За 90 денари новиот Џејмс Бонд во „Скопје Сити Мол“
Со двојната премиера на 3Д авантурата „Животот на Пи“ и новиот Џеjмс Бонд филм „Небесен пад“, австриската кино-групација Cineplexx (Синеплекс), заедно со партнерите MCF Films и Continental Film, ќе го отвори своето ново кино во Македонија. Отворањето ќе се одржи на 22 ноември во „Скопје Сити Мол”, со присуство на македонски познати личности од филмот, музиката...
Со двојната премиера на 3Д авантурата „Животот на Пи“ и новиот Џеjмс Бонд филм „Небесен пад“, австриската кино-групација Cineplexx (Синеплекс), заедно со партнерите MCF Films и Continental Film, ќе го отвори своето ново кино во Македонија. Отворањето ќе се одржи на 22 ноември во „Скопје Сити Мол”, со присуство на македонски познати личности од филмот, музиката...
- Наша цел е да им овозможиме уникатно доживување на посетителите на нашите кина во Македонија, што ќе ги врати луѓето во кината. Oва ќе го постигнеме преку фактот што користиме најнови технологии за дигитална проекција, овозможувајќи совршен комфор на седиштата во салите и донесувајќи ги најновите блокбастери, вели Кристијан Лангхамер, генералниот директор на Cineplexx International.
Деветте сали, кои се дел од „Скопје Сити Мол“, се опремени со фасцинантна опрема и 3Д технологија, овозможена од „Реал Д“ и ги имаат најголемите екрани во Македонија. Сите сали имаат суперкомфорни седишта поставени во тн. стадионско седење. Најголемиот екран има димензии 14x7,6 метри и е поставен во најголемата сала со капацитет од повеќе од 300 гледачи. Вкупниот капацитет на салите е поголем од 1.400.
- Cineplexx ќе биде првата компанија во Македонија што воспоставува систем за онлајн резервации во своите кина, давајќи и` тотална флексибилност на публиката да резервира преку веб сајтот на киното, вели Игор Станковиќ, сопственик на MCF Films и генерален директор на Cineplexx Macedonia.
Cineplexx постојано носи најнови холивудски блокбастери во своите кина, програмска разновидност што произлегува од можноста еден филм да се прикажува истовремено во повеќе сали.
Токму на почетокот, Cineplexx, заедно со партнерот Continental film го носи „Џеjмс Бонд – Небесен пад“ во Македонија. Критичарите веќе го сметаат овој филм за најдобар филм за агентот 007 во последно време, а гледаноста ширум светот покажува дека овој блокбастер ќе биде најдобар на сите времиња.
Со „Животот на Пи“, за првпат еден голем холивудски филм ја има својата светска премиера во Скопје, само неколку часа по премиерата во САД.
Овој филм е 3Д спектакл, што ќе и` овозможи на публиката да ги почувствува бенефитите на најновата технологија, „Реал Д“ (3Д-проекција) што Cineplexx ќе ја донесе во Македонија.
Филмот е снимен спрема истоименот бестселер продаден во 7 милиони копии ширум светот, за која се сметаше дека е невозможно да се филмува се додека технологијата не се усоврши последниве пет години.
Cineplexx International LTT е австриска семејна компанија со долга традиција. Мрежата на Cineplexx, која се состои од 42 кина, се протега во Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Италија и Македонија, и има вкупно 271 сала со повеќе од 53.000 седишта.
MCF Film Doo, на сопственикот Игор Станковиќ, е белградски независен дистрибутер, кој исто така го застапува и студиото „20th Century Fox“ во неколку земји од регионот на бивша Југославија. Компанијата исто така организира филмски фестивали и ја составува програмата на арт-кината во Србија. MCF Films е партнер на Cineplexx International во Србија, Црна Гора и Македонија.
Continental Film е традиционален хрватски дистрибутер кој работи повеќе од 20 години и ги претставува Walt Disney Cooperation, како и Sony pictures во повеќе земји на поранешна Југославија. Оваа компанија е помал сопственик на акции во повеќе бизнис единици на Cineplexx на овие простори.
На вечерта на отворањето на Cineplexx билетарите за публиката ќе бидат отворени во 20:45 часот, а сите проекции почнуваат во 21:30 часот за што ќе се нуди специјална цена на вечерта во износ од 90 денари за уживање во првото вистинско кино во “Скопје Сити Мол”.
kurir.mk