Breaking Bad

  • Креатор на темата Креатор на темата Psyside
  • Време на започнување Време на започнување
Една од моите омилени серии. :love:
Летоска, цела ја изгледав за само неколку дена. Неверојатно колку се се' подобри епизодите, пресвртите, музиката... Секоја чест на сите од екипата :cuc:
 
Една од моите омилени серии. :love:
Летоска, цела ја изгледав за само неколку дена. Неверојатно колку се се' подобри епизодите, пресвртите, музиката... Секоја чест на сите од екипата :cuc:
Некое машко те натера да ја гледаш серијава?
 
treba da prekinam da ja otvaram temava..od tolku hype za bb...pocnav da ja odsakuvam.....
 
Стигнав до шеста епизода од 5 сезона. Една од најдобрите епизоди до сега од целата серија. Конечно ми се потврди она што го мислев уште од крајот на 2 сезона.Во сцената кога Волтер му кажува на Џеси за „Греј Метер“.

Кај Волт мотивот за бизнисот во кој е одамна престана да биде да го заштити и обезбеди семејството, (кое и го нема веќе реално). Се е всушност за испуштената прилика од младоста да биде некој и нешто, да биде милјаредер со огромна компанија. Неговата сегашна трансформација покажува дека токму овој е вистинскиот Волтер Вајт, брилијантен ум, генијалец, кои од емотивни причини го изгубил сето тоа, за да стане подпросечен обичен наставник по хемија во средно. Мислам дека нема да дозволи заради емоциите по вторпат да му се случи истото.

Фаците што ги правеше Џеси кога вечераше со Волт и Скалјер, се изнасмеав на таа сцена.(y)

Ајде утре уште две.
 
само што ја изгледав цела серија за 10тина дена... на почетокот мора да признаам дека ми беше досадна серијава. ништо посебно не се дешаваше све се вртеше околу 5 6 лика и тоа беше тоа... секоја наредна епизода е поинтересна и поинтересна. заплетот и расплетот на некои работи беа феноменални мора да признаам. на кратко кажано серијава е дефинитивно одлична.
 
Хајзенберг некад е бил Корчагинец. Да видиш, да не веруваш:)
Canoga Park High School - Class of '74 :)

656.jpg
 
Тоа е тоа, значи сега треба да чекам до другото лето а?

На толку пофалби деновиве за серијата од моја страна морам сега конечно и критика.

Последната епизода е многу слаба епизода. Некако е пребрза и нелогична.

Прво, како Волт успеа за само три месеци да направи таква мрежа на дистрибуција, да продава дури и во странство, само со помош на Лидија која работи во фирма која беше под лупата на ДЕА, готвејќи само со Тод кое е почетник. И сето тоа го прикажаа во 20 минути, а претходната година се влечеше дејствието во четири сезони. ОК, знам дека АМЦ го заебаа Гилиган и му скинаа 10 епизоди, па ја направија оваа глупост со поделена и продолжена петта сезона наместо да има нормална 5-та и 6-та. И затоа приказната мора малце да се убрза.

И второ, како генијалниот Хајзенберг, кои секогаш има се смислено и израчунато, ја остава книгата потпишана од Дејл, дома во ВЦ, особено знаејќи дека банџанакот му работи во ДЕА и доаѓа кај него дома. Нема логика освен ако тоа не е направено намерно од него. Се на се, сепак е полусезона, така да многу од овие работи сигурно ќе се разјаснуваат во последните 8 епизоди, но не би сакал само заради брзање да се заокружи приказната да се уништи ваква брилијантна серија.
 
Тоа е тоа, значи сега треба да чекам до другото лето а?

На толку пофалби деновиве за серијата од моја страна морам сега конечно и критика.

Последната епизода е многу слаба епизода. Некако е пребрза и нелогична.

Прво, како Волт успеа за само три месеци да направи таква мрежа на дистрибуција, да продава дури и во странство, само со помош на Лидија која работи во фирма која беше под лупата на ДЕА, готвејќи само со Тод кое е почетник. И сето тоа го прикажаа во 20 минути, а претходната година се влечеше дејствието во четири сезони. ОК, знам дека АМЦ го заебаа Гилиган и му скинаа 10 епизоди, па ја направија оваа глупост со поделена и продолжена петта сезона наместо да има нормална 5-та и 6-та. И затоа приказната мора малце да се убрза.

И второ, како генијалниот Хајзенберг, кои секогаш има се смислено и израчунато, ја остава книгата потпишана од Дејл, дома во ВЦ, особено знаејќи дека банџанакот му работи во ДЕА и доаѓа кај него дома. Нема логика освен ако тоа не е направено намерно од него. Се на се, сепак е полусезона, така да многу од овие работи сигурно ќе се разјаснуваат во последните 8 епизоди, но не би сакал само заради брзање да се заокружи приказната да се уништи ваква брилијантна серија
.
еј, ало, спојлер тагови.
 
Многу пофалби ласкања и се остало и од мене за серијава, ја гледам по препорака на кој ако не друг - кајгана форум;) Моментално сум при крај со 4 сезона. Најголем впечаток ми остави 2 сезона која ја изгледав буквално во 1 здив.
Него Скајлер ејјј, кај што може Скајлер не може ѓаволот, точка. Друго, дали само јас се смеев на сцената Волтер и Џеси кога се тепаа, јаоо замалев :sneaky:
Енивеј, сите ми се океј ликови и добро ми глумат, Мајк ми е онака со тоа фацата незаменлив коа превртуе очи, као изживеан, као уатевер стање, баш е фацка.
Гус Гус за него веќе немам зборови, алал да му е, мислам каков карактер е, смирен и секогаш во контрола на сопствените емоции. И така, одам јас да ја догледам вечер 4та. Yo :icon_lol:
 
Многу пофалби ласкања и се остало и од мене за серијава, ја гледам по препорака на кој ако не друг - кајгана форум;)
Не знам за другите кајганаџии, ама јас ова ќе го сметам дека сум убедил женско да гледа ББ. Колективна работа, ама јебига...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom