А чекај малку што е важно кој колку време поминал над книга? Ако веќе го минал сето тоа време над книга нека го примени своето знаење во пракса и нека спасува човешки животи бидејќи единствено со таа цел е и поставен на тоа работно место. И кој подобро си ја извршува работата келнерот од Џино кој има плата од 20.000 денари или оној на кој што му го довериваш животот а зема двојно поголема плата? Келнерите барем чесно си го заработуваат лебот и во келнерството сигурно нема мито и корупција и келнерот никогаш нема да ти рече ќе ти донесам кафе ако имаш 500.000евра во банка и притоа имаш луксузен возен парк
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 13:42 ---
Па демек ако ме к'сна се најаде
Тропаш глупости бе Еми.Очигледно не ја сфаќаш мојата поента дека само со почитување на трудот на лекарите и другите здравствени работници,искоренување на партизацијата на здравството и слични мерки,може да се искорени корупцијата и да се покачи квалитетот на здравствената услуга.Но далеку сме ние од тоа.На пример да си отишла на приватен лекар,сигурно немаше да ти кажат да одиш да го бараш кучето,така?Баш ми е жел што си морала да го искусиш срањето кое се случува на Клинички центар или каде и да си била.Јас на пример,работам на Клиника и баба ми една недела пред да почине требаше да прави контрола,сиротата не можеше на нозе да стои,јас бев со неа и тоа во униформа и си чекав ред како што и треба да биде,не се обидував да влезам преку ред и на другите да им кажам-Абе шо ве вртам,јас тука работам.
До менталитетот е Ели,тоа е проблемот,затоа не бива од оваа вукојебина ни држава ни бутур.Али сега да земеме за сите лекари да збориме дека не чинеле затоа што ти си имала еден инцидент,е во најмала рака неодговорно.Не е толку до лекарите,колку што е до системот.Еве кај мене на работа инсталираа нова опрема во вредност од најмалку милион евра и тоа пред две години и сеуште стои неупотребена,т.е. не можат да ја оспособат за работа.Многу работи има за решавање,но треба постепено и треба план за тоа,а ниеден министер не се најде способен да изнајде каков-таков план и да го реализира на дело.Све кловнови,лопови и партиски к..опушачи,за жал.
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 14:20 ---
Никој не ги терал да учат медицина и пола животен век да им помине над книгите и специјализациите, сами си избрале.

(црвеното) Животот колку пари вреди според тебе? Срамно е тие луѓе што учеле по 20 години да спасуваат животи само ако земаат поголема плата, значи до сега што спасувале и лекувале со плата од 20 000 илјади било само ради реда? Разбирам дека парите се потребни и без нив не можеме ништо па дури ни една мастика да си купиме посебно во ова време но верувај подобро е да земаат 20 000 илјади и да бидат среќни што спасиле уште еден невин живот отколку да немаат ништо и секој ден да мислат како ќе го преживеат наредниот.
Не треба да се гризе раката што дава храна (пари), колку толку битно дава.
Тие вакцини колку што имам приметено само во Македонија се скапи
Навистина не ти е на место таа фора-кој ги терал.Абе има луѓе што учеле од љубов кон медицината,како само успевате да ги ставите во иста група со паразитите не знам.Е тоа е проблемот со неспособните лекари-не успеал да стане добар хирург,па ајде ќе влезе во партија и ќе биде министер или директоро.Од таквите неспособни потоа и цело здравство трпи последици.
Според мене човечкиот живот нема цена,ама праксата кажува дека државата не мисли така.Уствари неа к.р не ја боли за човечкиот живот,реално.
Парите се потребни и се фактор на вреднување на трудот.Еден општ лекар,кој работи во амбуланта зема плата колку еден обичен келнер.И ај сега кажи кој го терал да учи.Ма да си во право,овде факултетот не ти вреди,оставен си да преживуваш и да гледаш во каква скапана земја си имал среќа да се родиш.Јас искрено,би умрел од мака да студирам медицина и да земам плата како да сум со основно школо.
П:С.Затоа што човечкиот живот нема цена,лекарите треба да бидат меѓу најплатените во цело општество.Зборам за квалитетни,способни и чесни лекари,кои вие некако лесно ги заборавате а спасиле илјадници животи.Ту бре што неблагодарен народ,чудо едно
