ама го снема набрзина
Млин Стојчев АД - Битола (1990 год., 120 вработени) / Битолско Масло
http://www.bitolskomaslo.mk/
Основна (или сега веќе почетна) дејност е леб и пекарски производи, од пред 2-3 години и со фабрика за (Битолско) масло, веројатно со најновата технологија од сите (од германско потекло).
Брилијант ДОО - Штип (1991)
http://www.brilliant.com.mk/
Освен масло Брилијант работат и производство на овчо сирење и кашкавал, јагнешко месо во две фарми и фабрика за Биодизел гориво (капацитет на производство од 100.000 тони годишно) и целосно откупено од Лукоил.Кај нив е стручен соработник еден од најпознатите професори на Балканот во овие дејности и доста почитуван во Европа, Македонец по потекло.
Производи:Сончогледново рафинирано масло и растително масло (од поголем број култури).
Во план е производство и на пченкарно масло.
Добро се поврзани и со Лукоил, газдата е пријател со некој од поголемите директори во Лукоил.Имаат и складиште во Штип.Исто и Царински терминал.
Складиште со терминал за течни горива и ТНГ
Складиштето и терминалот за течни горива и течен нафтен гас опфаќаат површина од над 12.000 м2 и се лоцирани во индустриската зона на градот Штип.
Складиштето располага со складиштен простор од 6.000 м3 за течни горива и околу 200 м2 за течен нафтен гас (ТНГ).
Автопреточувалиштето и вагонопреточувалиштето се со капацитет од по 120 м 3/ч.
Функцијата на складиштето е овозможена од следниве компоненти:
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за дизел горива;
- 2 надземни резервоара со волумен од по 1.500 м3 за бензини;
- 2 подземни резервоара со волумен од по 100 м3 за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за дизел горива);
- 4 преточувачки пункта за автоцистерни (за бензини);
- 2 преточувачки пункта за автоцистерни за течен нафтен гас (ТНГ);
- 4 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течни горива;
- 2 преточувачки пункта за вагоноцистерни за течен нафтен гас (ТНГ).
Ал Макс ДОО - Струмица (1997 г., 80 вработени) / Бисер.
http://www.al-maks.com.mk/
Производството им е по Шведска технологија и машини, а дел од македонски добавувачи.Дистрибутивни центри и магацински простор во Струмица, Гевгелија, Битола и Скопје.
Македонија Масло ДОО - Кочани.Најнов производител заедно со Агрофила, а Македонија Масло е фирма ќерка на кочански Жито Ориз, еден од најстарите производители на леб, ориз и пекарски производи, слична комбинација како Млин Стојчев и Битолско Масло
http://www.zitooriz.com.mk/
И уште една фабрика од Штип, Агрофила / масло Фила.Нивното масло е производедено со ладно цедење, а не со рафинирање и користење високи температури и минимум хемиски реакции.
http://www.agrofila.com.mk/
Истовремено и прва и засега единствена фабрика за производство на маслиново масло во Македонија.
Други производи освен сончогледово се ладно цедено масло од маслодајна репка, од сусам, од семки од тиква, од ленено семе (ај можда во иднина и од канабис ќе почнат ).
Само не е лошо и да поработат на стимулирање на земјоделците во зголемено одгледување сончоглед, засега само третина од преработката е од домашна суровина, а откупот на истата е 100%!Стимулации за сончоглед се потребни, не само за тутун и млеко.
Добро си рекол и газдата на Благој Ѓорев, ама да не останат само празни муабети...
ДА СЕ ПОТТИКНУВА ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА СОНЧОГЛЕД
Варадинов вели дека ако државата сака да придонесе за поевтино домашно масло за јадење, тогаш треба да го поттикнува домашното производство на сончоглед. Во деведесеттите години Благој Ѓорев од домашните ниви откупувал од 40 до 50 илјади тони сончоглед годишно. Но, сега количините на домашен сончоглед се значително намалени, а велешката фабрика откупува се што е на располагање, но и тоа не е доволно во однос на капацитетот кој ги има – 60.000 тони годишно.
“Во последните пет години, заедно со увезениот сончоглед, преработуваме околу 10.000 тони сончоглед, поради тоа што има недостиг од суровина. Македонија може да биде голем производител на сончоглед, маслодајна репка и соја, наместо да ги увезуваме заедно со суровото масло“, вели Варадинов.
Според него, на домашните производители им се потребни 100.000 тони маслодајни култури годишно, за да немаат потреба од увоз на суровина. Во случај кога Македонија би имала толку големо производство, тогаш би станала и извозник на сончоглед, наместо да биде увозно зависна.
Инаку, цената на сончогледот од 320 евра за тон лани летото, на почетокот од годинава стана 500 евра за тон, додека цената на суровото масло изминатата година порасна за 50% и сега чини 1.100 евра за тон. Последното поскапување на маслото за јадење во Македонија кое се случи годинава беше за 50%.
што ако се македонски компании кога сите увезуваат зејтин во цистерни од србија и овде само го полнат во шишиња каде е тука македонскиот производ ?
Исто е и со сите останати масла. Само Благој ѓорев има технологија за цедење на масло се останативе ти се увозници и препродавачи.