Рудници и
ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
- Член од
- 9 декември 2009
- Мислења
- 12.145
- Поени од реакции
- 18.172
Паметна идеја, добро ќе е ако ја продолжат и ја надградат на задоволително ниво.
СТРУМИЦА - ПРВ ГАСИФИЦИРАН ГРАД
Со симболично палење на факелот поврзан на гасоводниот систем градоначалникот на Струмица објави дека општината од вечерва и официјално е прва во Македонија што е системски гасифицирана. Пред голем број граѓани собрани на плоштадот Гоце Делчев и во присуство на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Заев рече дека времето во Струмица ќе се мери пред користењето и по стартот на користењето на природниот гас, како и насекаде во светот. Во изминатите три години изградена е примарна гасоводна мрежа во должина од 13 километри, декомопресиска станица со моќност од 2.500 метри кубни на час, монтирани се 12 мерно-регулаторни станици и комлетно се преадаптирани котларниците во сите институции што се под надлежност на општината.
За градоначалникот на Струмица придобивките од гасификацијата се огромни.
-Општинските институции ќе штедат преку 300 илјади евра годишно. Секоја година можеме чуда да направиме со овие пари во училиштата и градинките. Стопанството наше, кога целосно ќе се приклучи, зборувам само за фабриките, ќе штедат прелку 20 милиони евра годишно. Огромен ресурс за развој, потенцијал кој што треба да ја вивне Струмица уште понапред, пред другите општини, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.
Гасификацијата на Струмица е целосно македонски проект, во кој беа вклучени голем број компании, домашни експерти и инженери, кои го реализираа проектот за виртуелно снабдување на градот со природен гас. Според најавите од јавното претпријатие „Струмица Гас“ наскоро на
гасоводниот систем ќе бидат приклучени и домаќинствата.
-Во моментот се гради секундарна мрежа во должина од седум километри. И напоролет ќе имаме 20 километри гасоводна мрежа, која и понатаму ќе продолжи да се проширува за да можат заинтересираните домаќинства и индустриски капацитети да го почувствуваат благодетот од природниот гас. Па веќе во наредниот период ќе ги имаме и првите приклучоци за домаќинствата, рече директорот на ЈП „Струмица Гас„, Зоран Китанов.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2 милиони евра обезбедени од општинскиот буџет. Природниот гас во Струмица доаѓа од Бугарија, од каде се транспортира со специјални цистерни и потоа се пушта во гасоводниот систем.
Инаку, приклучокот за домаќинствата изнесува 700 евра, а цената за користење на гасот треба да ја одреди Регулаторната комисија.
[ Ристо Тасев ]
Мапа на планирани гасоводи низ Македонија, уште од средината на 90-те
Од Министерство за транспорт најавија старт на гасификација на почетокот на годинава со обезбедени 60 милиони долари од Клирингшкиот долг на Русија, 15 милиони евра од сопствени извори и дел пари од задолжувања, ама еве веќе дојдовме при крајот и ништо.Од друга страна, после 10 дена Зоран Ставрески изјави сосема нешто друго.
А имаше најава и за гасифицирање на Куманово, според оваа вест веќе и таму е почнато, па не знам колку Заев е озбилен со изјавите за прва гасифицирана општина (веројатно маркетинг), ама бил озбилен во ланското ветување дека до почетокот на оваа грејна сезона ќе почнат со приклучоци во втората фаза.
Прашање до Струмичани(сигурно се посигурен извор од Заев):
Дали и кога е планирано поточно некои домаќинства и приватни фирми да се приклучат, колкав дел е воопшто приклучен во оваа почетна фаза и каква е заинтересираноста?