Android телефон до 150 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата edin4o
  • Време на започнување Време на започнување
Веќе ако фрлаш повеќе пари за 250 евра го имаш на ново Xperia P. Јас го имав телефонот до пред некоја недела и беше топ. Единствена маана му беше што имаше послаба батерија и откога добив апдејт за 4.0, батеријата почна побрзо да се троши. Ако не ти смета батеријата, тогаш тој е перфектен со 1гб рам, дуал-кор процесор на 1гигахерц, 8 мегапиксели камера со фулл хаде видео, предна камера доколку имаш потреба, 16гб меморија и така.
 
Типо-то е мал..
Мислев и јас HTC Desire HD, ма да и за Sensation има доста custom rom-ови за JB..

EVO 3D по огласи може да се најде за 200-240 евра, али тоа е веќе преку границата од буџетот :) Али од друга страна освен 3D екранот нема никаква разлика од Sensation-от
Ма да коа ќе видам од друга страна, подобро да уштедам и да си го зеам него или Deisre X-от.
--- надополнето: 20 ноември 2012 во 19:50 ---

Е сеа нексусот незнам како се движат цените...

Samsung Google Nexus i9023 можеш да го најдеш и за 150/160 евра. А за Ево 3Д мислам дека го има и под 200 евра. Некни го видов баш случајно на пазар3. Јас би ти препорачал да не брзаш, да подсобереш пари доколку немаш и да си купиш Сензејшн.
 
а какво мислење имате за алкател от995 ?
позитивни негативни страни на телефончето
 
Јас сакам да земам HTC Desire X, има некој купено, релативно нов е? Само единствено нешто што ме двоуми е што не знам дали ќе има 4.1 апдејт...

Би требало да има 4.1, ХТЦ најави за сите телефони од 2012 кои имаат повеќе од 512мб рам ќе има JB, One V и Desire C нема да добијат, Desire X 99% ќе има ЈB 4.1.

Е сеа нексусот незнам како се движат цените...

Слично колку Galaxy S 140~160евра.
 
а какво мислење имате за алкател от995 ?
позитивни негативни страни на телефончето
Покрај сите хатециња, аркови и други андроиди, не гледам причина зашто некој би купил алкател со сомнителен квалитет и скоро никаква поддршка
 
за тие пари тешко да најдеш поасален и сочуван смартфон,сепак јас би одбрал нексус како што кажа горниот пост инаку сензејшн не е лош ама си знаеш,јас имам Дезајр ХД и сум задоволен и си менував РОМ од сензејшн а за ЏБ не е тоа-тоа како што треба а ќе доработи како што треба. Значи ќе земеш нексус или галакси ајс горе-доле за тие пари,а за експерија некои модели тешко да навлегуваш длабоки пермисии и да направиш рут или да смениш РОМ барем така ми рекоа и на крајниот случај поради очајнички мерки-очајнички потреби тогаш ајфон 3гс само ако има сочуван:);)
 
Sensation (под дифолт) нема никаков дефект. Другар има Sensation, јас имам XE, супер се.
Е сега, 8500 денари за телефон што излегол пред скоро 2 години во продажба не се баш малку.
Патем, бидејќи воопшто не можам да го најдам на сајтот, сигурно нема некој трик (обврски, договор,ово-оно)?
Како и да е, се работи за стар модел и веројатно чистат магацин.
 
Таман работа 8500 да го даваат телефонот, па на старо да го купиш е 11-12000 ден
тоа им е некаква грешка дека е само телефон или па е таа сума плус рати, или со претплата
 
Според мене, Sony Xperia Tipo. Има Андроид 4.0, 512mb рам, 800mhz процесор... Е, сеа, камерата е 3.15 мегапиксели, ама па и не е многу лошо тоа. За цената (150-ish евра), телефонот си е лудница.
Јас го земав и не е лудница ама е функционален топ како за budget android. Отвора секакви апликации, игри, адобе, ексел, ворд и слично. Скајпот супер работи... Највероватно сеуште го има во понуда со договор 24 од Т-Мобиле во релакс сурф пакетите за 1денар или слично. Баш ти го препорачувам без да се мислиш, ако веќе сакаш да заштедиш.
 
Како што кажав, за 100 евра е супер. Ако зборуваме за нов телефон за тие пари, секако. Не викам дека не можеш да земеш половен со подобри спецификации, ама за нов телефон си е баш супер таа цена.
 
а какво мислење имате за алкател от995 ?
позитивни негативни страни на телефончето
добар е за тие пари - поготово ако го надградиш на ICS (доаѓа со Gingerbread)

камерата не е баш којзнае шо, ама за тие пари...
 
Би требало да има 4.1, ХТЦ најави за сите телефони од 2012 кои имаат повеќе од 512мб рам ќе има JB, One V и Desire C нема да добијат, Desire X 99% ќе има ЈB 4.1.

Aко добие JB, тогаш телефонот ќе биди најдобрата опција за тие пари. Уште да пуштат пост пејд промотивна понуда од ВИП и го земам. :D
 
Гледајќи едни benchmark-ови, Типо-то е подобар од Desire C-то, само со малку помал екран што е тоа му праи проблем..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom