Кино сали во Македонија (Cineplex, Шминеплекс и се останато)

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
да бе во 3D да не сакаш и гратис Heineken пиво,а на пуза пред почетокот на 2ро полувреме и после фудбалот Sony playstation ќе се игра пошо се спонзори :icon_lol:
Оти да не? Идеите се насекаде околу тебе, ако не ги видиш ти, ќе ги види некој друг ;)
 
За 90 денари новиот Џејмс Бонд во „Скопје Сити Мол“
Со двојната премиера на 3Д авантурата „Животот на Пи“ и новиот Џеjмс Бонд филм „Небесен пад“, австриската кино-групација Cineplexx (Синеплекс), заедно со партнерите MCF Films и Continental Film, ќе го отвори своето ново кино во Македонија. Отворањето ќе се одржи на 22 ноември во „Скопје Сити Мол”, со присуство на македонски познати личности од филмот, музиката...
cineplex500s1.jpg
Со двојната премиера на 3Д авантурата „Животот на Пи“ и новиот Џеjмс Бонд филм „Небесен пад“, австриската кино-групација Cineplexx (Синеплекс), заедно со партнерите MCF Films и Continental Film, ќе го отвори своето ново кино во Македонија. Отворањето ќе се одржи на 22 ноември во „Скопје Сити Мол”, со присуство на македонски познати личности од филмот, музиката...
- Наша цел е да им овозможиме уникатно доживување на посетителите на нашите кина во Македонија, што ќе ги врати луѓето во кината. Oва ќе го постигнеме преку фактот што користиме најнови технологии за дигитална проекција, овозможувајќи совршен комфор на седиштата во салите и донесувајќи ги најновите блокбастери, вели Кристијан Лангхамер, генералниот директор на Cineplexx International.
Деветте сали, кои се дел од „Скопје Сити Мол“, се опремени со фасцинантна опрема и 3Д технологија, овозможена од „Реал Д“ и ги имаат најголемите екрани во Македонија. Сите сали имаат суперкомфорни седишта поставени во тн. стадионско седење. Најголемиот екран има димензии 14x7,6 метри и е поставен во најголемата сала со капацитет од повеќе од 300 гледачи. Вкупниот капацитет на салите е поголем од 1.400.
- Cineplexx ќе биде првата компанија во Македонија што воспоставува систем за онлајн резервации во своите кина, давајќи и` тотална флексибилност на публиката да резервира преку веб сајтот на киното, вели Игор Станковиќ, сопственик на MCF Films и генерален директор на Cineplexx Macedonia.
Cineplexx постојано носи најнови холивудски блокбастери во своите кина, програмска разновидност што произлегува од можноста еден филм да се прикажува истовремено во повеќе сали.
Токму на почетокот, Cineplexx, заедно со партнерот Continental film го носи „Џеjмс Бонд – Небесен пад“ во Македонија. Критичарите веќе го сметаат овој филм за најдобар филм за агентот 007 во последно време, а гледаноста ширум светот покажува дека овој блокбастер ќе биде најдобар на сите времиња.
Со „Животот на Пи“, за првпат еден голем холивудски филм ја има својата светска премиера во Скопје, само неколку часа по премиерата во САД.
Овој филм е 3Д спектакл, што ќе и` овозможи на публиката да ги почувствува бенефитите на најновата технологија, „Реал Д“ (3Д-проекција) што Cineplexx ќе ја донесе во Македонија.
Филмот е снимен спрема истоименот бестселер продаден во 7 милиони копии ширум светот, за која се сметаше дека е невозможно да се филмува се додека технологијата не се усоврши последниве пет години.
Cineplexx International LTT е австриска семејна компанија со долга традиција. Мрежата на Cineplexx, која се состои од 42 кина, се протега во Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Италија и Македонија, и има вкупно 271 сала со повеќе од 53.000 седишта.
MCF Film Doo, на сопственикот Игор Станковиќ, е белградски независен дистрибутер, кој исто така го застапува и студиото „20th Century Fox“ во неколку земји од регионот на бивша Југославија. Компанијата исто така организира филмски фестивали и ја составува програмата на арт-кината во Србија. MCF Films е партнер на Cineplexx International во Србија, Црна Гора и Македонија.
Continental Film е традиционален хрватски дистрибутер кој работи повеќе од 20 години и ги претставува Walt Disney Cooperation, како и Sony pictures во повеќе земји на поранешна Југославија. Оваа компанија е помал сопственик на акции во повеќе бизнис единици на Cineplexx на овие простори.
На вечерта на отворањето на Cineplexx билетарите за публиката ќе бидат отворени во 20:45 часот, а сите проекции почнуваат во 21:30 часот за што ќе се нуди специјална цена на вечерта во износ од 90 денари за уживање во првото вистинско кино во “Скопје Сити Мол”.
kurir.mk
 
90 денари ќе е на отворањето само специјална цена, и тоа билетарите отварале во 20:45 а филмот почнувал во 21:30... Сакаат да се направи гужва како пред Apple продавниците кога ќе излегува нов iPhone..
 
Седишта за фаќање во новото кино

3BE81E40A3F13347B7D6AFF30130CF3A.jpg


Девет дена пред неговото отворање, "Вест" ѕирна во деветте сали на новото кино "Синеплекс", во скопскиот "Сити мол". На 22 ноември, киното од познатиот австриски синџир се отвора со две премиери истовремено - новиот филм за Џејмс Бонд "Скајфол" и 3Д авантурата "Животот на Пи", снимен според приказната на Канаѓанецот Јан Мартел. "'Скајфол' ќе ја има македонската премиера, но за 'Животот на Пи' можеме да речеме дека е светска. Скопската публика ќе го гледа само неколку часа по неговата премиера во Лос Анџелес", најави Австриецот Кристијан Лангхамер, извршниот директор на "Синеплекс интернационал", шетајќи нe низ салите и низ делот за освежување во лобито.
Скопскиот "Синеплекс" ќе има девет сали, најголемата со капацитет од над 330 седишта. Втората по големина има 280 седишта, третата 200, а останатите се со капацитет од околу 100 седишта. Вкупниот број на места во сите сали е 1.465.
"Многу е важно што седиштата се поставени по стадионски принцип, така што секој гледач ќе има целосен поглед на екранот. Екранот, кој во најголемата сала е 14 на 7,6 метри, е поставен од едниот до другиот крај на ѕидот. Во сите сали има дигитална техника и 3 Д технологија", додаде Лангхамер. Вљубените ќе можат да гледаат романтични филмови на седишта за двојки, а поради стадионски поставените седишта, и децата ќе имаат целосен приказ на екранот. За најмалите, како интересна премиера се најавува "Гумениот Тарзан", со синхронизација на македонски јазик.
Првиот ден, на денот на отворањето, цената на билетот ќе биде промотивна, по 90 денари. Подоцна ќе биде различна, зависно од филмот и проекцијата. Кристијан Лангхамер ни откри и планови за многу промоции, како женска вечер, машка вечер, семејни викенди. Вети дека сите премиери ќе доаѓаат во исто време со земјите од поранешна Југославија. Салите ќе можат да се користат и за приватни промоции, ревии, фестивали, за родендени.
Семејството на "Синеплекс" е со долга традиција која се негува во Австрија, Хрватска, Србија, во Словенија, Црна Гора и во Италија. Има вкупно 42 кина и 271 киносала.


Насловот на Вест им е како за киното на Валијант.
 
90 денари ќе е на отворањето само специјална цена, и тоа билетарите отварале во 20:45 а филмот почнувал во 21:30... Сакаат да се направи гужва како пред Apple продавниците кога ќе излегува нов iPhone..
This.

Цената ќе биде 90 ден. само на 22ри ноември.
После тоа ќе биде во зависност од филмот што според мене е ептен тапа.
 
This.

Цената ќе биде 90 ден. само на 22ри ноември.
После тоа ќе биде во зависност од филмот што според мене е ептен тапа.
Редовните цени ќе бидат од 250 денари па нагоре, се зависи од тоа каков филм ќе се нуди.
 
Збориме напамет :) ама ако се 250 денари па нагоре нема многу да опстанат. Да не се занесуваат ипак сме Македонија, и со нашиот стандард и тешко кој би отишол на кино.
 
Редовните цени ќе бидат од 250 денари па нагоре, се зависи од тоа каков филм ќе се нуди.

Ништо не прават со таа цена, ма какви сакале филмови да донесат. Колку и да е атрактивно, прво Сити Мол е поприлично далечна дестинација за поголем дел од Скопје споредено со Милениум на пример, а друго редовна посетеност не се прави со цена од 250 денари.

Јас стварно би сакала да гледам финале Вимблдон во ваква атмосфера. Или замислете натпреварите што ќе ги играме во ракомет на Европско и Светско. Супер работа.
 
Kaj видовте дека во ова кино даваат и спорт ?
 
Во Софиjа цената е 280 денара /9 лева/ и 345 денара /11 лева/. И се ходи редовно на кино.
Зошто во Скопиjе да не се ходи?
 
Ништо не прават со таа цена, ма какви сакале филмови да донесат. Колку и да е атрактивно, прво Сити Мол е поприлично далечна дестинација за поголем дел од Скопје споредено со Милениум на пример, а друго редовна посетеност не се прави со цена од 250 денари.

Јас стварно би сакала да гледам финале Вимблдон во ваква атмосфера. Или замислете натпреварите што ќе ги играме во ракомет на Европско и Светско. Супер работа.
ќе има и попусти ,фамилијарни картички за попусти а и чим ги има и на фејсбук највероатно ќе има некој наградни игри за добивање кари /попусти или нешто слично
 
Многу ми е глупо ова што 45 мин. пред проекција ќе ги пуштат картите, најверојатно ќе ја избегнам гужвата и друг ден ќе си одам на раат, мразам вакви глупави испади од страна на македонциве:гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom