А кој остана овде да раѓа, се иселуваат луѓето
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=313BA7089E607B4A8B8BDB96494E7E4AКарта во еден правец
Дводеценискиот проблем со одливот на мозоци од земјава достигна точка на вриење. Доколку се реализираат црните предвидувања на САД и на Светска банка, во Македонија до 2030 година можат да останат само 1,8 милиони жители.
Познавачите на проблематиката велат дека бројот на иселени постојано расте, а дека државата, и покрај сите предупредувања, не пронајде начин за да го забави процесот и да ја задржи младата и образована работна сила во земјава. Подобрувањето на квалитетот на животот, вработување за младите висоообразовни кадри, кои кога ќе завршат со школувањето се' почесто завршуваат дома без никаква иднина, како и подобрувањето на општата клима во земјата, се само дел од предусловите кои според експертите треба да се исполнат за да се спречи одливот на млади луѓе од земјава.
Според Извештај на Светска банка, Македонија е рангирана на 23. место во група од 25 земји со најмногу емигранти. Светска банка објави дека 447.000 македонски граѓани се иселени од државата, што е дури 21, 9 проценти од вкупното население, со што нашата држава е рангирана на 23. место во групата држави во светот од кои најмногу се иселуваат. Македонија е во друштво на Западниот Брег и Газа. Ова се дел од податоците објавени во најновата Информација за интензивирање на процесот на иселување од Македонија, која деновиве до Собранието ја поднесоа група пратеници од опозицискиот блок.