Книжарници...

  • Креатор на темата Креатор на темата Nemiseverue
  • Време на започнување Време на започнување

Која книжарница ви е омилена...


  • Вкупно гласачи
    102
И како стојат со изборот на литература?


Кога поминав јас не беа снабдени, но тоа беше ептен на почеток. Дечкото ми кажа дека сеуште се во фаза на договор со уште издавачки куќи и како што ми кажа ќе почнат со нивни изданија од нова година.
 
Не сакав да отварам нова тема се одлучив овде да ја вметнав веста. Случајно ја прочитав веста па мислев дека е ок да ја споделам за сите заинтересирани.

Феникс утре отвара прва аутлет книжарница.

Извор

Што е тоа аутлет книжарница? Ќе продава книги кои биле бестселери пред неколку години? Има веб-сајт, каталог?
 
Мислам дека немаат веб-сајт, за фан група на фб не знам не користам фб. Успеав само ова да го најдам како инфо. Се надевам ако бил некој ќе ни објасни што и како има.
 
b4cd879b99cf4a7b9fc039401ade9217.gif
 
Што е тоа аутлет книжарница? Ќе продава книги кои биле бестселери пред неколку години? Има веб-сајт, каталог?
Во главно да. Повеќето книги се постари, мислам дека има најмногу од Култура. Од Три ги има оние од едицијата Вљубени во книгата. Ги има и македонските книги преведени на англиски, од проектот на Владата што беше. Друго приметив доста лектири, сликовници и некои енциклопедии. Имаат и стручна литература, ама не разгледав убаво каква е. Во секој случај, позитивното е тоа што книжарницата е ефтина и може да се најде нешто. Јас си ја зедов Шекспир никогаш не го правел ова од Буковски за 160ден. Во иднина претпоставувам дека ќе ја збогатат понудата. А да, каталог немаат.
 
Некој да не знае дали АЕА - Египетска сонувалка отвориле на друго место книжара?
 
Гласав за Матица пред се за големиот избор на книги и достапната цена која е пониска во однос на другите книжарници.
 
Гласав за Матица пред се за големиот избор на книги и достапната цена која е пониска во однос на другите книжарници.
Матица иако има подостапни цени, си наплаќа за својот „квалитет“. Да не зборувам за пиратските верзии на книги како и преводот склепан за недела две. Матица како еден поголем застапник на пазарот треба да се засрами поради нејзината сегашна политика кон истиот. Од година во година одат се подоле и подоле, каде еден ден ќе стигне на рамниште на „Ѓурѓа“ - кои да бидам искрен не знам како сеуште успеваат да опстанат на пазарот поради нивниот шунд од литература како и кастрењето и сакатењето на некој солиден класик.
 
Некој да не знае дали АЕА - Египетска сонувалка отвориле на друго место книжара?

Мислам дека не. Но речиси сите нивни изданија (книгите на Божин Павловски, Хрониките на Нарнија од К.С. Луис и други) ги има во Матица.
 
Не сум по читањево книги, ама другарка ми кажа дека во матица имало 50% попуст и видела дека има книга што мене би ме заинтересирала. Отидов, видов, оставив 1500 денари и си купив 2 книги на англиски :D Кој не бил (ако има таков) нека провери /
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom