Теорија не е еднакво на тврдење.
Тврдење е еднакво на хипотеза.
А од хипотеза до теорија да дојдеш има многу леб да јадеш.
Научи прво како работи науката, прочитај за научните процеси и механики, па после дојди да дискутираш.
Фала на просветлувањето,ако незнаев кое што е немаше да ги именувам дека едните се теории другите тврдења,и не ми го носи постот во правец за кој не беше наменет.Не ги ставам на исто ниво теориите и тврдењата,но кога ни едните ни другите не се 100% докажани секогаш постои простор за демантирање,поправење па и носење на сосема нови.
Што има? Што имам направено за да придонесам? Сакаш име и презиме да ти дадам па да ме гуглаш? Човекот си прави бајрам со умот.
Науката ја гледам и ја работам според научниот метод, тоа значи дека се држам до некои фундаменти.
Кои трудови коментирам бе, кај е тој труд? Знаеш ти што е труд, знаеш како изгледа еден труд? Ова не е труд, не е ни на научно-популарно ниво. Ова се небулози.
Госпожава што не нарече мочковци (а притоа не ја избришаа) рече дека човекот бил инженер, па онака ми дојде и мене да се пофалам и знаеш колку ме заболе дали некој од форумот ги смета моите мислења за влијателни?
Сакаш да кажеш дека луѓето на ПМФ не чинат? О човеку, сам себе си се убијал, прво мене ме напаѓаш зашто го критикувам „делото“ на човекот, а ти исплука цела институција.
![]()
Немора да ми даваш име и презиме,по самата твоја реакција и фрустрираноста во првите неколку поста сватив дека немаш ништо направено па плукаш и навредуваш луѓе кои се обидуваат да го направат тоа.Од кај си ти толку сигурен дека он не е во право?
Друго,инжинер беше спомнато дека е човекот уште во првиот пост,ни јас незнам каква врска има со тоа што тој го кажува,ама па сигурно нема никаква и со тоа што кажа дека и ти си инжињер.Јас можам да немам ни средно завршено па ако дојдам до некое откритие мојата диплома или титула нема сигурно да ја појачаат валидноста на истото,што и ми беше зборот.
Околу ПМФ,не реков дали чинат или не чинат,целта ми беше да ти кажам дека и сите поголеми универзитети во светот можат да кажат дека не е така па по некоја деценија да испадне обратното.И не ми ги врти постовите така како што тебе ти одговара,нема повеќе да дискутирам околу ова,главната поента ми беше што се плука по секого во државава,па дури и по вакви луѓе кои се трудат да допринесат за нешто во светот и науката,не е штосот во тоа дали е тој во право(ако е во право сите сме во придобивка,ако не е во право никому ништо,не ти побара некој тебе пари за он да докажува со експерименти и проекти)но чим повеќе научници се согласуваат и кажуваат дека ова држи вода значи сигурно има нешто,не го ставајте во иста корпа со калибарот "научници" и "иноватори" како Војо,луѓево се одбивани од пошироката маса уште во старт каде што многу квалитетни идеи се раѓале и можеле да се родат па поради оваа причина не испаднало ништо,замислете меѓусебно ако се поддржувавме и почитувавме колку ќе бевме напред како цивилизација.