CINEDAYS 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Amour го имаш во два термина. Четврток од 22:30 и петок од 12.

И не претерувајте со цената, 100 денари е културна цена. Во Кинотека постојано картите се по 50 денари, па гледам се убија луѓе од одење.
Евтини се картите одделно за секој филм, проблемот мене ми е што се многу филмови за краток период па си се собира, вака ко за студент.
 
Аман бе, како ме нападнавте. Никаде не кажав дека е скапо, баш се ок цените, а и понудата е одлична.
 
Го симнав синоќа Cesare deve morire. Oчекував многу подобар филм, всушност целиот филм е како една театарска претстава. Имаше доста солидна глума, но не е филм за мој вкус. Доколку се мислите дали да го гледате на Синедејс подобро заменете го со друг што го нема на дофат на торенти. :)
 
Почитувани,
Со особена чест и со огромна возбуда ве известуваме дека денес започнува единаесеттото издание на Меѓународниот фестивал на европски филм CINEDAYS. Отворањето на фестивалот во Кино Милениум со почеток од 20:00 е со освојувачот на повеќе награди, меѓу кои и наградата за најдобро сценарио на престижниот филмски фестивал во Монтреал, филмот „Shangai Gipsy“ во режија на Марко Набершник. Во филмот главната улога ја толкува нашиот актер Висар Вишка, а една од улогите е на нашиот актер Сенко Велинов.

На отворањето на фестивалот, на присутните ќе им се обрати Министерот за Култура Г-ѓа Елизабета Канчевска-Милевска.
Согласно вообичаената востановена традиција, со цел, секогаш да им излеземе во пресрет на искрените вљубеници во европскиот филм во слободна продажба се 250 билети или 50% од капацитетот на Кино Милениум, сево ова за сметка на протоколот, кој е драстично намален поради горенаведените причини.
По проекцијата, се гледаме и дружиме во МКЦ, до раните утрински часови, со прекрасни звуци и пригодна коктел забава, со концертот на нашиот драг пријател, џез музичарот Тони Китановски и култните Черкези.

Се гледаме на CINEDAYS.
 
WOW, одлична програма. Баш би сакал да ѕирнам нешто: Amour, Cloud Atlas, The Artist, Rust and Bone, Magic Mike (иако сум го гледал веќе), Beasts of the Southern Wild и Кад сване дан се на мојата листа на желби. Само не знам колку времето ќе ми дозволи да ги гледам сите.
 
Си купив влезници за Amour за вечерва, за Cloud Atlas во сабота и за Beasts of the Southern Wild идната сабота. И баш сум нестрплив да ги погледнам! :vozbud: Мака ми е само за Rust and Bone, зошто нема реприза - во тој термин во кој се прикажува, не можам да го следам. :mad:
 
Моето видување за Amour на Ханеке тука.

Не ми се допаднаа неколку работи:
-иако не би сакал многу да мрчам, сепак се работеше за отварање на фестивалот, но филмот доцнеше половина час
-мислев дека ќе се бара карта повеќе, а останаа голем број празни места - не дека салата беше празна, само не беше пополнета до последното место, навистина штета
-голем број од посетителите ја напуштија проекцијата на сред филм - не ми е јасно што очекуваа, дека се отидени на science fiction фестивал, или дека ќе има некаква акција?

Сепак - изгледав одличен филм. Следно - Cloud Atlas, сабота 12:00 ;)
 
Моето видување за Amour на Ханеке тука.

Не ми се допаднаа неколку работи:
-иако не би сакал многу да мрчам, сепак се работеше за отварање на фестивалот, но филмот доцнеше половина час
-мислев дека ќе се бара карта повеќе, а останаа голем број празни места - не дека салата беше празна, само не беше пополнета до последното место, навистина штета
-голем број од посетителите ја напуштија проекцијата на сред филм - не ми е јасно што очекуваа, дека се отидени на science fiction фестивал, или дека ќе има некаква акција?
Го гледав Amour денес од 12:00, и тоа што викаш за мрчење, не се за мрчење, за пцуење на се живо и диво се. На два пати снема слика, два пати по две минути зјапавме во црн екран, пет пати сликата се затемнуваше како на компјутер кога 10 минути ништо не му правиш па да заштеди батерија, откога ќе снемаше слика се качуваше некој човек горе, местеше, и после расправии, а филмот ко што си пишал имаше многу малку музика и беше тивок, така да ова што го гледавме ние од 12:00 не беше directors cut, беше kino mileniums cut со плус сценарио, значи до даска се изнервирав и убаво ќе размислам дали на друг филм ќе отидам.

А за филмот, не ми беше лош дефинитивно ама не и одличен, 7,5 добар. Сум гледал од Ханеке неколку филма и знаев што отприлика да очекувам, но некои кадри навистина ми беа предолги, плус и малата количина на музика некако ми направија умртвена атмосфера, иако тоа беше потребно до некоја мера за темата на филмот кој беше пред се реален, и со добра поента како што златкевичиус супер објаснил во рецензијата.

Исто денес приметив дека и Sister ќе го даваат во среда, одличен филм со одлична глума, тој ми е гледан од пред некој ден и ви препорачувам да го погледнете.
 
Cloud Atlas бил распродаден за вечерва, објавија на МКЦ на Фејсбук.
Иначе Ханеке прави малце бавни филмови, не треба да очекувате брзо дејствие, туку очекувајте само одлична кинематографија и добра музика. Мене од него Cache ми е омилен :) дури повеќе и од Das Weisse Band..
 
Вечерва шетајќи по улица Македонија добив еден весник Cinedays.
Гледам дека веќе отворена тема.
Би сакал да погледам некој филм кој не е американски или европски, туку на пример Ирански, бидејќи иранските филмови, во последно време освоија многу награди. Или некој друг интересен филм, од неврзаните земји. Но во праграмата што ја има во овој весник не е наведена земјата од каде филмот доаѓа.
Дали некој може да ми препорача таков филм?
 
Не знам кој има надлежност да ги казни Милениум за тоа што го направија денес на Amour, но нека го направи тоа побрзо. За се друго што сакав да го гледам на фестивалов ќе си барам добар торент.:mad:
 
понеделник 17.30 The Artist
недела 20.00 Kad Svane Dan

ова е мојот избор . Rust and Bone отпаѓа дека е во термин за Лига на Шампиони :( .
 
Го гледав Amour денес од 12:00, и тоа што викаш за мрчење, не се за мрчење, за пцуење на се живо и диво се. На два пати снема слика, два пати по две минути зјапавме во црн екран, пет пати сликата се затемнуваше како на компјутер кога 10 минути ништо не му правиш па да заштеди батерија, откога ќе снемаше слика се качуваше некој човек горе, местеше, и после расправии, а филмот ко што си пишал имаше многу малку музика и беше тивок, така да ова што го гледавме ние од 12:00 не беше directors cut, беше kino mileniums cut со плус сценарио, значи до даска се изнервирав и убаво ќе размислам дали на друг филм ќе отидам.

А за филмот, не ми беше лош дефинитивно ама не и одличен, 7,5 добар. Сум гледал од Ханеке неколку филма и знаев што отприлика да очекувам, но некои кадри навистина ми беа предолги, плус и малата количина на музика некако ми направија умртвена атмосфера, иако тоа беше потребно до некоја мера за темата на филмот кој беше пред се реален, и со добра поента како што златкевичиус супер објаснил во рецензијата.

Исто денес приметив дека и Sister ќе го даваат во среда, одличен филм со одлична глума, тој ми е гледан од пред некој ден и ви препорачувам да го погледнете.
Уфффф... Не ни помислував дека проблемите ќе им продолжат. Искрено, не ми се допадна воопшто доцнењето, но го оправдував со фактот дека дента беше отварањето, па можеби не се они криви. Ама после ова што ти го кажа... Нема оправдување, дефинитивно.

Инаку јас сум во план да гледам уште два филма, веќе имам влезници, се надевам дека ќе си ги решат проблемите за време на тие проекции.

Утре во 12:00 ќе го гледам Cloud Atlas - искрено, едвај чекам!!!

И - имам вишок влезница за Beasts of the Southern Wild, идната сабота од 22:30. Ако има некој заинтересиран, да не пропадне влезницата, нека каже.
 
е ај сеа кажете дека Cloud Atlas вреди 50 денари!!!
beneamata

И - имам вишок влезница за Beasts of the Southern Wild, идната сабота од 22:30. Ако има некој заинтересиран, да не пропадне влезницата, нека каже.
ејјј јас :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom