За мене вака се одвиваше процесот на учење. Бидејќи немав нет и немав појма за сајтови на гитар про викав еден другар демек да ми покаже. Ама он само ќе мија наштимаше гитарата и го мрзеше да објаснуе.
Ај решив сам ќе лупам без везе, немав од кај да гледам и едина работа што научив е кога гитарата ми е расштимана и да држам ритам( и тоа многу добро)
После некое време налетав на постер од декстер(офспринг) на концерт каде што имаше фатено акорд (G# но тогаш не го знаев тоа) и почнав тој захват(најпростиот) да го го употребувам у секаква можни варијанти и варијации. Устваро тогаш научив да мењам брзо акорди и да капирам некој почетнички работи.
После тоа(ова се дешава у период од некој си 2 месеца) кај друг другар бев на гости кој што знаеше а свири и бас и гитара и прв пат во живот видов таблатури за песни. Му реков дека и јас учам по нешто ама не ги знам тоновите нотите акордите и те работи. Целиот радосен ми покажа како да свирам некој песни и ми даде едно згужвано листе со основните акорди ( am, g-dur, c-dur итн...) и со некој од ...неосновните
Уште во првите 2 дена 80% од тоа згужвано избледено листе знаев да го свирам и ги запамтив нотите.
Прва песна што знаев цела да ја одсвирам од а до ш беше about a girl.
Прва песна што сам ја извадив 100% точна иста како на албумот...значи и во кој штим е и точниот strumming pattern
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
е Welcome To Paradise-Green Day...бев среќен ко мало дете и наредни 2 дена ја свирев безпрестан затоа што беше само мој труд.(малку подоцна сватив дека грин деј уствари сите песни им имаат сличен принцип и се многу прости ама нема везе)
После дојдоа солажите:jaj:
До ден денеска се бавтам со нив затоа што не ги меркам многу.
Знам само прво успешно соло(малце покомплицирано) беше од Silverchair-Do You Feel The Same...за тоа ми требаше и гитар про и обични табови од нет и но во рок од некој 45 минути знаев да го свирам....тогаш веќе сватив дека нешто нешто знам.
Моментот кога укапирав дека знам да свирам гитара е кога се собравме чисто на заебанција да свириме некој песни демек, и испадна да биде џем сесија . Сите си лупавме глупости а јас почнав да импровизирам солажи...ми се нажеи кожата затоа што не знаев дека до толку ме бивало....со насевка од 8 до 8 отидов дома и не спиев сонувајаќи како утре пак ќе свирам.
пиес: у меѓувреме на целиот овој процес научив и да штимам.