Ме касна куче, а докторите ме пратија да го уловам...

  • Креатор на темата Креатор на темата emmy007
  • Време на започнување Време на започнување
Извини :гомце:, во која ситуација фатив сеир? И веќе објаснив погоре дека докторите, според мене, постапиле тотално непрофесионално.
Ако ти сметаш дека праќање на девојче сама да лови куче (кое патем претходно ја каснало) среде ноќ, наместо да и се даде вакцина против беснило, е правилно - тогаш ти си печен за докторска позиција во македонското здравство.

Читај погоре, има објаснување од некое интервју на оваа тема. Не дека „не смеат“ да даваат вакцини, туку они сами си го толкуваат тоа во смислам “иди фати го, па ако е бесно - ќе ти дадеме вакцина“ наместо да и дадат соодветна грижа и вакцина.
Ако мислиш дека тие вакцини се како витамини, тогаш не знам што да ти кажам!
 
Членот убаво е информиран за ситацијата , ама сака да прави циркуз на форум овде, па вие дежурни сеирџии се собравте да фаќате сеир, без сериозно да ја согледате ситуацијата! :гомце:
Еј, мојот коментар беше саркастичен >:(
 
Секако дека треба да им се покачи платата.Тие луѓе минале 20 па и повеќе години над книга,специјализации и навистина е срамно трудот да им се изедначува со некојси келнер(без навреда,и тоа е професија) во Џино.Срамно е некој што пола живот поминал во учење и кој спасил многу човечки животи да зема плата од 20 000.Се додека е така,здравството ќе ни биде корумпирано и без никаков квалитет.Настрана што се испопримаа неписмени лекари благодарение на рамковен кои дополнително го "качуваат" квалитетот на здравството а не знаат еден збор на македонски да изустат.Те уверувам дека има лекари кои добро си ја познаваат својата работа и заслужуваат секоја почит но и тие се изгубија во тоталното сивило на државното здравство.Затоа 80 проценти од способните лекари на Клиника си отидоа по приватните новоотворени болници,останаа само лешинарите,корумпираните,партиските војничиња и чат-пат по некој што навистина вреди,но може ништо да направи од претходноспоменатите.
Проблемот во здравството е пред се политички,затоа што таква ни стана државата,место каде паразитите успеваат да се одржат и да уништат се.

Никој не ги терал да учат медицина и пола животен век да им помине над книгите и специјализациите, сами си избрале. :)
(црвеното) Животот колку пари вреди според тебе? Срамно е тие луѓе што учеле по 20 години да спасуваат животи само ако земаат поголема плата, значи до сега што спасувале и лекувале со плата од 20 000 илјади било само ради реда? Разбирам дека парите се потребни и без нив не можеме ништо па дури ни една мастика да си купиме посебно во ова време но верувај подобро е да земаат 20 000 илјади и да бидат среќни што спасиле уште еден невин живот отколку да немаат ништо и секој ден да мислат како ќе го преживеат наредниот.
Не треба да се гризе раката што дава храна (пари), колку толку битно дава.

Ако мислиш дека тие вакцини се како витамини, тогаш не знам што да ти кажам!
Тие вакцини колку што имам приметено само во Македонија се скапи
 
Шала беа предходните постови не бев сериозен да се разбереме :D
Инаку требало малце поостро да настапиш таму по секоја цена (гајле ти е) и да ги снимаш со ова што ги кажале па да испратиш до сите наши портали да ја видат и објават стручноста и професионалноста на дело на некои лекари, верувам после ова и откази ќе летаа.

Друже, Македонија е свесна за ,,стручноста и професионалноста'' на нашите квази лекари. На чело им е обележана партиската боја, (колоритни и модерни сме си бе), :D па повеќе од ден е јасно дека повеќето се и така влезени всушност, без адекватно образование. Па според ова, најверојатно ќе треба пола персонал и повеќе да си замине. Но, тешко дека некој од нив ќе добие отказ. Плус..Мајка ми на татко ти, стрина ми на вујна ми од свири пичино му е тетка. -.-' Нема логика да те отпуштам братко, иако под твој нож гинат недолжни граѓани. Жртви на пропагандата и тешкиот македонски живот. Ама, ај тој муабет другпат. Мислам, ми ја сфаќаш поентата. ;)
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 13:14 ---
Ако мислиш дека тие вакцини се како витамини, тогаш не знам што да ти кажам!

Јок.. не се бесплатни, и ретки се, тачно!
Ама тебе да ти се случеше истото што и на девојкава, веројатно немаа да бидат витамини...Бомбони ќе беа. :D
 
Вакцината не лек против беснило и не е гаранција дека ќе биде побрза од развивањето на вирусот, притоа може само да ја влоши ситуацијата (доколку го има, во МК не евидентиран вирус на беснило со децении) затоа се бара главата на кучето за да се утврди најбрзо дали тоа е инфектирано од вирусот, бидејќи тие процедури кои следуваат не се бомбони дефинитивно!
едитирано: вознемирувачка слика во спојлер
Jackal_head.jpg
 
Вакцината не лек против беснило и не е гаранција дека ќе биде побрза од развивањето на вирусот, притоа може само да ја влоши ситуацијата (доколку го има, во МК не евидентиран вирус на беснило со децении) затоа се бара главата на кучето за да се утврди најбрзо дали тоа е инфектирано од вирусот, бидејќи тие процедури кои следуваат не се бомбони дефинитивно!
Jackal_head.jpg

Не е гаранција, меѓутоа ПОЖЕЛНО е да се прими, во тоа е разликата.
Не оспорувам дека е исто толку голема можноста и кучето воопшто да немало беснило туку кутрото од глад да се решило да ја к'сне, ама никогаш незнаеш.
Фактот дека со децении не е регистриран случај од ваков тип, е дрн дрн јариња. Бидејки мој познаник имаше беснило пред една ипол година. Сега не би сакла да генерализирам, може ова било случај еден од милион. Ама муабетот ми е дека никогаш неможе да бидеш сигурен.
Башка ова со кучево, му доаѓа како нагаѓање сега. Тоа ли беше, нели беше. Тоа пустото сигурно џенем фатило некаде... Ајде потера да правиме, а шинтерските служби наместо да се алармираат, нека си ги ладат на велико. Плус, да напоменам дека е голема можноста и поради зголемен стрес воопшто и да не се сеќава на него.
 
Секако дека треба да им се покачи платата.Тие луѓе минале 20 па и повеќе години над книга,специјализации и навистина е срамно трудот да им се изедначува со некојси келнер(без навреда,и тоа е професија) во Џино.Срамно е некој што пола живот поминал во учење и кој спасил многу човечки животи да зема плата од 20 000.Се додека е така,здравството ќе ни биде корумпирано и без никаков квалитет.Настрана што се испопримаа неписмени лекари благодарение на рамковен кои дополнително го "качуваат" квалитетот на здравството а не знаат еден збор на македонски да изустат.Те уверувам дека има лекари кои добро си ја познаваат својата работа и заслужуваат секоја почит но и тие се изгубија во тоталното сивило на државното здравство.Затоа 80 проценти од способните лекари на Клиника си отидоа по приватните новоотворени болници,останаа само лешинарите,корумпираните,партиските војничиња и чат-пат по некој што навистина вреди,но може ништо да направи од претходноспоменатите.
Проблемот во здравството е пред се политички,затоа што таква ни стана државата,место каде паразитите успеваат да се одржат и да уништат се.
А чекај малку што е важно кој колку време поминал над книга? Ако веќе го минал сето тоа време над книга нека го примени своето знаење во пракса и нека спасува човешки животи бидејќи единствено со таа цел е и поставен на тоа работно место. И кој подобро си ја извршува работата келнерот од Џино кој има плата од 20.000 денари или оној на кој што му го довериваш животот а зема двојно поголема плата? Келнерите барем чесно си го заработуваат лебот и во келнерството сигурно нема мито и корупција и келнерот никогаш нема да ти рече ќе ти донесам кафе ако имаш 500.000евра во банка и притоа имаш луксузен возен парк (y)
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 13:42 ---
Не е гаранција, меѓутоа ПОЖЕЛНО е да се прими, во тоа е разликата.
Не оспорувам дека е исто толку голема можноста и кучето воопшто да немало беснило туку кутрото од глад да се решило да ја к'сне, ама никогаш незнаеш.
Фактот дека со децении не е регистриран случај од ваков тип, е дрн дрн јариња. Бидејки мој познаник имаше беснило пред една ипол година. Сега не би сакла да генерализирам, може ова било случај еден од милион. Ама муабетот ми е дека никогаш неможе да бидеш сигурен.
Башка ова со кучево, му доаѓа како нагаѓање сега. Тоа ли беше, нели беше. Тоа пустото сигурно џенем фатило некаде... Ајде потера да правиме, а шинтерските служби наместо да се алармираат, нека си ги ладат на велико. Плус, да напоменам дека е голема можноста и поради зголемен стрес воопшто и да не се сеќава на него.
Па демек ако ме к'сна се најаде o_O
 
А чекај малку што е важно кој колку време поминал над книга? Ако веќе го минал сето тоа време над книга нека го примени своето знаење во пракса и нека спасува човешки животи бидејќи единствено со таа цел е и поставен на тоа работно место. И кој подобро си ја извршува работата келнерот од Џино кој има плата од 20.000 денари или оној на кој што му го довериваш животот а зема двојно поголема плата? Келнерите барем чесно си го заработуваат лебот и во келнерството сигурно нема мито и корупција и келнерот никогаш нема да ти рече ќе ти донесам кафе ако имаш 500.000евра во банка и притоа имаш луксузен возен парк (y)
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 13:42 ---

Па демек ако ме к'сна се најаде o_O

Тоа така мислело изгледа. Се шегувам, не ме сфаќај озбилно. И не го оправдувам, не бери гајле. ;)
 
А чекај малку што е важно кој колку време поминал над книга? Ако веќе го минал сето тоа време над книга нека го примени своето знаење во пракса и нека спасува човешки животи бидејќи единствено со таа цел е и поставен на тоа работно место. И кој подобро си ја извршува работата келнерот од Џино кој има плата од 20.000 денари или оној на кој што му го довериваш животот а зема двојно поголема плата? Келнерите барем чесно си го заработуваат лебот и во келнерството сигурно нема мито и корупција и келнерот никогаш нема да ти рече ќе ти донесам кафе ако имаш 500.000евра во банка и притоа имаш луксузен возен парк (y)
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 13:42 ---

Па демек ако ме к'сна се најаде o_O
Тропаш глупости бе Еми.Очигледно не ја сфаќаш мојата поента дека само со почитување на трудот на лекарите и другите здравствени работници,искоренување на партизацијата на здравството и слични мерки,може да се искорени корупцијата и да се покачи квалитетот на здравствената услуга.Но далеку сме ние од тоа.На пример да си отишла на приватен лекар,сигурно немаше да ти кажат да одиш да го бараш кучето,така?Баш ми е жел што си морала да го искусиш срањето кое се случува на Клинички центар или каде и да си била.Јас на пример,работам на Клиника и баба ми една недела пред да почине требаше да прави контрола,сиротата не можеше на нозе да стои,јас бев со неа и тоа во униформа и си чекав ред како што и треба да биде,не се обидував да влезам преку ред и на другите да им кажам-Абе шо ве вртам,јас тука работам.
До менталитетот е Ели,тоа е проблемот,затоа не бива од оваа вукојебина ни држава ни бутур.Али сега да земеме за сите лекари да збориме дека не чинеле затоа што ти си имала еден инцидент,е во најмала рака неодговорно.Не е толку до лекарите,колку што е до системот.Еве кај мене на работа инсталираа нова опрема во вредност од најмалку милион евра и тоа пред две години и сеуште стои неупотребена,т.е. не можат да ја оспособат за работа.Многу работи има за решавање,но треба постепено и треба план за тоа,а ниеден министер не се најде способен да изнајде каков-таков план и да го реализира на дело.Све кловнови,лопови и партиски к..опушачи,за жал.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 14:20 ---
Никој не ги терал да учат медицина и пола животен век да им помине над книгите и специјализациите, сами си избрале. :)
(црвеното) Животот колку пари вреди според тебе? Срамно е тие луѓе што учеле по 20 години да спасуваат животи само ако земаат поголема плата, значи до сега што спасувале и лекувале со плата од 20 000 илјади било само ради реда? Разбирам дека парите се потребни и без нив не можеме ништо па дури ни една мастика да си купиме посебно во ова време но верувај подобро е да земаат 20 000 илјади и да бидат среќни што спасиле уште еден невин живот отколку да немаат ништо и секој ден да мислат како ќе го преживеат наредниот.
Не треба да се гризе раката што дава храна (пари), колку толку битно дава.

Тие вакцини колку што имам приметено само во Македонија се скапи
Навистина не ти е на место таа фора-кој ги терал.Абе има луѓе што учеле од љубов кон медицината,како само успевате да ги ставите во иста група со паразитите не знам.Е тоа е проблемот со неспособните лекари-не успеал да стане добар хирург,па ајде ќе влезе во партија и ќе биде министер или директоро.Од таквите неспособни потоа и цело здравство трпи последици.
Според мене човечкиот живот нема цена,ама праксата кажува дека државата не мисли така.Уствари неа к.р не ја боли за човечкиот живот,реално.
Парите се потребни и се фактор на вреднување на трудот.Еден општ лекар,кој работи во амбуланта зема плата колку еден обичен келнер.И ај сега кажи кој го терал да учи.Ма да си во право,овде факултетот не ти вреди,оставен си да преживуваш и да гледаш во каква скапана земја си имал среќа да се родиш.Јас искрено,би умрел од мака да студирам медицина и да земам плата како да сум со основно школо.
П:С.Затоа што човечкиот живот нема цена,лекарите треба да бидат меѓу најплатените во цело општество.Зборам за квалитетни,способни и чесни лекари,кои вие некако лесно ги заборавате а спасиле илјадници животи.Ту бре што неблагодарен народ,чудо едно:mad:
 
Чисто онака, во моментот кога доаѓа на лекар, и најсложената процедура за пациентот трае од неколку минути до неколку часа. За докторот таа процедура трае и бара целоживотна подготовка. Тоа треба да се вреднува. Тоа кој колку е стручен и ангажиран во извршувањето на својата работа, е индивидуална карактеристика, невозможно, нелогично, апсурдно, глупаво и просто е да се стави цела една група луѓе кои случајно ги спојува тоа што се доктори и да се именуваат сите како неработници, незналици и нехумани. Во секоја професија има и отпадоци вредни за критика и осуда, но да инсистираш дека сите доктори се шупаци само баш затоа што се доктори, не збори многу за интелигенцијата на дотичната личност, но говори за завист и исфрустрираност.

Дали ве прави среќни и безгрижни фактот, што на пример, кога ќе легнете на оперативна маса, хирургот од истата процедура остварува едвај некои десетина евра во платата, колку што на пример ќе ви земе молер да ви измачка само еден ѕид дома? Дали е тоа вистинското вреднување кои стручњаците од било која професија треба го добиваат во државава? Во моментов се одвива вистински егзодус на доктори, нелогично е Германија, Словенија, Швајцарија и ред други европски земји да се грабаат по нашите доктори, а тие да нечинат за ништо.
 
Пред неполни 3 часа ме касна куче во сред центар. Веднаш отидов во градската болница, таму ми направија преврска и ми дадоа упат за во државна болница е тука почнува револтот. Влегувам таму нема ниту доктор ниту жива душа доаѓа еден студент и ми вика ништо ќе одиш да го бараш кучето му викам како да го барам ми вика така му реков има ли тука доктор може ли да дојде некој и и се јавува на таа доаѓа и почнува да ми вика ( сум ја прекинала во некоја кафе дискусија ) што да ти правам јас сега и викам вие мене каже ти ми што јас да правам ништо ми вика иди најди го кучето и јави се на ветеринар да дојде да го види и викам а кучето ќе стој таму и ќе го чека веретинарот да дојде да го види и што ако случајно повторно ме нападне ми вика па што јас да ти правам сега тебе имаш 24 часа и тоа е тоа. Каков е овој закон, каквов е тој однос доктор-пациент? Колкави се шансите на површина од 50км да пронајдеш куче скитник? Срамно е и жално, бедно и патетично каков третман добиваат пациентите од оние во кои што го гледаат единствениот спас..
Одеше по патот и наеднаш ти скокна заскитан пес?кај те касна на рака нога,дали од каснатото крвареше?...да не крадеше нешто од нечиј двор ? во село во град?...не кажа ништо?
 
Кај новата црква Св.Богородица кај судска ме касна за нога од чиста мира :)
 
сигурно имаш јадено сендвич и го имаш клоцнато да не ти досадва...како тоа те касна?! сама беше немаше никој околу тебе,,зошто баш тебе да те касни на така прометно место:?
 
Каков сендвич брзав за на автобус ама за жал стигнав само до болница :) Напротив многу ги сакам кучињата а и немав намера да го клоцнам. И всушност не знам колку си информиран ама кај таа црква нема жива душа а поготово не навечер во 20:45 Да сама бев кога ме касна.
 
Навистина не ти е на место таа фора-кој ги терал.Абе има луѓе што учеле од љубов кон медицината,како само успевате да ги ставите во иста група со паразитите не знам.Е тоа е проблемот со неспособните лекари-не успеал да стане добар хирург,па ајде ќе влезе во партија и ќе биде министер или директоро.Од таквите неспособни потоа и цело здравство трпи последици.
Според мене човечкиот живот нема цена,ама праксата кажува дека државата не мисли така.Уствари неа к.р не ја боли за човечкиот живот,реално.
Парите се потребни и се фактор на вреднување на трудот.Еден општ лекар,кој работи во амбуланта зема плата колку еден обичен келнер.И ај сега кажи кој го терал да учи.Ма да си во право,овде факултетот не ти вреди,оставен си да преживуваш и да гледаш во каква скапана земја си имал среќа да се родиш.Јас искрено,би умрел од мака да студирам медицина и да земам плата како да сум со основно школо.
П:С.Затоа што човечкиот живот нема цена,лекарите треба да бидат меѓу најплатените во цело општество.Зборам за квалитетни,способни и чесни лекари,кои вие некако лесно ги заборавате а спасиле илјадници животи.Ту бре што неблагодарен народ,чудо едно:mad:
Зашто мешаш две различни професии?
Ниту е лесно да бидеш доктор ниту па келнер. За тоа што еден општ доктор зема плата колку еден обичен келнер не му е виновен келнерот или па некој трет туку државата што толку ги финансира. А најлошо е тоа што во државава послено можеш да станеш доктор него келнер. :confused:

Јас искрено,би умрел од мака да студирам медицина и да земам плата како да сум со основно школо.
Баш за ова ја пишав таа фора ама ете не ми била на место...

Затоа што човечкиот живот нема цена,лекарите треба да бидат меѓу најплатените во цело општество.Зборам за квалитетни,способни и чесни лекари,кои вие некако лесно ги заборавате а спасиле илјадници животи.Ту бре што неблагодарен народ,чудо едно:mad:
Се согласувам со тебе дека треба да бидат најплатени во цело општество. Мене еднаш ми го спасија животот и ми спречија да добијам епилепсија, тие луѓе до сега не сум ги заборавила и никогаш нема да ги заборавам, а цел живот ќе им бидам благодарна, а верувам дека има многу други луѓе со слични ситуации.
Не знам што друго да кажам не сме ниту ние виновни што бараме помош од нив ниту тие што си ги бараат своите права, само жал ми е за тие што го влечат дебелиот крај од целата оваа ситуација во која сите спаѓаме и паразитите, и државата, и ние, и добрите доктори, и келнерите... :confused:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom